Author: Соња Крамарска

Петмина државјани на Северна Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот со кој се превезувале, се превртел и излетал од патот. За извлекување на возачот била потребна интервенција од пожарникари. Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека со помош на спасувачко средство и тројца пожарникари и едно возило бил извлечен возачот на автомобилот и предаден на…

Read More

Шансите Риши Сунак да стане следниот премиер на Велика Британија, се зголемија откако Борис Џонсон се повлече од трката, велејќи дека иако има доволно поддршка сепак дава предимство на единството во партијата. Џонсон долета од одморот на Карибите за да се обиде да обезбеди поддршка од 100 пратеници за да учествува во денешната трка за замена на Лиз Трус која го наследи во септември, откако беше принуден да даде оставка поради низа скандали. Тој рече дека ја обезбедил поддршката од 102 пратеници и можел да се врати „на Даунинг стрит“, но дека не успеал да ги убеди ниту Сунак, ниту…

Read More

Пишува: Соња Крамарска Точно по година и четири и пол месеци откако ја даде изјавата дека никој не може да ја смени, поранешната главна обвинителка за гонење криминал и коруцпија Вилма Русковска завчера застана на скалите на обвинителството каде често со одушевувачка цврстина и отсечност даваше изјави за обвинети криминалци, овојпат во спротивна улога – да даде изјава во својство на граѓанин повикан да се изјасни по кривична пријава. Но тоа не ја спречи доследно на нејзината ладнокрвност да изјави дека се кандидирала на тековниот конкурс за пополнување на местото од кое беше присилно отстранета. Или ајде да не…

Read More

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 %  во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %). Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст…

Read More

Пишува: Љубиша Николовски Ако сакаме да ги дефинираме бугарските односи со соседите на Балканот, тие во овој момент се на ниво на „Васко жабата“. Речиси да нема човек што не си го потпевнува или не му се врти во главата рефренот на оваа песна додека работи, додека спие, оди по нужда и сл. Но, не од што е убава, туку од што е глупава. Таа е толку едноставна и здодевна што станува заразна и ти се пика во мозокот како црв. И само врти. Таква е и бугарската политика првенствено кон Македонија, здодевна, но и иритантна кога се во…

Read More

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 16, „Оданочување“, рече дека Владата и институциите работат на забрзување на реформите и подготовка на нашиот даночен систем за влез во системот на ЕУ, во областа на оданочувањето. „Решени сме да ги забрзаме реформите во областа на даноците, со цел целосно усогласување со европските регулативи и стандарди и подготовка на македонското општество за полноправно членство во ЕУ“, рече тој истакнувајќи дека имаме напредок во намалувањето на административниот товар за даночните обврзници и постапката за поврат на ДДВ, но дека треба да се работи на…

Read More

По повеќе неуспешни обиди во изминатите три дена, бугарските пратеници денеска го избраа Вежди Рашидов за претседател на 48. Народно собрание на Бугарија. Рашидов бил номиниран од четири партии за време на претседателскиот совет, а на гласањето во парламетот собрал 139 гласа „за“ и 73 гласаа „против“ неговата кандидатура за собраниски спикер. Неговата кандидатура беше поддржана од ГЕРБ, БСП, ДПС и „Бугарски подем“. Против гласаа пратеници од „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а целата пратеничка група на „Преродба“ беше воздржана. Кандидатурата на Рашидов формално беше предложена од Корнелија Нинова од БСП. Изминатите три дена бугарските пратеници во четири обиди…

Read More

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со својот бугарски колега, Николај Милков. Ова е нивна прва средба, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август оваа година. Во фокусот на разговорот беше исполнувањето на заедничките обврски од  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и остварената соработка во рамките на процесот на унапредување на односите меѓу двете држави. Притоа, министерот Османи го информира министерот Милков за досега реализираните обврски од наша страна со цел имплементација на одредбите од Договорот. Меѓу другото, го издвои ангажманот на…

Read More

Холандските пратеници побараа од владата на Марк Руте да стави вето на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген, бидејќи тие сакаат да го анализираат функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји, објави Romania Journal. Во одлуката, усвоена од холандскиот парламент, се наведува дека распространетоста на овие прашања во шенген-земја „може да предизвика сериозни проблеми за функционирањето на граничната контрола на засегнатата земја и затоа претставува ризик за безбедноста на Холандија и целата Шенген зона“. Коментирајќи ја усвоената резолуција, премиерот на Романија, Николае Цука, рече дека усвојувањето на резолуцијата не го вознемирува,…

Read More

По изјавите на пратеникот и лидерот на бугарската политичката партија „Вазражадане“ Костадин  Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, македонското Министерството за надворешни работи, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија, соопшти утринава МНР. Ова е втора вербална нота за само една седмица, откако минатата недела европратеникот Ангел Џамбаски во специјално снимено видео, упати навреди и клевети кон премиерот Димитар Ковачевски и кон нашата земја. „Го повторуваме апелот дека ваквите изјави…

Read More

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика. Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот, и тоа во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември. Други локали добија опомена да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина. Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со…

Read More

„Ние во јуни за 68 илјади компании имаме обезбедено гарантирана цена на струјата која ќе биде гарантирана во следните шест месеци. Прашањето е дали таа цена е соодветна на пазарните услови и како тие компании ќе ја платат струјата во целата оваа економска криза. Не можете да најдете исто решение за сите. Секое евро ни прави импликации во буџетот, имаме дејности за кои имаме ограничување дали можеме да ги поддржиме. Се обидуваме да најдеме енергенси од надвор на слободниот пазар, но многу обиди се покажаа како невозможни“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на телевизија 21. „После низа години…

Read More