Author: Соња Крамарска

Во Ораховац, на западот на Косово, во текот на ноќта беше уништен муралот посветен на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, а вандалите напишале ОВК на празниот простор. Жителите на горниот дел на Ораховац рано утринава го виделе уништениот мурал, а полицијата денес изврши увид. Сликањето на муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораховац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го реализираше организацијата „Амиќи ди Дечани“ (Пријатели на Дечани), во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година наслика мурали на места со српско население во Косово по желба и договор со домаќините. Муралот на Ѓоковиќ,…

Read More

Градоначалникот на Лепосавиќ повеќе од 30 часа поминал во општинската зграда, ноќта ја поминал таму додека граѓаните дежурале надвор Пред зградата на општина Лепосавиќ и денеска се собраа голем број граѓани, а во зградата ноќта ја помина новоизбраниот градоначалник на таа општина, Љуљзим Хетеми. Тој влегол во зградата во понеделникот наутро во 5:30 часот и оттогаш не излегол. Барањата на насобраните се Хетеми да ја напушти зградата на општината, но и специјалната полиција да се повлече. Војници на италијанскиот КФОР во голем број се стационирани на платото во центарот на Лепосавиќ, а зад нив се возилата на специјалните единици на…

Read More

Потребно е итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023. Европа и Северна Македонија, рече Агелер, се исправени пред неколку горливи енергетски прашања. Таа нагласи дека енергетската криза од изминатиот период што беше исклучително тешка, а поттикната од руската агресија во Украина потенцирала колку е важна енергетската независност, особено тука во Северна Македонија. „Имавме напори секаде во Европа, кај американските партнери за да останат топли домовите во Северна Македонија, но овие прашања се уште не се решени. Зимата повторно ќе се врати…

Read More

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча побара од Косово и Србија да преземат целосна одговорност за настаните што се случија вчера на северот на Косово и да не се кријат зад лажните наративи. Ристуча, исто така, побара од партиите да спречат секаква понатамошна ескалација на ситуацијата, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа. Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека за време на протестот во општина Звечан, вчера, биле повредени 30 нивни војници. „Од повредените војници, 11 се од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент. Тие се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници…

Read More

„Се што постои како можност и тоа што го имаме на располагање ќе го искористиме за да можеме уште повеќе да ја релаксираме ситуацијата со цената на електрична енергија“, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. Нагласи дека примената на блоковите веќе дава резултати, намалена е потрошувачката, а и цената на електричната енергија на слободниот пазар е нешто пониска отколку што беше во изминатиот период. „Барање за нова цена на струјата има поднесено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Хоум и МЕМО во својство на оператор на пазар на електрична енергија. МЕПСО…

Read More

Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет. Ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на Советот е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување 4 – годишниот проект финансиран од оваа земја. Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени со закон. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска…

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), преку соопштение ги демантира изнесените ставови на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ, на која тој обвини дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации. „Документите кои ги презентираше Трипуновски не се тајна, напротив, тие се само уште една потврдадека државата си ја врши работата, односно дека контролите се спроведуваат“, вели АХВ во соопштението. „Како и досега, се додека со лабораториски наод не се потврди безбедноста, пратките со храна, вклучително и со зеленчук, се ставаат под официјален надзор. Истите не смее и не…

Read More

Пред неполни четири години на Општина Куманово под неразјаснети околности и беа одземени ингеренции врз градинката „Ангел Шајче“ – Куманово, при што Министерството за труд и социјална политика во тогаш нетранспарентна и недемократска постапка ја реизбра актуелната директорка на оваа институција, спротивно на статутот на институцијата, со што и овозможи да менаџира со оваа установа 20-тина години, објави денес градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, адресирајќи критики до Министерството за „упад“ во неговите надлежности. Повторно пред 2 месеци, ова Министерство преку ресорната министерка Јованка Тренчевска изврши одземање на надлежностите на општина Куманово за избор на директор на Детската градинка врз база…

Read More

Објавен е оглас со којшто во Здравствен дом – Скопје наскоро ќе бидат вработени околу 40 здравствени работници, кадар што ќе биде ангажиран во Брзата помош и превентивните пунктови, најави директорот на оваа здравствена установа, Виктор Исјановски. При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел, Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае пет работни дена. „Ќе бидат примени 22 општи лекари, четворица специјалисти, потоа дефектолози, логопеди, психолози. Бројката е околу 40 и нешто вработувања во Здравствен дом – Скопје и ќе гледаме со тој кадар да се надополни во Брза помош…

Read More

Одлуката на Холандија да стави во мирување проект вреден речиси милион евра поради состојбата во Судскиот совет – одекна како земјотрес во јавноста. Ова е првиот сигнал дека меѓународната заедница, која со години финансира проекти во правосудството во земјата „врти лист“,  така што во месеците што ќе следат може да се смета и на други опции со кои ќе се порача дека мора да има промена во оваа сфера или за тоа ќе мора да се плати одредена цена. Дали тоа ќе биде процес на прочистување на судството по сите скалила, дали тоа ќе биде ставање на судии на црната…

Read More

Министерството за внатрешни работи на Русија го стави американскиот сенатор Линдзи Греам на листата на барани лица, објавија денес руските медиуми  повикувајќи се на базата на податоци на Министерството. Во монтираното видео објавено од кабинетот на украинскиот претседател во петокот, 26 мај, од средбата на Греам со Володимир Зеленски, Греам е прикажан како вели „Русите умираат“, а потоа вели дека американската поддршка на Украина е „најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле. ” Украина објави целосна видео снимка од средбата која покажува дека двете забелешки не се поврзани. Рускиот истражен комитет објави во неделата, 28 мај, дека отвора кривична истрага…

Read More

Турската лира падна на речиси историски најниско ниво во однос на американскиот долар, по победата на Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција. Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс. Турската валута изгуби повеќе од шест отсто од својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност падна за повеќе од 90 отсто во последните десет години. „Победата на Ердоган не им нуди сигурност на странските инвеститори“, смета Хаснаин Малик,…

Read More