Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Нема да дозволиме Русија да не уценува, НАТО е подготвен за сите можни ситуации

0
By Соња Крамарска on October 19, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2022 12:42

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика земјите-членки да обезбедат уште поголема воена помош за Украина. Тој во емисијата „Конфликтна зона“ на ДВ оценува и дека опасноста од употреба на нуклеарно оружје е мала.

Јенс Столтенберг зборуваше и на Берлинскиот форум за надворешна политика на фондацијата Кербер: „Ова се драматични времиња за Европа. За НАТО. За Германија. Војната во Украина ескалира, со руски воздушни напади врз украинските градови и зголемени нуклеарни закани од Москва“, оцени тој.

Но, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е сигурен: „Путин нема да успее да ја скрши волјата на украинскиот народ за борба“. Со западна воена помош, вели тој, пресретнати се многу руски ракети и беспилотни летала. Столтенберг особено ги пофалува системите за противвоздушна одбрана што ги испорачува Германија.

Благодарение на поддршката од странство, рускиот марш кон Киев беше прекинат, Русија не ја постигна очекуваната воздушна надмоќ над Украина, а Украина успеа да ги врати териториите на исток и југ, оценува шефот на НАТО и во исто време ги предупредува сојузниците дека треба да истраат: земјите-членки треба да „дадат поддршка колку што е потребно и онолку долго колку што е потребно“.

Воениот придонес на Германија често беше критикуван како недоволен. Пред се, украинската влада сака германски борбени тенкови Леопард 2, кои германската влада досега одбиваше да ги испорача.

Рускиот претседател Путин постојано се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје. Украинските територии неодамна анектирани по лажниот референдум сега се под руска нуклеарна заштита. Некои набљудувачи веруваат дека Путин, воено заглавен, може да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина.

По ова прашање генералниот секретар на НАТО се обидува малку да ги смири страстите. Тој вели дека Алијансата внимателно ги следи сите воени движења и можните подготовки. „Ризикот од употреба на нуклеарно оружје против Украина е низок“. Но, НАТО е „подготвен за сите можни ситуации“.

Сепак, како мерка на претпазливост, тој ги предупредува Русите на „сериозни последици“ доколку употребат нуклеарно оружје. И додава: „Нуклеарната војна не може да се добие“.

За Столтенберг особено е важна пораката до Путин, Украина и сојузниците во НАТО: „Нема да дозволиме Русија да не заплашува или уценува“. Путин само со закани сака да ја прекине поддршката за Украина. „Ако го направиме тоа, претседателот Путин ќе победи во Украина. И ако победи, тоа би испратило многу опасна порака до сите авторитарни лидери дека ако употребат брутална сила и го прекршат меѓународното право, ќе ги постигнат своите цели“.

Столтенберг прави разлика помеѓу можната руска употреба на нуклеарно оружје во Украина и напад – нуклеарен или конвенционален – врз членка на НАТО. Доколку биде нападната земја на НАТО, во Москва не треба да има дилема: „Се разбира, тоа ќе го активира членот 5, клаузулата за колективна одбрана“. Затоа војниците на истокот на НАТО се засилени и ставени во готовност, вели Столтенберг. „Ова не го правиме за да предизвикаме конфликт, туку за да спречиме конфликт“, додаде генералниот секретар на НАТО.

 

Јенс Столтенберг нуклеарно оружје руска инвазија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.