Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува „Охридско лето“ – на репертоарот 36 концерти и девет театарски претстави

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Од минатогодишното издание на престижниот фестивал
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2022 08:15

Со настап на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет вечерва ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма.

„Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Центарот за култура, предворјето и во црквата Света Софија, ќе пречекаме над 1.000 уметници од 25 земји – Србија, Чешка, Либан, Италија, Словенија, Полска, Франција, Албанија, Аргентина, Турција, Израел, САД, Унгарија, Украина, Шпанија, Австрија, Црна Гора, Грција, Косово, Велика Британија, Германија, Азербејџан, Кина, Шведска, и секако, уметници од Република Северна Македонија“, информираше директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ на прес-конференција, кога беше соопштена годинашната фестивалска програма.

Вети 40 атрактивни и возбудливи фестивалски вечери со богата програма создадена од нашите врвни и докажани уметници, сега селектори на „Охридско лето“, Бисера Чадловска, диригент во Националната опера и балет и Сања Арсовска, актерка од Драмски театар Скопје.

Покрај отворањето со италијанските тенори, од музичкиот дел, селекторката на програмата Чадловска ги издвои настапите на камерниот оркестар „Профундис“, кој е еден од поновите македонски состави за камерно музицирање, врвниот светски виолинист Стефан Миленковиќ, виолинистот Шломо Минц…

„На роденденот на „Охридско лето“, ќе имаме можност да го видиме фламенко балетот „Луксурија“, спектакл базиран на традиционални шпански фламенко танци, а фестивалот ќе го затвориме со еден многу посебен настан, посветен на еден исклучителен човек. Одлучив тоа да биде концерт посветен на делото на легендарниот македонски композитор Александар Џамбазов, кој почина годинава. На концертот, македонски уметници ќе изведат дел од неговите најубави дела“, истакна Чадловска.

Богатата театарска програма, според селекторката на драмскиот дел на Фестивалот, Арсовска, ја предводат Њујоршката Ла Мама со копродукциската „Балкан Бордело“, Белградските „Војна и мир“ и Вујко Вања“, Украинската „Кротењето на опаката“ како и шест исклучителни домашни претстави. Публиката ќе има можност да погледне десет театарски остварувања, шест домашни и четири странски.

„Со селектираната театарска програма настојувавме на актуелност во темите, на различни сценски форми, на промоција на нови модерни драми, на ново и современо читање на веќе познатите драмски и книжевни дела, на претстави кои ќе успеат да го погалат или да му удрат шлаканица на гледачот и во никој случај да не го остават рамнодушен“, рече Арсовска.

За најмладата публика ќе настапи колективот 5+ Фамилија со сценско-музичкиот перформанс „Немаме резервна планета”, режиран од Сандра Ѓеорѓиева.

Дизајнот на рекламниот материјал ја отсликува замислата да се поврзе автентичноста на локацијата со музичко-сценскиот аспект на манифестацијата покажувајќи го патот кој води до терасата на најубавата сцена, Дони Сарај. Главниот фокус се скалите стилизирани како пијано, кои поминуваат низ портата и го претставуваат почетокот на едно незаборавно културно доживување.

„Охридско лето“ 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.