Author: Соња Крамарска

Мемоарите на принцот Хари, предмет на опсесивно исчекување ширум светот откако првпат беа најавени минатата година, излегуваат на 10 јануари. Книгата ќе се вика „Резервен“ и издавачот Penguin Random House, ја опиша како „сурова, непоколеблива искреност“ и исполнета со „увид, откровение, самоиспитување и тешко стекната мудрост за вечната моќ на љубов над тагата“. Во соопштението објавено денес, Penguin Random House ги врати сеќавањата на смртта во 1997 година на мајката на принцот Хари, Дијана, и на Хари и неговиот брат Вилијам, „одејќи зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледаше со тага – и ужас“. „Додека Дијана, принцезата од Велс,…

Read More

Според последните анализи кој ги подготвивме со помош на најпрецизните нумерички модели, големо заладување и нешто повеќе врнежи не се очекува ниту во ноември месец. Така е барем според сегашните анализи, а промени во прогнозата секако дека се можни, вели за НоваТВ метеорологот Славчо Попоски. „Месец ноември ќе помине во знакот на натпросечно и сушно време. Не се очекуваат некои многу интензивни врнежи кои би довеле до крај на сушата која е настаната во Македонија. Температурите ќе бидат натпросечно високи, што значи дека ќе бидеме под влијание на јужно и релативно топло воздушно струење“, посочува тој. „Секако и покрај ова очекуваме повремени разладувања на времето, но…

Read More

Пратениците од СДСМ на денешната седница за пратенички прашања им поделија печатени примероци од Договорот со ЕУ за Фронтекс, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, потпишан на македонски јазик,  и побараа да им се извинат на граѓаните и пратениците. „Јас мислев дека се јавивте за повикот да им се извините и на граѓаните и на пратениците за сите лаги кои ги пласиравте, посебно за преговарачката рамка. Еве ги заклучоците кои ги гласаше ова Собрание, односно парламентарно мнозинство на СДСМ а од кои ВМРО-ДПМНЕ избега, свиреше и урлаше. Во овие заклучоци е и овој Договор за Фронтекс, потпишан од Владата на…

Read More

Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има. Тој во исто време истакна дека во дефинирањето на финална цена на одреден производ има многу фактори, а еден од нив е електричната енергија. „Во делот на тој импут, цената што моментално ја имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи. Мислам дека струјата нема да биде поскапа. Имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска е во работна посета на Грција и ќе оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Планирано е Мицотакис и Шолц утрово да го посетат Акропол, по што ќе следи тет-а-тет средба во премиерската палата. Според заменик- портпаролот на германската Влада Волфганг Бихнер, Мицотакис и Шолц ќе разменат мислења за актуелните економски и европски теми. Германскиот канцелар пристигна синоќа во Атина, директно од Париз каде што се сретна со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Read More

Европската Унија вети 500 милиони евра за подобрување на енергетската инфраструктура во Западен Балкан, рече вчера шефицата на Европската Комисија  Урсула фон дер Лајен во Северна Македонија на првата станица од турнејата низ регионот. Објавата доаѓа откако зголемените цени на енергијата предизвикани од руската војна во Украина и почетокот на зимата предизвикаа шокови низ европските економии кои веќе се борат со зголемената инфлација. Според Фон дер Лајен, помошта започнува со 80 милиони евра непосредна буџетска поддршка за Северна Македонија за „да помогне во справувањето со влијанието на високите цени на енергијата“. „Но, секако дека ќе дојде повеќе. На пример, има…

Read More

Претседателката на Европската комисија  Урсула фон дер Лајен твитна на македонски јазик за потпишувањето на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс, по што следуваа бројни позитивни, но и негативни коментари.  „Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен. Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција. Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик. На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ“, порача претседателката на Европската комисија. Негативните реакции доаѓаат од твитерџии и ботовите од Грција и Бугарија, земји- соседи кои ја попречуваат Македонија на европскиот…

Read More

Брзите набавки на течен природен гас во светот и топлото време доведоа до неочекуван резултат – Европа има премногу гас. Но, кризата е далеку од завршена. Оваа зима многу ќе зависи од временските услови, покажува анализата на агенцијата Блумберг. Гладна за увоз од Русија, на која долго време се потпираше, Европа побрза да купи течен природен гас од целиот свет за да ги наполни своите складишта. Денешното време е несоодветно топло, а барањата за гас се исполнети во најголем дел, така што складиштето во регионот е речиси полно пред почетокот на грејната сезона. Цените на бензините исто така драстично паднаа…

Read More

Јавното обвинителство попладнево до медиумите го достави текстот на работниот договор со европскат главна обвинителка Лаура Ковеши во кој на 12 страници детално е разработена соработката меѓу двете институции. Меѓу другото, се наведува дека договорот има за цел да обезбеди ефикасна истрага и кривично гонење, заштита на финансиските интереси на Европската Унија и на Република Северна Македонија со истражни и обвинителски средства. Понатаму, предвидена е и меѓусебна соработка  и „без непотребно одложување да се изведат пред лицето на правдата сите осомничени или обвинети дека извршиле кривични дела против буџетот на ЕУ“. Правосудна соработка и размена на информации, прибирање докази, екстрадиција…

Read More

Во дел од училиштата во Скопје, кои денеска добија дојави за поставени бомби проверката е завршена и е утврдено дека станува збор за лажни дојави, а во дел од нив проверките се уште траат, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Пет училишта денеска околу 12 часот пријавиле до СВР – Скопје дека на меил адреси добиле закани за поставени бомби. Станува збор за гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Полицијата испрати тимови, а учениците и вработените беа евакуирани од објектите, каде се вршат проверки. Подоцна, како што информираа од…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ја отвори регионалната конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“, која ја организира Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Фондацијата  „Конрад Аденауер“. Петровска притоа истакна дека НАТО е согласно дека поддршката за Украина ќе продолжи зашто оваа земја се брани и се бори да го зачува меѓународното право засновано на правила. И Северна Македонија на дело покажа дека е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, не за војната да се оддолжи, туку за независна и суверена Украина да може да…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информира дека комисијата која оценува дали е прифатливата понудата од Грција за изградба на хидроцентралата Чебрен, најверојанто ќе донесе конечна одлука кон средината на ноември. Нуредини ова го изјави од Тетовско каде се во тек изведбените работи од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион. „Сè уште немам извештај од комисијата која има членови од разни институции од државата, тоа ќе биде во средина на ноември. Ако има потреба ќе се пролонгира и рокот, ако биде потребно очекувам дека до крај на година ќе имаме извештај од комисијата…

Read More