Author: Соња Крамарска

Двајца загинати и четворица повредени, меѓу кои и тројца грчки полицајци, е билансот од тешката сообраќајна несреќа, во која учествувале три автомобили и неколку диви свињи, што се случи синоќа околу 23:30 часот, на автопатот Солун – Нео Петрициу, во Кукуш, јавија грчките медиуми. Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопор диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин на Северна Македонија со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и…

Read More

По освојувањето на седмиот Вимблдон и 21. Грен слем титула, Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, а по величествениот пречек од над 10.000 фанови, дојде време да се опуштиме со песна и вино. Видно расположениот Новак во друштво на своите најблиски пријатели уживаше во песните кои ги изведуваше Саша Ковачевиќ во ресторанот, а неколку пати и пееше заедно со него. Заедно со Ковачевиќ, Ѓоковиќ ги отпеа „Englishman in New York“, „Nedelja“ како и песни од Тозовац и други балкански изведувачи.

Read More

Курсот меѓу еврото и американскиот долар денеска е изедначен за првпат по 20 години. Од утрово едно евро е еден долар, иако банките се обидуваат официјалниот курс да го држат така што за 100 долари може да добиете 98,2 евра. Тоа значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста на почетокот на годината и дека еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година, пред дваесет години. Иако вестите се позитивни за Американците кои работат и патуваат во Европа, тоа е загрижувачки знак за здравјето на глобалната економија. Еврото е…

Read More

Четврти ден продолжува потрагата по 30-годишниот турист од Северна Македонија, кој се води како исчезнат од минатата сабота попладне, кога беше однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди, Халкидики. Во спасувачката операција утрово учествуваат три  пловни објекти и четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, како и групи волонтери, додека во текот на денот се очекува да се вклучи и авион. Денеска временските услови во подрачјето кое се истражува се поповолни во однос на претходните 24 часа, кога дуваше силен ветар. Вчера од САД на Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин. Во текот на вчерашниот ден беше…

Read More

Со настап на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет вечерва ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. „Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Центарот за култура, предворјето и во црквата Света Софија, ќе пречекаме над 1.000 уметници од 25 земји – Србија, Чешка, Либан, Италија,…

Read More

Името на наследникот на Борис Џонсон на чело на владејачката британска Конзервативна партија треба да биде познато на 5 септември, соопшти синоќа парламентарната комисија одговорна за утврдување на правилата за гласање. Одборот соопшти дека поднесувањето на кандидатурите ќе биде завршено денеска, а првиот круг на гласање, во кој ќе бидат елиминирани неколку од досега пријавените 11 кандидати, ќе се одржи в среда. Џонсон, кој на 7 јули поднесе оставка од функцијата лидер на конзервативците, тогаш изјави дека ќе остане на чело на владата до изборот на нов лидер на партијата, кој автоматски ќе стане премиер. (МИА)

Read More

Тенискиот првак Новак Ѓоковиќ се очекува вечерва да пристигне во Белград. Свечениот пречек на Ѓоковиќ, шампионот на овогодинешниот Вимблдон и освојувач на 21 Грен слем титула ќе биде организиран вечерва во 20 часот пред Стариот дворец во Белград. Организатор на дочекот е Тенискиот сојуз на Србија. Државната Радио Телевизија Србија ќе врши директен пренос од овој настан, кој се очекува да се претвори во спектакл во чест на светската тенисерска ѕвезда која во неговата Србија нагалено го нарекуваат Ноле. Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Отвореното првенство на Англија, откако во финалето го совлада Австралиецот Ник Киргиос.…

Read More

Мајката и братот на 28-годишниот Мартин од Македонија патуваат од Америка каде живеат за да учествуваат во големата акција за пронаоѓање на младиот човек, пишува грчкиот весник Прототема. Мартин и понатаму се води како исчезнат во морето, како што изјави за prototema.gr претседателот на спасувачите волонтери, Христос Рамос. 28-годишникот беше однесен од морските струи кога заедно со двајцата спасени другари сакале да пливаат и покрај лошите временски услови, на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики. Младиот човек, по спасувањето на 30-годишниот Иван, е единствениот од групата кој и понатаму се води како исчезнат, а властите и волонтерите се борат со…

Read More

Заврши координацијата свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, на која присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митрески; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица. Како што соопштија од прес-службата на Џафери, тој на состанокот рекол дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, претседателот на Собранието ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. „Во исто време, нема деловничка одредба…

Read More

Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии. Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се движи по ул. Жданец, ул. Трнодол, ул. Козле, бул. 8-ми Септември, бул. Партизански Одреди и Карпош 3 (Сити Мол) и обратно. Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се…

Read More

Универзитетската Клиника за психијатрија соопшти дека починал професор д-р Георги Чадловски, великан на полето на психијатријата и прв генерален директор на Клинички центар – Скопје, основоположник на Клиника за Психијатрија и автор на над 20 книги и учебни помагала. Професор Георги Чадловски е роден во Скопје 1943 година, по потекло од познатиот галички регион, своето основно и средно школување го завршува во Скопје и почнува да се занимава со новинарство поради што и почнува да му се развива љубовта на пишаниот збор. Се запишува на Медицинскиот факултет во 1962 година во Скопје и напоредно со своите студии работи како новинар…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес не отстапи од барањето францускиот предлог-пакет кој Владата го достави во петокот до Собранието, да биде вратен назад на „Илинденска“ затоа што не ги содржи, според нив клучните документи. Наедно координаторот на пратеничката група Никола Мицевски порача и дека за меѓувладината конференција одлучува Владата и „истата да не се крие зад пратениците барајќи некаква одлука од Собранието“. Мицевски најави дека ќе присуствуваат на денешната координација во Собранието за тоа прашање, но и дека и таму ќе го соопштат овој нивен став. „Бараме да се врати информацијата што ја испрати Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува…

Read More