Author: Соња Крамарска

Албанскиот парламент доцна попладнево го изгласа началникот на одбраната Бајрам Бегај за нов претседател на земјата, што е главно церемонијална функција. Генерал-мајор Бајрам Бегај (55) стана началник на одбраната на вооружените сили на Албанија во 2020 година, откако имаше различни позиции во армијата, главно во областа на медицината. Бегај ќе ја преземе функцијата во јули од претседателот во заминување Илир Мета. Тој е избран во четвртиот круг на гласање, откако во три претходни круга не беше постигнат консензус. Во првите три круга беше потребно мнозинство од три петтини од гласовите за да се изгласа новиот претседател. Бегај е избран со…

Read More

Мал приватен авион денес по грешка влегол во воздушниот простор во близина на летната куќа на претседателот Џо Бајден во Делавер, што предизвика кратка евакуација на претседателот и првата дама, соопштија Белата куќа и Тајната служба. Белата куќа соопшти дека нема закана за Бајден или неговото семејство и дека се преземени мерки на претпазливост. Откако беше проценета ситуацијата, Бајден и неговата сопруга Џил се вратија во нивниот дом. Во соопштението на Тајната служба се вели дека на авионот веднаш му била испратена воздушна придружба откако „по грешка влегол во забранет простор“. Агенцијата соопшти дека ќе го испрашува пилотот кој, според…

Read More

 Пожарот што попладнево избувна во подножјето на планината Имитос во Атина и брзо од една, се прошири кон друга населба во јужниот дел на градот, сè уште не е ставен под контрола. Зголемен е бројот на пожарникари кои интервенираат и од копно и од воздух, а превентивно се евакуираат жители, децата сместени во Детските села СОС, како и Дом за стари лица, што се во близина на пожарот, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на општината каде што е пожарот Григорис Константелос, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека одлуката за евакуација е превентивна. Според грчките медиуми, две повозрасни…

Read More

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски по повод пожарот во раните утрински часови на влезната врата на центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, Северна Македонија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. На вонредната средба што се одржала денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изразила загриженост и најостро го осудила делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. „Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините…

Read More

Уште една провокација, варварски чин и дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија – вака претседателот на Бугарија Румен Радев го квалификува палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Радев порачува дека „институциите во Република Северна Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор”, пренесува БГНЕС.

Read More

Министерот Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска заедно со тимовите на министерствата за надворешни работи денес одржаа работна средба како дел од дводневната работна посета во Северна Македонија, соопшти малку Министерството за надворешни работи. „Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија“, се вели во соопштението. Разговорите ќе продолжат и во текот на наредниот ден и дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои во насока на изнаоѓање…

Read More

Актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски е избран за претседател на Нова социјалдемократска партија на денешниот петти конгрес на партијата. „Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на Петтиот конгрес кој се оддржа во Скопје. Од присутни 426 делегати правото на глас го остварија 314 делегати од нив: 308 за, 3 против, 3 неважечки ливчиња. Честитки! Со среќа и многу успеси да ја води НСДП“, објавија од партијата.

Read More

Медитеранските земји кои се на главните мигрантски рути кон Европа годинава очекуваат повеќе од 150.000 мигранти, бидејќи недостигот на храна предизвикан од конфликтот во Украина може да предизвика нов бран на миграција од Африка и од Блискиот Исток. Според податоци на Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) околу 36.400 баратели на азил и мигранти годинава веќе пристигнале во Италија, Шпанија, Грција, Кипар и Малта. Бројките сè уште се значително помали отколку во 2015 година, кога повеќе од еден милион мигранти пристигнаа во пет земји, бегајќи од сиромаштијата и конфликтите низ Африка и Блискиот Исток. (МИА)

Read More

Четириесет и седумгодишна жена од Скопје е прегазена денеска на булеварот „Никола Карев“ познат како „Пластичарска“ улица. Пешакот Т. Р. починала на самото место. Смртта била констатирана од страна на лекар. На местото на несреќата излегла увидна екипа од полицијата од Скопје. Возилото „Сеат -Леон“ со скопски регистарски ознаки, го управувал 16 – годишник од Скопје.

Read More

Пејачката Мараја Кери е тужена за кршење на авторски права поради нејзиниот божиќен мега-хит од 1994 година, All I Want for Christmas is You. Текстописецот Енди Стоун вели дека напишал песна со истото име пет години претходно и дека Кери ја искористила неговата „популарност“ и „стил“. И покрај тоа што имаат ист наслов, двете песни изгледаат музички различни, но Стоун тврди дека Кери предизвикала конфузија за неговата песна и не побарала дозвола. All I Want for Christmas is You на Мараја Кери е еден од најпознатите божиќни хитови на сите времиња. Откако се појави на албумот Merry Christmas во 1994 година,…

Read More

Организацискиот секретар на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Кристијан Трајковски на денешниот Конгрес на кој партијата треба да избере наследник на Тито Петковски, не се самокандидираше како што најавуваше во претходните денови. „На денешниот, петти конгрес на НСДП, видовме дека Горан Мисовски продолжи со своите намери да им го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија“, вели тој. „Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на…

Read More

„Овој инцидентот нема да ги наруши односите, но неговото расчистување ќе биде доказ од Северна Македонија дека не се користи насилство и дека е против говорот на омраза. Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам пак, продолжуваме. Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот“, рече министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, која го прекина состанокот во Скопје и замина за Битола. Генчовска на прашањето дали ќе го дигнат ветото за почеток на пристапните преговори…

Read More