Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денес почнува ЕУ скринингот, што ја очекува Македонија?

0
By Соња Крамарска on July 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 19, 2022 13:24

На денешните настани во Брисел по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција, беше објавено дека денес почнува и таканаречената скрининг – операција која треба да ја подготви Македонија за преговарачкиот процес. Првиот состанок е веќе во тек а на него учествува вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Првите оценки се дека Македонија веќе има 45 проценти усогласеност со ЕУ во правосудството и 100 проценти усогласеност во сферата на надворешната политика. Меѓутоа остануваат уште многу области за кои по завршувањето на скринингот Македонија ќе добие задачи како да ги подобри со цел да се прилагоди на стандардите кои владеат во ЕУ.

Што ја чека државата во скрининг процесот и како тој изгледа?

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на состојбата во земјата кандидат во однос на поглавјата од правото на ЕУ. Како процес, тој има за цел, од една страна – да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.

Скринингот трае околу една година и се спроведува врз основа на изготвен распоред од страна на Европската комисија, поточно од нејзиниот Генерален директорат за проширување. Се спроведува по поглавја, освен за поглавјата: 34 „Институции” и 35 „Други прашања”, кои се предмет на преговори во последната фаза од процесот на пристапување. Најпрво се одржуваат состаноци, на кои претставници на Комисијата детално го презентираат правото на ЕУ, а потоа билатерални состаноци со секоја држава. Потоа, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот.

Извештајот од скринингот содржи четири дела:

  • објаснување на правото на ЕУ во поглавјето,
  • резултати од скринингот – информации дадени од земјата кандидатка и проценка на Комисијата,
  • заклучоци и препораки на Комисијата,
  • и во последниот дел Комисијата му препорачува на Советот дали да се отворат преговори за поглавјето, и доколку не – кои одредници да се постават.

По извршениот скрининг, на меѓувладина конференција, по предлог на ЕК, се одлучува кои поглавја ќе се отворат први и за кои ќе бидат поставени одредници.

Методологијата на воспоставување одредници пред започнувањето на преговорите за прв пат е воспоставена при преговорите со Хрватска и Турција, како израз на зајакнување на политиката на условеност на Унијата. Според Стратегијата за проширување на Унијата (2006 г.) одредниците се „нова алатка воведена како резултат на научените лекции од петтото проширување. Нивната цел е да се унапреди квалитетот на преговорите, преку обезбедување на стимуланси за земјите кандидатки да преземат неопходни реформи во рана фаза.

Одредниците за затворање на поглавје се однесуваат на законодавни мерки, на управни или правосудни органи, како и на податоци за спроведување на правото на ЕУ. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Доколку земјата кандидатка престане да исполнува одредница за отворање на поглавје за поглавје за коешто веќе се водат преговори, Комисијата може да предложи да се суспендираат преговорите за тоа поглавје. Ако земјата кандидатка престане да ги исполнува одредниците за поглавје кое е веќе прелиминарно затворено, Комисијата може да предложи преговорите за тоа поглавје повторно да се отворат. Можно е и ажурирање на одредниците, со цел да се инкорпорираат нови елементи од правото на ЕУ.

Ваквата поставеност и методологија на преговорите укажува дека Македонија како земја кандидат всушност ќе преговара со сите земји членки, додека Европската комисија се јавува во функција на медијатор којшто ја застапува земјата кандидатка.

Во случај кога не е можно целосно усогласување во дадено поглавје до датумот на пристапување се бараат преодни периоди или исклучувања (дерогации). Преодните периоди се всушност дозвола дадена на земјата кандидатка да применува одреден акт на ЕУ на нејзината територија определен број години по нејзиното пристапување. Тие вообичаено се одобруваат во поединечни сектори, во ограничен број и за определено време. Не е вообичаено одобрување, на пример, за внатрешниот пазар.

Преговорите за дадено поглавје времено завршуваат со изработката на финална општа позиција на земјите членки. Постигнатите договори за одредени поглавја не можат да се сметаат за конечни се додека не е постигнат целосен договор за сите поглавја т.е. важи принципот „ништо не е затворено додека сè не е затворено”. Исто така, можно е повторно отворање на веќе затворени поглавја.

Постои можност Комисијата да препорача (по своја иницијатива или по барање на 1/3 од земјите членки) суспензија на преговорите доколу не се исполнети поставените обврски во преговарачкиот процес. (Р.Н.)

Македонија скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.