Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, на седницата во Собранието го претстави предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. На почетокот Ковачевски посочи на клучните определби и принципи на работата на Владата. „Креирам тим во којшто сите, без исклучок, без разлика од која партија или етничка припадност доаѓа, мора да работат, сработуваат, решаваат проблеми и целосно да ги почитуваат Уставот и законите“, рече тој и ја нагласи својата увереност дека владиниот тим ќе биде посилен и зајакнат со предложениот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов. „Предлагам, вистински човек, за вистинско место, во вистинско време. Г-динот Ристо Пенов…
„Ви благодарам на сите. Ви благодариме што ги поддржувате Украина и Крим. Нашите заеднички вредности не обединија на последниот самит. Тоа недостасуваше во 2014 година, кога Русија ја започна својата луда агресија. И по речиси осум години, сите земји ги чувствуваат последиците на таа агресија. Сите тие страдаат, светот губи. Причина за сето ова е окупацијата на Крим во 2014 година“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето преку видео врска на Кримскиот самит во Загреб. Според Зеленски, Русија може да предизвика глад во светот. Тој истакна дека Крим е стратешка тврдина, а светот стана место на уцена. „Русија сега…
„Новата инвестиција за која денеска сме овде ќе биде вредна 30 милиони евра, a новиот производствен капацитет ќе биде пополнет со уште најмалку 100 нови работни места. Ова е можност за младите, бидејќи компаниите со европски и светски стандарди отвораат работни позиции и за висококвалификувани кадри”, рече премиерот Димитар Ковачевски по повод новата заедничка инвестиција YFA Аутомотив помеѓу двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив во ТИРЗ Скопје 1. Ковачевски истакна дека креирањето добри економски политики и услови за компаниите значи директно вложување и во квалитетот на животот на работниците. „Кога направивме обиколка на погоните видов многу енергија и ентузијазам кај…
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека за уставните измени политичките партии треба да седнат на маса и да разговараат за да може да се дојде до прифатливо решение. Веќе сите политички партии, според Ковачевски, имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури, како што рече, и оние кои биле изрично против. „Добро е дека се разговара за уставните измени, гледате дека се отвори диксусија, сметам дека тоа треба да биде процес кој се одвивал како и до сега, низ процедура која е пропишана согласно со нашите закони. Штом ќе биде отворена таква процедура, кога ќе се види дека има волја, практично…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со владина делегација утре доцна попладне ќе ја пречекаат делегацијата на ЕУ предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен. Пристигнувањето на европските функционери е најавено за 17:50 часот. Владината делегација за пречекот на Фон дер Лејен е предводена од Ковачевски а во нејзин состав се заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
WhatsApp се соочува со дефект бидејќи голем број корисници пријавуваат проблеми со испраќање и примање текстови на апликацијата. Downdetector, веб-локација која ги следи прекините на интернет низ целиот свет, покажа нагло зголемување на бројот на корисници кои пријавиле прекин на WhatsApp. Downdetector известува за околу 30.000 поплаки на интернет. Корисниците се жалат дека нивните пораки не се испорачуваат. Дури и кога пораките се испорачуваат, апликацијата не успева да го даде статусот на испорака. Мапата на Downdetector покажа дека проблемот почнал најпрвин во Индија во Делхи, Мумбаи, Калкута, Ченаи, Бенгалуру и Лакнау. Компанијата Мета која е сопственик на WhatsApp одговори на…
Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Стапија на сила измените на Законот за градење како дел од владините мерки за поддршка во енергетската криза. На овој начин се поедноставува процедурата за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до шест киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите. Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение или решение за градење од локалната самоуправа. Инвеститорите треба само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи. За правни…
Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ До крајот на годината се очекува да биде усвоен Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан (Western Balkans Democracy and Prosperity Act), кој како предлог на група американски сенатори во која има петмина од Демократската и двајца од Републиканската партија беше пуштен во постапка во институциите во Вашингтон на 2 август 2022. Ако се има предвид временската рамка во која започна и се спроведува двопартиската иницијатива за овој акт на ниво на закон, не може да се избегне заклучокот за неподелен консензус во Вашингтон дека САД треба да го вратат фокусот на Западен Балкан како една од ризичните…
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска учествување на панел дискусијата во рамки на Европскиот самит во Салзбург, на тема „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“, на кој рече дека само обединета, одлучна, со јасен план и стратегија ЕУ ќе успее да ги надмине предизвиците со кои се соочува во моментот. „Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе нè водат напред. Само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици“, рече Маричиќ. На панелот се…
Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер откако противкандидатката Пени Мордон најави дека се повлекува и му даде поддршка на противкандидатот Сунак. „Нашата партија е нашето членство. Без разлика дали сме избрани претставници, активисти, собирачи на средства или поддржувачи. Сите ние имаме удел во тоа кој е нашиот лидер. Ова се времиња без преседан. Јасно е дека колегите чувствуваат дека ни е потребна сигурност денес. Тие ја донесоа оваа одлука со добра волја за доброто на земјата. Членовите треба да знаат дека овој предлог е праведно и темелно тестиран. Како резултат на тоа, сега го избравме нашиот следен премиер. Оваа…
Романскиот министер за одбрана Василе Динчу ја објави својата оставка, неколку недели откако рече дека единствената шанса на Украина да ја заврши војната е да преговара со Русија. Динчу во изјавата рече: „Мојата оставка доаѓа затоа што е невозможно да се соработува со романскиот претседател, врховен командант на армијата. Мислам дека моето повлекување од функцијата е неопходно за да не им наштети на одлуките и програмите кои бараат функционални командни синџири и да не се блокираат низа проекти кои се апсолутно неопходни за министерството и армијата“. Динку беше подложен на жестоки критики затоа што сугерираше дека на Украина ѝ се потребни…
Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска во Луксембург потпиша договор за соработка со европската главна обвинителка Лаура Ковеши. Како што соопштија од Обвинителството, Договорот има за цел да ја олесни меѓусебната соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства за да се обезбеди ефикасна истрага и гонење на сторителите на кривични дела, особено кога станува збор за злоупотреби на финансиски средства од европските фондови. Со договорот е предвидено Јавното обвинителство на Македонија и Европското јавно обвинителство да ги разменуваат сите стратешки информации во нивна надлежност. Европското јавно обвинителство воспоставува и своја контакт точка во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. „Во…