Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доларот и еврото за првпат по 20 години изедначени

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2022 08:56

Курсот меѓу еврото и американскиот долар денеска е изедначен за првпат по 20 години. Од утрово едно евро е еден долар, иако банките се обидуваат официјалниот курс да го држат така што за 100 долари може да добиете 98,2 евра.

Тоа значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста на почетокот на годината и дека еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година, пред дваесет години.

Иако вестите се позитивни за Американците кои работат и патуваат во Европа, тоа е загрижувачки знак за здравјето на глобалната економија.

Еврото е значително ослабено од европската енергетска криза поради војната во Украина. Русија обезбедуваше речиси 40 отсто од европскиот гас пред војната со Украина, а блокот сега се обидува да ја намали зависноста од руските енергетски извори.

Паритетот меѓу еврото и доларот се случи во време кога Русија го затвори клучниот гасовод – Северен тек 1 – кој носи гас до Германија. Гасоводот е затворен поради годишно одржување.

Во меѓувреме, доларот зајакна бидејќи инвеститорите бегаат кон американската  валута како безбедно засолниште, додека Федералните резерви се обидуваат да ги зголемат каматните стапки со своето најбрзо темпо од 1994 година за да ја зауздаат ​​жешката инфлација.

И додека во САД се создаваат стравови од рецесија, експертите предупредуваат дека шансите за економски пад во Европа се многу поголеми. (Р.Н.)

изедначени евро и долар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.