Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КФОР: Приштина и Белград да преземат одговорност за настаните на северот на Косово

0
By Соња Крамарска on May 30, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 30, 2023 11:21

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча побара од Косово и Србија да преземат целосна одговорност за настаните што се случија вчера на северот на Косово и да не се кријат зад лажните наративи.

Ристуча, исто така, побара од партиите да спречат секаква понатамошна ескалација на ситуацијата, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека за време на протестот во општина Звечан, вчера, биле повредени 30 нивни војници.
„Од повредените војници, 11 се од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент. Тие се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од рачно изработени експлозивни направи. Тројца унгарски војници се ранети со употреба на огнено оружје, но повредите не се опасни по живот“, соопшти КФОР.

Од КФОР велат дека го зголемиле своето присуство во четири општини во северно Косово за да го намалат ризикот од ескалација откако новоизбраните градоначалници се обидоа да ја преземат функцијата.

Во соопштението се наведува дека командантот на мисијата на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча лично го следи развојот на ситуацијата и изразува солидарност со војниците на НАТО кои беа повредени за време на конфликтот и нивните семејства.

Ристуча рече дека неиспровоцираните напади врз единиците на НАТО се неприфатливи и дека КФОР ќе продолжи непристрасно да го исполнува својот мандат.

„За да се избегнат конфликти меѓу страните и ризикот од ескалација, мировните сили на КФОР спречија закани по животите на косовските Срби и на косовските Албанци. Двете страни треба да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација, наместо да се кријат зад лажните наративи“, вели Ристуча.

КФОР, како што е наведено, ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово, во согласност со мандатот од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година.

По синоќешните тензии на северот на Косово, ноќта поминала мирно, а утрово силите на КФОР, со опрема за разбивање на демонстрации веќе имаат поставено нов кордон на неколку стотини метри од зградата на локалната самоуправа во Звечан каде повторно има најави за протести против градоначалниците Албанци во општините со српско мнозинство.

Во вчерашните протести пред седиштето на општина Звечан беа повредени најмалку 53 лица, во кои припадниците на КФОР употребија солзавец за растерување на толпата граѓани, кои возвратија со камења, стаклени шишиња и други предмети.

Вчера српскиот претседател Александар Вучиќ, во своето вонредно обраќање до јавноста, го обвини премиерот на Косово, Албин Курти, дека е одговорен за случувањата пред општинската зграда во Звечан каде што дојде до судир меѓу припадниците на мисијата на НАТО – КФОР и косовските Срби кои излегоа на протести.

Вучиќ, денеска, во Белград има средба со амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија и со шефот на делегацијата на ЕУ.

 

Косово КФОР повредени протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.