Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат и други примери на лица кои го загубиле својот живот или пак се соочиле со сериозни тешкотии во процесот на добивање на здравствена заштита. Моментално имаме околу 1000 без документи кои се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет“, реагираа денес од Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико кој се фокусира на потребите на ранливите категории граѓани. Тие потсетуваа дека Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса бидејќи живеел во дом кој е дивоградба. „Што значи…
Во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој на денешна прес-конференција во клиниката ТОУРАЛЕЦ запрашан за случајот со детето Мемет Камбер рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај. „Службите проверија, нема ништо такво пријавено во Министерството за здравство. Не знам сега дали треба во Министерството за труд и социјална политика да се провери. Во нашето Министерство нема пријавено ништо за таков случај и службите ме известија со тоа само што го слушнавме од медиумите“, изјави министерот. Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице…
ЏАБИР ДЕРАЛА Ова е кратка приказна за тоа како дефектот на еден далновод може да открие колкав е дефектот на системот. Прочитајте ја додека имате батерија во телефонот и чекате „екипите на терен“ да го отстранат ДЕФЕКТОТ. Се буди човек во центарот на главниот град и тргнува да прави кафе. Нема струја. Тргнува да провери онлајн што се случува. Открива дека мобилната дата конекција е бавна и со прекини. Да не сме нападнати од вонземјаните? Оти Русите сигурно нема да нѐ нападнат, тоа само злите јазици од ЦИВИЛ брборат, си вели човек додека чека да му се стабилизира интернет врската.…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со албанскиот колега Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Ковачевски беше придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи а средбата се одржа на маргините на вториот самит на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. Ковачевски ја истакна силната поддршка која Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година. “Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме…
„Пред нас има одлука за Европа или за изолација“, рече Ковачевски денес пред новинарите во Молдавија каде што учествува на собирот на Европската политичка заедница, одговарајќи на новинарско прашање околу тековната политичка ситуација во Македонија. Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека во текот на денот ќе оствари средби со повеќе државници присутни на вториот Самит на Европската политичка заедница како средба со премиерката на Данска, премиерот на Молдавија и други. Дополнително, во одговор на новинарско прашање тој повтори дека стратешка цел на државата е полноправното членство во ЕУ до 2030 година и дека скрининг процесот треба да заврши многу…
„Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема никаква алатка в раце со која може да ги натера институциите и службените лица да ги почитуваат иницијативите и мерките. Употребата на европско знаме, носење закони по скратена постапка, носење специјални закони што ги негираат сите други закони е политичката корупција што ни се случува. Во овој случај Комисијата само ќе укаже дека има некоја слабост и на крајот пак тоа продолжува. Појдовна точка е дека ваквиот закон со злоупотреба на политичка волја е спротивно на европските стандарди“, рече членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Нури Бајрами во одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот на европските лидери во Молдавија, каде беше пречекан од молдавската претседателка Маја Санду. Зеленски и се заблагодари на Молдавија што ги прими Украинците кои бегаат од војната откако Русија ја започна својата инвазија. Молдавија прими над 700.000 бегалци од февруари 2022 година, а над 100.000 сè уште се во земјата, според податоци на ОН. „Украина денес ја чува Молдавија безбедна, и ние сме многу, многу благодарни за тоа“, рече Санду по кусата средба со Зеленски, чија земја се наоѓа меѓу поранешната советска република Молдавија и Русија. Зеленски, исто така, најави планови за формирање…
Главниот судија на финалето на Лига Европа Севилја – Рома (1:1, пен. – 4:1) Ентони Тејлор покажа 13 жолти картони. Шпанскиот тим доби шест опомени, додека италијанскиот тим седум. Финалето во 2023 година е рекордно по број на жолти картони. Исто така, пред Рома, ниту една екипа нема добиено седум жолти картони во финалето на вториот најважен европски куп. Токму критериумот за доделување на жолти картони што го практикуваше Тејлор беше причина тренерот на Рома, Жозе Мурињо, бурно да реагира по завршувањето на натпреварот. Тој судењето го оцени како срамно.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека информацијата за укинување на организациските директори на клиниките е доставена до Владата. „Модалитетите ќе ги одлучиме заедно со Владата и со експертите. Информацијата е доставена до Владата, но не е помината“, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на кој се одбележа Светскиот ден на мултиплекс склероза. Меџити посочи дека околу пола милион евра годишно се трошат на овие организациски директори и дека тие пари би требало да се искористат за пациентите. „Јас би сакал да почне да функционира од јануари 2024 година затоа што тогаш се прават и пресметките во…
Агенцијата за филм излезе со соопштение по повод информациите изнесени во јавноста во врска со кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана Филм“ и одлуката на Управниот одбор за прекин на проектите на оваа продукција од страна на Агенцијата. Од Агенцијата велат дека не се точни информациите дека инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“. „Како што е јасно наведено во известувањето и записникот на инспекторатот на Министерството за култура очигледни се нелогичности во работењето на оваа продуцентска куќа за филмот ‘Врба’. При надзорот се констатирани…
Безбедносната состојба на северот на Косово се уште е тензична по вчерашните дејствија на насилните српски демонстранти, соопшти косовската полиција. „Повикувајќи се на околностите и настаните што се случија вчера, демонстрантите, поединци и криминални групи, со екстремно насилство, доведоа до ескалација на безбедносната состојба на северот од земјата и нејзино деградирање до степен на загрозување на животите на луѓето, вклучително и животите на службениците на безбедносните институции. Протестите во три општини на северот од државата Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан продолжуваат и денеска во близина на општинските згради, сегашната оценка е дека состојбата е мирна, но кревка“, се наведува во…
Специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалоготот Белград – Приштина Мирослав Лајчак се обидува да организира средба во Братислава меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори. Меѓутоа овие извори предупредуваат дека без разлика на волјата на европските посредници, мали се шансите за средба бидејќи не постои подготвеност кај инволвираните страни. Имено, Лајчак, Вучиќ и Курти деновиве треба да престојуваат во Братислава на форумот на тинк-тенк организацијата ГЛОБСЕК што се одржува меѓу 29 и 31 мај. Српскиот претседател и косовскиот премиер се закажани како панелисти во одделни…