Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Министерството за здравство на Бугарија денеска објави јавна нарачка од близу 163 милиони лева (81,5 милиони евра) за набавка на 6 медицински хеликоптери кои треба да бидат испорачани до 2026 година. Во описот на набавката се вели: „Набавка на санитарни возила за воздушен транспорт (хеликоптери), обезбедени со потребната опрема и апарати за потребите на итна медицинска помош“. Ќе се купат шест медицински хеликоптери, со можност за набавка на два дополнителни. Вкупната проценета вредност на јавната набавка е 162.711.735,86 лева. Шестте хеликоптери се очекува да бидат испорачани до 30 април 2026 година, а првиот од нив да биде примен до 1…
На денешните настани во Брисел по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција, беше објавено дека денес почнува и таканаречената скрининг – операција која треба да ја подготви Македонија за преговарачкиот процес. Првиот состанок е веќе во тек а на него учествува вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Првите оценки се дека Македонија веќе има 45 проценти усогласеност со ЕУ во правосудството и 100 проценти усогласеност во сферата на надворешната политика. Меѓутоа остануваат уште многу области за кои по завршувањето на скринингот Македонија ќе добие задачи како да ги подобри со цел да се прилагоди на стандардите кои владеат во ЕУ.…
Политички состанок на Меѓувладината конференција за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија Брисел, 19 јули 2022 година ЕДНОСТРАНА ИЗЈАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (да се приложи кон записникот на првата политичка МВК) Како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи. Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски…
Со одржувањето на првата меѓувладина конференција денеска во Советот на Европска Унија во Брисел, на која учествуваше владина делегација предводена од Ковачевски, Македонија ги отвори преговорите за полноправно членство во ЕУ. На овој историски важен настан со кој започнува ново поглавје за државата на патот кон ЕУ на македонски јазик пред претставниците од 27 земји членки се обрати премиерот Ковачевски. На седницата говореа министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, како претседавач, високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Денес е важен момент за Северна Македонија и за ЕУ. Оваа политичка меѓувладина конференција е крај на еден долг процес и почеток на нова фаза од пристапните преговори, нешто што се надеваме дека ќе се движи побрзо“, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денес по одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција меѓу нашата земја и ЕУ во Брисел. Вархеји нагласи дека оваа меѓувладина конференција, како што рече, е од големо значење, поради три причини. Првата е што дојдовме до почеток на преговорите по 17 години кандидатски статус и по 13 години од првата препорака за почеток на преговори. Втората, рече тој,…
Изјава на претседателот на Владата Димитар Ковачевски по првата меѓувладина конференција. https://youtu.be/C4900KjyNWs
Интегралната порака на премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и со премиерите на Албанија Еди Рама и на Чешка која е претседавач со ЕУ, Петр Фиало: Во пресрет на меѓувладината конференција со која ги отвораме преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, сакам најпрво да упатам искрена благодарност до сите наши пријатели во Европската Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на Северна Македонија. Нивната заложба беше клучна ние денес, тука во Брисел го направиме првиот чекор кој ќе нѐ одведе до полноправно членство во Унијата. Вoедно,…
Република Северна Македонија денеска започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик, со заштитен идентитет, култура, посебност и засебност. Со ова на Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, соопшти СДСМ. „Сите невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за асимилација, бугаризација, манипулации за македонскиот јазик, се разобличени до крај. Најмалку што може Мицкоски да направи е да се извини за сите лаги, да им се извини на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ да и се извини на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен“, се вели во партиското соопштение. „Државата продолжува напред. Македонската европска иднина е обезбедена. Реализирана е уште една…
Урсула фон дер Лајен: Преговарачкиот процес ќе значи зголемени инвестиции и зајакнати трговски врски
Денешното отворање на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е успех на двете земји и на нивните граѓани. Тоа е резултат на истрајноста, посветеноста на европските вредности, покажаната отпорност и задржаната верба во пристапниот процес, порача денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција. Таа нагласи дека притоа двете земји го зацврстиле владеењето на правото, се бореле против корупцијата, имаат слободни медиуми, добро граѓанско општество, бројни реформи и ги модернизирале економиите. „Ги направивте сите овие промени не само затоа што беа потребни на вашиот пат кон ЕУ, туку пред се затоа што се…
„Сакам да упатам искрена благодарност до сите наши пријатели во ЕУ за нивната поддршка и посветеност за европската интеграција на Република Северна Македонија. Нивната заложба беше клучна за ние денес тука во Брисел да го направиме првиот чекор до членство во ЕУ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по четирпартитната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, премиерот на Чешка Петр Фиала и албанскиот колега Еди Рама. Во изјавата Ковачевски упати и честитки за почеток на преговорите на Албанија, до премиерот Еди Рама и до албанскиот народ. „Ова е нов почеток за регионот кој ќе значи просперитет и напредок,…
https://youtu.be/qDcemrd8k5g
На стартот на денешниот важен ден за Македонија, почетокот на преговорите за членство во ЕУ, изјави на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. https://youtu.be/mgK7frs-17s