На 28 октомври (петок), Драмски театар Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот, радио и тв водител, и музичар, Марин Бабиќ.

Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години. Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век.

Комеморацијата ќе започне во 12:00 часот, соопштија од театарот.