Author: Соња Крамарска

На средбата во Вашингтон со државниот секретар на САД Ентони Блинкен, шефот на дипломатијата Бујар Османи кој ја предводи македонската делегација во стратешкиот дијалог со САД му заблагодари за исклучителната организација на дијалогот, истакнувајќи дека ова е важен ден за Република Северна Македонија, јави прес-службата на македонското МНР. „Отпочнувањето на стратешкиот дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија претставува значајна пресвртница во нашите севкупни билатерални односи и мислам дека е логичен чекор напред по 30 години воспоставени дипломатски односи и 15 години стратешко партнерство, а особено две години сојузништво во НАТО“, истакна Османи. Според Османи овој моментум ќе…

Read More

Комисијата за избори и именувања со задоцнување од половина час  ја продолжи расправата за избор на уставни судии откако од девет предложени вчера го утврди само предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија. Комисијата треба да се произнесе уште за осум судии. Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска денеска отвори расправа за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Родна Живковска, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, да биде уставен судија.  – Ќе беше посоодветно ако им дозволевме на самите кандидати да се претстават, а ние да им поставуваме прашања, но за жал тоа не беше поддржано…

Read More

Драмскиот театар Скопје ќе учествува на 56-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ. Претставата е во официјалната конкуренција на фестивалот и ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ на 4 јуни (сабота) со почеток во 19:00 часот. Минатата недела по 31 година пауза, Драмски театар со претставата „Се викам Горан Стефановски“ гостуваше на 67-то „Стеријино позорје“. Публиката во Нови Сад со овации го поздрави враќањето на актерите на Драмски театар на сцената на еден од најзначајните регионални театарски фестивали. Драматург на претставата е Бранислава…

Read More

Околу 800 луѓе, вклучително и деца, се кријат под хемиската фабрика Азот во клучниот источен украински град Северодоњецк, кој е под интензивно руско гранатирање, изјави Серхи Хаидаи, гувернер на регионот Луганск. Локалните жители најдоа засолниште во подземни скривници од советската ера, изјави тој за Си-Ен-Ен. „Таму има локални жители, од кои било побарано да го напуштат градот. Но, тие одбија. Има и деца, но не многу“. Вчера, Хаидаи рече дека е можно да има уште залихи на опасни хемикалии во објектот. Локалните власти соопштија дека руските сили пукале врз фабриката Азот и „погодиле една од административните згради и складиштето каде…

Read More

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Четворица од нив, заедно, извршиле повеќекратно кривично дело трговија а останатите двајца се товарат дека индивидуално го извршиле го истото кривично дело. Во временскиот период од декември 2021 до април 2022 година, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на жртвата, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и…

Read More

Денеска во Лондон започнаа четиридневните прослави во чест на 70-годишнината на тронот на кралицата Елизабета Втора. Официјалните прослави за платинестиот јубилеј започнаа со Trooping the Color, годишен воена парада со која од 1760 година се одбележува официјалниот роденден на суверенот. Се очекува кралицата да им се придружи на членовите на нејзиното семејство на балконот на Бакингемската палата на крајот на настанот, кога над палатата и насобраните граѓани пред балконот ќе протатнат 70 воени авиони на Кралското воздухопловство, наредени во свечена формација и во бојата на британското знаме. Прославата на владеењето на Елизабета вклучува богослужба на благодарноста утре во катедралата Свети…

Read More

„Долго време бевме трпеливи и имавме разбирање за економската состоја во нашата држава. Но на трпението му дојде крајот. Мора да се избориме за нашите права и за достоинствени плати. Доколку ние тоа не го направиме никој за нас тоа нема да го направи. Ние сме претставници на научната заедница и свеста и совеста на нашето општество.  Ние сме тука за нашите студенти, за нивното образование затоа што тие се иднината на нашата држава“, рече денес професорот на Правниот факултет Ангел Ристов на протестот на наставниот и ненаставниот кадар на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој се одржува пред Ректоратот.…

Read More

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на дрога и спречување на службено лице во вршење службено дејствие. На 31 мај, осомничениот 24-годишник од Охрид, опишува Обвинителството, на магистралниот пат Прилеп-Градско пренесувал 86,11 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за натамошна продажба. Дрогата ја сместил во четири патни торби, на задното седиште од автомобилот, па во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп бил сопрен од полициски службеници. Кога се обиделе да извршат контрола, со употреба на сила,…

Read More

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против три лица кои злоупотребиле средства на Европската заедница, соопшти попладнево обвинителството. Првообвинетата во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост…

Read More

Врховните судии ја потврдија затворската пресуда за предметот „Рекет“ каде на Катица Јанева и беше одредена седумгодишна затворска казна, а на Бојан Јовановски му беше изречена деветогдишна затворска казна. Ова е трета инстанца која одлучуваше по овој предмет, по Кривичниот суд и Апелацискиот суд, која ја потврди пресудата. „Врховниот суд ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот познат во јавноста под името ‘Рекет’, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, соопштија од Врховен суд.

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, призна дека силите на Киев во моментов трпат до 100 жртви и 500 ранети секој ден. Во интервју за американскиот телевизиски канал Newsmax што се емитуваше вчера, Зеленски рече:„Ситуацијата е многу тешка. Губиме 60-100 војници дневно кои се убиени во акција и околу 500 луѓе ранети во акција. Најтешка е ситуацијата на истокот на Украина и јужниот дел на Доњецк и Луганск“, додаде Зеленски. Украина и нејзиниот народ се „одбранбен периметар“ за светот против агресијата на Владимир Путин, изјави тој за каналот. „Мораме да сфатиме која е мрачната сила: тоа е Русија. И Русија сигурно…

Read More

Скопската општина Бутел додели парични ваучери на најдобрите ученици од општинските основни училишта. Поединечната вредност на ваучерите изнесува  од 10.000 до 12.000 денари. На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им се доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари. На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им се доделени парични ваучери во вредност од 10.000 денари. „Вложуваме максимално во образованието, континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици“, порача градоначалникот Дарко Костовски.

Read More