Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Салзбург: На ЕУ ѝ се потребни јасен план и стратегија за проширување

0
By Соња Крамарска on October 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 24, 2022 16:03

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска учествување на панел дискусијата во рамки на Европскиот самит во Салзбург, на тема „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“, на кој рече дека само обединета, одлучна, со јасен план и стратегија ЕУ ќе успее да ги надмине предизвиците со кои се соочува во моментот.

„Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе нè водат напред. Само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици“, рече Маричиќ.

На панелот се отвори дебата за кредибилитетот на ЕУ и влијанието во земјите на Западен Балкан, особено последните години, како последица од пасивноста на политиката на проширување, на која Маричиќ одговори дека довербата на граѓаните во ЕУ е најважна и мора да се работи да ја вратиме, потенцирајќи дека анкетите говорат за пад на поддршката за членство на Северна Македонија во ЕУ и дека постои неверување дека ќе станеме членка во кој било момент.

Канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, рече дека е за голема почит и поздравување чекорот што го направи Северна Македонија и што ги започна преговорите со Унијата.

„Ние сме мостот со Западен Балкан и треба уште поинтензивно да се посветиме на него. Напредок мора да има во земјите од регионот. Ќе биде долготраен процес, но мора да им докажеме дека сме заинтересирани за нив“, рече Нехамер.

Маричиќ на панелот говореше и за важноста од членството во НАТО, која се потврдува во овие денови на војна во Европа и кога земји како Финска и Шведска чекаат да станат дел од најголемиот воен сојуз.

„Направивме голема жртва за членство во НАТО и ги потврдивме нашата искрена намера и решителност во исполнувањето на стратешките цели на државата. Покажавме во овие моменти дека сме и доверлив партнер на ЕУ со 100 отсто усогласеност со надворешната политика на ЕУ. Сега очекуваме и ЕУ да биде прва во поддршката и помошта со справувањето со кризите“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека единствена опција за нашата земја е ЕУ која сè уште е најдобриот мировен, политички и економски проект за целиот континент.

„Немаме подобра опција. Сè уште е мировен проект, инаку не би го поставувале денеска прашање дали Украина треба да биде дел од Европската унија. Западен Балкан, исто така, беше турбулентен регион. Но со влегувањето во ЕУ, ќе биде запечатена темата за нашиот просперитет, безбедност и стабилност“, додаде Маричиќ.

Европскиот самит се одржува по 18-ти пат оваа година, од 23-ти до 25-ти октомври 2022 година, а годинава темата е Европа и мир: „Визии за Европа: Очекувања и реалност“.

Бојан Маричиќ Салзбург Салцбург
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.