Author: Соња Крамарска

Премиерот Ковачевски во рамки на посетата во Абу Даби, имаше средба со Џамал Саиф Ал Џарван, генерален секретар на Меѓународниот совет на инвеститори на Обединетите Арапски Емирати. Советот има главна улога за упатување и информирање на компаниите од ОАЕ каде да инвестираат и да го вложат својот капитал. На состанокот на кој присуствуваа и министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беа презентирани инвестициските можности и фокус секторите кои имаат потенцијал да привлечат свеж капитал. Фокусот на инвестиции на Меѓународниот совет на инвеститори на Обединетите Арапски Емирати се…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со генералниот директор Мохамед Хасан Ал Суваиди на „Развојниот холдинг на Абу Даби -ADQ“ како и останати претставници на високото раководството, како дел од посетата на Обединетите Арапски Емирати. Ковачевски, заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги претставија можностите за финансирање и инвестиции во повеќе сектори. Целта е да се зацврстат економските врски меѓу двете земји и да се поттикне значителен интерес за инвестиции во целните сектори, вклучително и обновливите извори на енергија, инфраструктура, туризам,земјоделство, здравство. На состанокот стана збор…

Read More

Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Тања Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите, соопшти Министерството по бурата реакции во јавноста поради поставеното словачко наместо словенечко знаме на средбата на двајцата министри. „Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста“, се…

Read More

Државните институции заштедиле 20 отсто струја во септември годинава споредено со септември лани. Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информираше колку се спроведуваат препораките на Владата за штедење струја од страна на државните институции. Обврските за штедење почнаа да важат на 01 септември и ќе траат до 31 март догодина. Целта е да се заштедат 15 отсто од струјата потрошена во истиот месец лани. Според прегледот што го направи Министерствто за економија, најголем дел од институциите во септември заштедиле над планираните 15 отсто. Но, има и негативни примери. Таков е Министерството за локална самоуправа не само што не заштедило, туку…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика земјите-членки да обезбедат уште поголема воена помош за Украина. Тој во емисијата „Конфликтна зона“ на ДВ оценува и дека опасноста од употреба на нуклеарно оружје е мала. Јенс Столтенберг зборуваше и на Берлинскиот форум за надворешна политика на фондацијата Кербер: „Ова се драматични времиња за Европа. За НАТО. За Германија. Војната во Украина ескалира, со руски воздушни напади врз украинските градови и зголемени нуклеарни закани од Москва“, оцени тој. Но, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е сигурен: „Путин нема да успее да ја скрши волјата на украинскиот народ за борба“. Со…

Read More

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го отпушти Арне Шенбом, шеф на тамошната Агенција за сајбер безбедност (БСИ), по контроверзноста околу неговите наводни контакти со Русија. Шенбом треба веднаш да го напушти Министерството за внатрешни работи, изјави портпаролот на министерството за локалните медиуми во Берлин. Дополнително, против Шенбом е покрената дисциплинска постапка. Шонбон основаше здружение во 2012 година – Совет за сајбер безбедност – и претседаваше со него додека не стана шеф на БСИ во 2016 година. Според извештајот на германскиот онлајн магазин ZDF Royal од 7 октомври, кој комбинира политичка сатира со новинарско истражување, здружението било подложно на…

Read More

Министерството за надворешни работи преку нашата амбасада во Софија, упати вербална нота, со која изрази крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. „Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на Република Северна Македонија“, се вели во нотата. „Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји“,…

Read More

Пратеничката група на ГЕРБ-СДС во бугарското Народно собрание го задржа своето име. Претседател на пратеничката група ќе биде Десислава Атанасова. Го предлагаме Росен Желјазков за претседател на Собранието, Росица Кирилова за потпретседател. Ова им го соопшти лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на сопартијците и на новоизбраните членови на партијата, јави БГНЕС. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна ситуација и продолжуваат да ветуваат работи за кои знаат дека не можат да се случат. Зошто толку тврдоглаво бегаат од разговори за конкретни теми, праша Борисов, мислејќи на „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“, чии претставници се слушнаа дека нема…

Read More

ЕСМ денеска испрати допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажале интерес до 20 октомври да достават понуда за гас за периодот ноември-април, соопшти попладнево компанијата по вестите во некои медиуми дека Макпетрол тврди дека не биле контактирани. Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции. Инаку, за периодот ноември-април ЕСМ има потреба од 225 милиони метри кубни природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ -ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ,…

Read More

Од војната во Украина Европа ја научи најважната и скапо платена лекција за неопходноста за енергетска само-одржливост, за диверзификација на изворите за снабдување со енергија и за енергетска независност, рече денеска поранешниот премиер Зоран Заев на предавањето на тема „Енергетската и инфлациската криза“ што  се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа. Заев нагласи дека на Европа ќе и биде тешко оваа зима и во зависност од степенот на последиците, и до крајот на идната година. Но, Европа веќе спроведува стратегија за енергетска независност преку Зелената агенда, и во оваа ситуација само ќе треба да ја забрза имплементацијата на планираните активности…

Read More

Злоупотребата на руските потенцијали со енергенси како оружје во политиката и војната во Украина, отвори дополнителни суштински прашања за стратегијата на нашата земја во однос на сопствената енергетска независност како единствена исправна перспектива, нагласи поранешниот премиер Зоран Заев на предавањето на темата „Енергетската и инфлациската криза“, што денеска се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа. Заев посочи дека сценариото за енергетска самостојност и независност Северна Македонија започна да го применува уште од пред 3 или 4 години, кога создадовме поволни услови за инвестиции во фотоволтаици и ветерни електрани. „До крајот на годината е најавено да заврши постапката за понудата на…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе прати официјална протестна нота до Бугарија поради последната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски кој упати навреди на адреса на премиерот Димитар Ковачевски. Османи вели дека реакцијата ќе биде на изјавата на европратеникот како говор на омраза, која според сите и меѓународни и билатерални договори што ги имаме со ЕУ е основа за да се реагира. „Иако досега се обидувавме да го игнорираме, затоа што целта на европратеникот е да ги искористи тие реакции за себепромоција, овој пат ги надмина сите граници на провоцирање и тука мора да реагира и бугарската држава бидејќи тоа…

Read More