Author: Соња Крамарска

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 11 лица за злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела прикривање, оштетување или уништување предмети под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, изнесување во странство на предмети под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и незаконско изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за злосторничко здружување, се товарат и за оштетување или уништување добра под привремена…

Read More

Косово и Србија имаат договор за нормализација на односите што мора да го спроведат, изјави косовскиот премиер Албин Курти на конференцијата „Европска Хрватска: ретроспектива и перспектива“ денес во Дубровник. Во последните немири во Косово на крајот на мај беа повредени десетици мировници на НАТО и српски демонстранти од северот на Косово. Немирите се случија откако косовските власти поставија градоначалници етнички Албанци во општинските канцеларии. Градоначалниците беа избрани врз основа на излезност од само 3,5 отсто, откако мнозинството Срби во тој регион ги бојкотираа локалните избори. Денес Курти истакна дека Косово „мора да се справи со насилните екстремисти, ултра-националистите, десничарите кои…

Read More

Во врска со ценовникот за давање здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија, кои се неосигурени и плаќаат приватно. „Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на Македонија, туку изедначувањето е со приватните пациенти, кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување“, велат од Министерството за здравство. Оттука, како што додаваат, за овие промени не се потребни никакви промени во законот бидејќи некои од…

Read More

На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница. Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19.532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196,9  денари за хигиена, 3.720,1 за превоз, 2.315,759 за облека и обувки, 1.067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047,52 денари. „Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024,89 денари“, прецизираат…

Read More

Во Берлингтон, Вермонт, во присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, свечено се одбележа 30-годишнината од партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт. „Гледајќи наназад, во изминатите три децении, се потсетуваме на безброј поединци кои се посветија на оваа соработка со својата стручност и експертиза. Се восхитувам на визионерите, одлучноста и силната верба во ова партнерство, кое станува уште посилно. Пред неколку децении се боревме со внатрешни кризи. Денеска сме земја членка…

Read More

Санирањето на штетите од невремето што вчера го зафати Делчево продолжи и денеска. Утринава се испумпува водата од подрумите на жителите кои се поплавија по силното невреме со пороен дожд, грмежи и град. Поплавени беа голем број куќи, а на санирање на штетите уште доцна синоќа, освен пожарникарите од Делчево, работеа и пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и Македонска Каменица, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот на Делчево и помогнаа во справување со последиците од невремето. Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски синоќа рече дека се работи за голема елементарна непогода и дека ништо не можело да ги спречи последиците…

Read More

Судијата Ханиф Зендели е избран за нов потпретседател на Судски совет. Изборот е направен на предлог на членот на Советот, Ивица Николовски. „За заменик претседател, го предлагам Ханиф Зендели. Колегата е долгогодишен судија, помина Основен суд, подолг период беше и апелациски судија. Исто така, судијата беше претседател на суд. Овие негови придобивки ми даваат надеж дека располага со знаења и доволно искуство во менаџирањето како претседател, во комуникациите суд-Судски совет. Како член на Судски совет е подолг период тука, при што имаше можност да го збогати своето искуство во решавањето на потребите, проблемите поврзани со судството. Во овој момент, двајца…

Read More

САД распишаа потерница од пет милиони долари за каква и да било информација што ќе води кон апсење на Максимилијан Ривкин, шведски меѓународен криминалец со српско потекло, соопштија синоќа од Стејт департментот. САД го обвинуваат Ривкин (39), кој се води под псевдонимите „Maximilan”, „Teamsters“, „Malmö”, „Microsoft” и „Max“ кој е администратор и инфлуенсер на шифрирана комуникациска платформа употребувана од криминалците низ целиот свет, за учество во разни злосторнички дела од декември 2020 до пролетта 2021 година. „Неговите комуникации на платформата го вовлекуваат во неколку злосторнички активности вклучувајќи наводно учество во трговија со дрога, перење пари, заговори за убиство и други…

Read More

Неколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси, во југоисточна Франција, јавија локалните медиуми. Нападот се случил утрово околу 9:45 часот, а во него вкупно осум лица се избодени со нож, додека три се во критична состојба. На местото на настанот пристигнала вооружена полиција која брзо го совладала напаѓачот, пред да го уапси и пренесе во болница. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер напиша: „Неколку лица, меѓу кои и деца, беа повредени од лице вооружено со нож. Напаѓачот е уапсен благодарение на многу брзата интервенција на полицијата“. Регионалниот заменик префект,…

Read More

САД засега не поседуваат доволно целосни информации за причината за уривањето на браната на хидроцентралата Нова Каховка во јужна Украина, изјави синоќа на брифинг за новинарите Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот. „Ќе дадеме целосни информации кога тоа ќе биде возможно“, рече Пател. Според него, неспорен факт е дека 16.000 жители од подрачјето што гравитира кон Нова Каховка и реката Днепар се соочени со резултатите од катастрофата и се во опасност да станат жртви на поплави, додека уште 20.000 жители имаат потреба од преселување. „Уривањето на браната и последиците од поплавите создаваат сериозни ризици за безбедност и на нукларната…

Read More

Папата Франциск мина мирна ноќ во болница по операцијата, соопшти денеска Ватикан. На папата вчера му беше извршена тричасовна операција во болницата Гемини во Рим за да му ја санира килата на абдоменот, за која лекарите рекоа дека била успешна, по која, откако ќе закрепне, тој не би требало да има проблеми да патува и да врши други активности, пренесоа британските медиуми. Претходно беше соопштено дека папата ќе остане во болница неколку дена за заздравување. Папата, кој во март одбележа десет години од својот понтификат како поглавар на Римокатоличката црква, често користи инвалидска количка или бастун за одење поради болки…

Read More

Судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски денес ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет, а се очекува на седницата да се избере и заменик на Селим Адеми. Герасимовски е апелациски судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка. Тие пред два дена поднесоа оставки од членство во Судскиот совет. Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница, откако поранешната претседателка Весна Дамева, на 26 април, беше разрешена од функцијата. На седницата на Судскиот совет дојде до расправија кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред.…

Read More