Четириесет и седумгодишна жена од Скопје е прегазена денеска на булеварот „Никола Карев“ познат како „Пластичарска“ улица. Пешакот Т. Р. починала на самото место. Смртта била констатирана од страна на лекар. На местото на несреќата излегла увидна екипа од полицијата од Скопје.

Возилото „Сеат -Леон“ со скопски регистарски ознаки, го управувал 16 – годишник од Скопје.