Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесено обвинение против Лидија Димова за злоупотреба на 320 илјади евра европски пари

0
By Соња Крамарска on June 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2022 15:24

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против три лица кои злоупотребиле средства на Европската заедница, соопшти попладнево обвинителството.

Првообвинетата во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и друго, се вели во соопштението.

Во тоа време директорка на Националната агенција беше Лидија Димова, која подоцна под огромен притисок на јавноста беше сменета од оваа позиција.

Понатаму се додава дека таа занемарувајќи ги Анексот II од Водичот на Европската комисија и Планот за јавни набавки на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност за 2018 година во пет наврати постапила спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на парични средства сопственост на буџетот на Република Северна Македонија или средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име, не објавила оглас за јавни набавки, не ги почитувала општите правила и не спровела постапки за јавни набавки од делокругот на тековното работење на Агенцијата, туку склучувајќи договори со четири правни лица им овозможила на истите да се стекнат со имотна корист.

Во исто време, се вели, првообвинетата постапила спротивно и на Уредбата за изменување на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство и спротивно на одредбите од подзаконските акти со кои е прецизирано работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности.

Второобвинетиот времено ангажиран како надворешен соработник, заедно и по претходен договор со првообвинетата, во временскиот период од почеток на 2019 година до месец април 2020 година употребувајќи факсимил што му го дала првообвинетата изготвил десет обрасци за „каса исплати“ и прикажал невистинити податоци дека наведениот износ на парични средства претставува аванс за негово службено патување, без притоа да приложи соодветна документација пропишана во подзаконските акти. Врз основа на овие обрасци од страна на третообвинетата – благајник во Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност му биле исплатени парични средства во вкупен износ од 943.757,00 денари.

Третообвинетата, како службено лице, благајник во Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност пропуштила должен надзор и несовесно постапила при вршење на своите овластувања и должности и со тоа за друг прибавила поголема имотна корист. Таа, обрасците со невистинита содржина ги примила од второобвинетиот, иако немале оригинален потпис на првообвинетата, ниту пропратна документација и спротивно на работните обврски на нејзиното работно место не изготвила благајнички дневник и касов извештај од благајната и на второобвинетиот му ги исплатила паричните средства за наводните службени патувања.

Со опишаните дејствија, наведуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, обвинетите предизвикале штета на други средства на државата – средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име во вкупен износ од 19.945.731,00 денари или околу 320.000 евра, при што првообвинетата сторила две кривични дела и тоа кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и чл.45 од Кривичен законик и кривично дело измама на штета на средства на Европската заедница од член 249 и член 22 од Кривичен законик, а второобвинетиот сторил кривично дело измама на штета на средства на Европската заедница од член 249 и член 22 од Кривичен законик и третообвинетата сторила кривично дело несовесно работење во службата од член 353 од Кривичен законик, објасни Обвинителството.

Лидија Димова обвинение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.