Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за Ристо Пенов: Вистински човек, за вистинско место, во вистинско време

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 25, 2022 14:42

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, на седницата во Собранието го претстави предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. На почетокот Ковачевски посочи на клучните определби и принципи на работата на Владата.

„Креирам тим во којшто сите, без исклучок, без разлика од која партија или етничка припадност доаѓа, мора да работат, сработуваат, решаваат проблеми и целосно да ги почитуваат Уставот и законите“, рече тој и ја нагласи својата увереност дека владиниот тим ќе биде посилен и зајакнат со предложениот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов.

„Предлагам, вистински човек, за вистинско место, во вистинско време. Г-динот Ристо Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех. Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интегрира, сработува и има визија, желба и знаење за подобри решенија за сите граѓани. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите, инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, новите плоштади, поддршката на локалните бизниси, поддршката на културата. За неговиот поранешен успех говорат спортските сали, паркови, велосипедски патеки и рекреативни содржини“, изјави Ковачевски.

„Очекувам и барам тој да внесе дополнително знаење, искуство, посветеност, човечки и морално-етички вредности, да внесе поддршка на тимот и во својот, но и во другите ресори. И од него, како и од другите барам целосна посветеност, перманентна работа, искрен однос кон сите и чесен пристап кон граѓаните и државата. Јас во него верувам и затоа и денес ја барам вашата поддршка“, рече тој пред пратениците во Парламентот.

 

Димитар Ковачевски Ристо Пенов седница на Парламентот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.