Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Доколку државите ги исполнат своите тековни обврски за справување со климатските промени, глобалните емисии штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат за 10,6 насто во однос нивото од 2010 година, се посочува во извештај на Обединетите Нации. Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН наведува дека емисиите „стакленични“ гасови односно оние што предизвикуваат т.н. „ефект на стаклена градина“ до 2030 година треба да бидат намалени за 43 проценти, за глобалното затоплување да биде ограничено на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури. Пред почетокот на Климатскиот самит „COP27“ закажан за 6 ноември во Шарм Ел-Шеик, експертите ја нагласуваат итната потреба…
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Давид Оберхубер. На средбата беше разговарано за досегашната соработка со нашиот стратешки економски и политички партнер Германија, преку активноста на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и се разгледаа можностите за соработка во релевантните области на европската интеграција како и за други области од интерес на македонските институции. Маричиќ на состанокот ги потенцираше конкретните придобивки што ги имаме од соработката со ГИЗ, додавајќи дека нивното разновидно знаење и стручност се исклучително важни, а нивните пренесените искуства…
Целосната инвазија на руската федерација во Украина доведе до привремена окупација на речиси 20 отсто од територијата на Украина и непоправлива загуба меѓу цивилното население и воениот персонал и до хуманитарна криза од големи размери за целиот свет, сумираше денес украинската амбасадорка Лариса Дир на конференцијата посветена на војната во Украина, која се одржа во Скопје. Зборувајќи за последиците таа посочи за тортура и убиства на украинско цивилно население и воен персонал на вооружените сили, киднапирање на украински деца и нивно насилно пренесување во Руската федерација. „Русија извршува ракетни и беспилотни напади за да убива цивили и да ја уништи…
Дојава за бомба денеска стигнала преку е-пошта во пет средни училишта во Скопје. Порталот САКАМДАКАЖАМ.МК јави дека засега учениците од училиштето „Орце Николов“ се евакуирани, односно кажано им е само да ги напуштат училниците бидејќи во училиштето ќе се врши чистење и дезинфекција. Околу училиштето има полиција и не е дозволен пристап внатре. Директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдил дека на службената е-пошта добиле порака за поставена бомба во училиштето. Во е-поштата стои дека истата порака е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Од Министерството за внатрешни работи велат…
Премиерот Димитар Ковачевски на негова иницијатива денеска одржа координативен онлајн состанок со лидерите на Отворен Балкан, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама, во пресрет на одржувањето на Самитот за Берлински процес кој се одржува на почетокот на ноември во Берлин. На координативниот состанок присуствуваа вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. На состанокот лидерите истакнаа дека Отворен Балкан e препознаен како позитивна регионална иницијатива која веќе дава конкретни резултати за компаниите и за граѓаните кога се во прашање европските слободи за…
На 28 октомври (петок), Драмски театар Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот, радио и тв водител, и музичар, Марин Бабиќ. Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години. Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век. Комеморацијата ќе започне во 12:00 часот, соопштија од театарот.
„Ние испорачуваме реформи и продолжуваме уште повеќе посветени на нашиот европски пат. Знаеме што правиме и со која цел – за сигурен и добар живот на сите наши граѓани. Сега гледаме дека и ЕУ испорачува. ЕУ ни помага во енергетската криза и во реформите, во клучен момент“, порача вицепремиерот преку социјалната мрежа Фејсбук.
„Се трудам лично да посетувам даночни обврзници, изворно од нив да слушнам со кои проблеми се соочуваат. Токму од ваквите посети, некои од забелешките кои кои биле спроведливи, веќе се имплементирани. Сметам дека од заеднички интерес е да се градат партнерски односи со даночните обврзници“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“. Таа додаде дека преку транспарентен пристап се унапредува процесот на меѓусебна комуникација како и дека се подига даночната свест и морал. „Би рекла дека согласно податоците од наплатата на приходите, досега компаниите редовно си ги сервисираат даночните обврски. Оваа година наплатата по сите видови…
Српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека Србија ќе продолжи активно да работи на иницијативата „Отворен Балкан“ и се надева дека и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат. „Иницијативата е отворена и за Приштина, бидејќи ќе обезбеди дијалог за најважните прашања, теми за квалитетот на животот на сите луѓе од овие области, а со самото тоа и за безбедноста на Србите (на Косово)“, рече Брнабиќ. „Продолживме да градиме најдобри можни односи со партнерите од САД, чија отворена поддршка за иницијативата Отворен Балкан многу ја цениме и со кои градиме се поуспешна економска соработка“, заклучи премиерката.
На денешниот панел „Отворен Балкан – предности и недостатоци за Црна Гора“, што се одржа во Подгорица, потпретседателот на црногорската влада и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Владимир Јоковиќ подвлече дека „Отворен Балкан“ во кој засега членуваат три држави, не се занимава со политички прашања. „Ова е чисто за економски прашања и за тоа да има полесен проток на луѓе, стоки и капитал, а во сите документи што се потпишани се нагласува потребата за побрз влез на земјите од регионот во ЕУ“, рече Јоковиќ. Според него, сите што велат дека „Отворен Балкан“ е контрапродуктивен на патот на која било…
Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето. Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане долгогодишниот систем за промена на времето. Иницијативата да не се менува летната часовната зона, односно да не се вратат стрелките на часовникот, потекна пред две недели на седница на Владата, а веќе утредента премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој преферира да остане летното сметање на времето. Неколку дена подоцна министерот за економија…
Риши Сунак денес стана третиот британски премиер годинава, со задача да ја заузда економската криза што ги остави финансиите на земјата во несигурна состојба и милиони луѓе се борат да ги платат сметките за храна и енергија. Сунак денес се сретна со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата, каде што монархот како што е традиција, официјално побара од новиот лидер на владејачката Конзервативна партија да формира влада. Лидерската позиција во партијата, Сунак ја зазеде вчера (понеделник) по краткиот, катастрофален мандат на Лиз Трас. Нејзиниот пакет нефинансирани даночни намалувања ги заплаши финансиските пазари со изгледите за раст на долгот, ја доведе…