Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Ќе искористиме се што ни постoи како можност за да ја релаксираме цената на струјата

0
By Соња Крамарска on May 29, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 29, 2023 15:17

„Се што постои како можност и тоа што го имаме на располагање ќе го искористиме за да можеме уште повеќе да ја релаксираме ситуацијата со цената на електрична енергија“, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

Нагласи дека примената на блоковите веќе дава резултати, намалена е потрошувачката, а и цената на електричната енергија на слободниот пазар е нешто пониска отколку што беше во изминатиот период.

„Барање за нова цена на струјата има поднесено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Хоум и МЕМО во својство на оператор на пазар на електрична енергија. МЕПСО се уште нема поднесено барање за определување на цената за пренос на електрична енергија. Последниот рок е 31 мај и моите очекувања се дека тоа ќе биде направено до среда. Потоа, РКЕ ќе прави вообичаено анализи како што прави секоја година и ќе ги донесеме одлуките“, изјави Бислимоски по завршувањето на  Интерактивниот семинар за медиуми за најновите случувања во енергетскиот сектор во организација на РКЕ во соработка со Проектот на УСАИД – Поврзани за развој.

Од тоа што го имаме добиено, додаде, од Електродистрибуција бараат покачување за дистрибуција на електрична енергија од 32,13 проценти за вршење на нивната дејност – дистрибуција на електрична енергија.

„За операторот на пазарот на електрична енергија се уште не е обработено барањето, а додека ЕВН Хоум нема наведено колкава промена бара на цената и тоа е во ред, бидејќи ЕВН Хоум во текот на јуни треба да ја направи набавката на електричната енергија на тендерот којшто треба да го распише во текот на наредниот месец, а исто така не го знае колкав ќе биде трошокот за пренос и трошокот за дистрибуција на електрична енергија“, појасни Бислимоски.

Во одговор на прашање посочи дека се уште траат анализите за воведување евтина дневна тарифа за струја и, како што рече, РКЕ во наредните 10 до 15 дена ќе ја информира јавноста кога точно и за кој период ќе започне примената на евтината тарифа. Додаде дека последните денови во текот на денот, во периодот од 10 до 16 часот, на берзата ХУПЕКС или има негативни цени на електричната енергија, кои се до минус 20 евра за мегават час или, пак, има цени многу блиску до нула.

„Јасно е дека евтината тарифа ќе биде воведена, односно ќе биде повторно вратена како што ветивме кога ја укинавме кога како држава бевме соочена со драматична енергетска криза и драматично високи цени. Воведувањето на евтината тарифа е само следење на пазарот на електрична енергија не само во Македонија, туку и во регионот. Нема никаква политика. Единствена цел ни е во тој период, во тие два часа, да испратиме сигнал да се купува евтина електрична енергија од фотоволтаиците и за сметка на тоа да се заштеди водата како многу битен ресурс и исто така, да се заштити јагленот. Да си ја чуваме водата и да си го чуваме јагленот затоа што ни претстои нова грејна сезона и треба и тогаш да бидеме подготвени и да си обезбедиме електричната енергија како што ја направивме изминатата година пред се од домашно производство“, посочи Бислимоски.

Нагласи дека и во зимскиот период во текот на денот на берзите ќе има пониска цена на електричната енергија заради зголеменото производство од фотоволтаици во Европа, но и кај нас. До крајот на годинава очекува во земјава да има фотоволтаици со инсталирана моќ од 250 до 300 мегавати.

„Ги правиме последните анализи. Ги гледаме и кои се случувањата на берзата, јасно е дека евтината дневна тарифа ќе биде во периодот од 11 до 16 часот, но точно кои два часа ќе бидат ќе ни покажат последните анализи кои ги правиме со цел да важи период кога имаме реално најниски цени на пазарот на електрична енергија и во Македонија, а и во регионот“, истакна Бислимоски.

Нагласи дека сите граѓани нема одеднаш да добијат евтина дневна струја, бидејќи ќе треба ЕВН да ги прилагоди броилата од кои најголем дел немаат далечинско отчитување и за сите ќе треба да се излезе на терен за да се променат.

„Очекуваме од операторот на дистрибутивниот систем со којшто држевме веќе неколку состаноци да ни каже точни претпоставки како ќе оди промената на софтверот на броилата бидејќи, за разлика од претходно сега во скапата тарифа имаме четири посебни блока, односно четири посебни цени, дали ќе треба софтверска промена да се прави на броилата, а сигурно ќе треба да се направи и промена на билинг системот имајќи во предвид дека одредена количина на електрична енергија во билингот треба да се интервенира бидејќи нема да биде во ниту еден од блоковите, туку ќе отиде во евтината тарифа“, прецизира Бислимоски.

На прашање како ќе влијае евентуалното зголемување на ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто од први јули годинава врз цената на електричната енергија, посочи дека РКЕ кога ги носи своите цени, носи цени без ДДВ, така што врз нивната одлука тоа ќе нема никакво влијание.

дневна тарифа Марко Бислимоски РКЕ цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.