Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ им подели примероци од Договорот за Фронтекс на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

0
By Соња Крамарска on October 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 27, 2022 12:25
Пратениците од СДСМ на денешната седница за пратенички прашања им поделија печатени примероци од Договорот со ЕУ за Фронтекс, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, потпишан на македонски јазик,  и побараа да им се извинат на граѓаните и пратениците.
„Јас мислев дека се јавивте за повикот да им се извините и на граѓаните и на пратениците за сите лаги кои ги пласиравте, посебно за преговарачката рамка. Еве ги заклучоците кои ги гласаше ова Собрание, односно парламентарно мнозинство на СДСМ а од кои ВМРО-ДПМНЕ избега, свиреше и урлаше. Во овие заклучоци е и овој Договор за Фронтекс, потпишан од Владата на чист македонски јазик, без додавки, без придавки, без фусности, на официјален македонски јазик“, им рекол шефот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески на колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
„Бидејќи вистината е најсилниот лек против лагата, денеска на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе им поделиме по еден примерок од договорот со Фронтекс на чист македонски јазик, без додавки и придавки. Рамноправен македонски јазик со сите 24 јазици на ЕУ. Нека прочитаат и нека видат, како гордо звучи македонски јазик во ЕУ. Да видат дека со лаги и манипулации не се води политика. Да видат дека не се дел од државничката одлука и дека треба да се засрамат и да се извинат на граѓаните. Конечно да се приклучат на европскиот пат. Станавме дел од НАТО како Македонци со македонски јазик, како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ, рече  координаторот на пратеничката група на СДСМ“, рече претходно  Митрески.
договор за Фронтекс јован митрески пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.