Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Продлабочувањето на соработката со САД и зајакнување на нивното присуство е многу значајно во контекст на безбедносните предизвици по руската инвазија врз Украина, изјави денес шефот на дипломатијата Бујар Османи, по состанокот со Карен Донфрид, помошничка државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. Османи се осврна и на блокадата врз евроинтеграциите на нашата земја. „Забрзувањето на евроинтеграциите е важно и за Северна Македонија, но и за целиот регион и за партнерите. Време е да се деблокира пристапувањето кон ЕУ, да се одобри преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција“, рече министерот за надворешни работи. Суштинска вест…
Некои од најголемите европски увозници на гас се подготвуваат да платат во рубљи, известува Фајненшл тајмс појаснувајќи дека увозниците се подготвени да се согласат со руските барања дека енергијата мора да се плаќа во рубли. „Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да користат нов систем за плаќање за рускиот гас што го бара Кремљ, за кој критичарите велат дека ќе ги намали санкциите на ЕУ, ќе го загрози единството на блокот и ќе испорача милијарди во готовина за руската економија“, наведува весникот. Дистрибутерите на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубљи во…
Доколку Финска и Шведска одлучат да аплицираат во НАТО, процесот на пристапување „ќе оди брзо“ и ќе бидат воведени привремени мерки додека не станат формални членки на алијансата, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Ние сме во дијалог со Финска и Шведска и тоа е нивна одлука. Но, ако одлучат да аплицираат, Финска и Шведска ќе бидат срдечно добредојдени и очекувам процесот да оди брзо“, рече тој. „Секоја нација во Европа има право да одлучува за својата иднина. Така, кога Русија се обидува на некој начин да се закани, да ги заплаши Финска и Шведска да не…
Полска и Бугарија добиваат гас од нивните соседи од ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Изјавата на претседателката на ЕК дојде откако рускиот енергетски гигант Гаспром ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија, бидејќи двете земји одбија да му платат на рускиот енергетски гигант во рубљи. Во изјавата, Фон дер Лајен го нарече тоа „уште една провокација од Кремљ“ и ја обвини Москва дека користи гас за „уцена“ на блокот. „Ова е нешто за што Европската комисија се подготвуваше, во тесна координација и солидарност со земјите-членки и меѓународните партнери. Нашиот одговор ќе биде итен,…
Премиерот Димитар Ковачевски и заменик премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаа средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји. Кабинетот на Ковачевски соопшти дека на средбата заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на регионот се потреба на државите во регионот но и на самата Европска унија. Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, бидејќи во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, се наведува во соопштението. Ковачевски рекол дека тој останува посветен на…
„Чест ми да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно”, рече Заев по повод петгодишнината од нападот на Парламентот. Тој рече и дека денешниот датум 27 април, затоа, е и симболичен датум да му ја честита победата на Макрон. „Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи…
Чест ми е да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно, рече екс премиерот Зоран Заев денес на панелот за иднината на Европа, што се одржува во Струмица во организација на француската амбасада. Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи нова победа на европските вредности…
Тројца учители од Кина и еден возач се убиени во самоубиствен бомбашки напад во близина на центар за учење кинески јазик во најголемиот пакистански град Карачи. Четворицата биле во комбе во близина на Институтот Конфучиј на Универзитетот во Карачи, кога експлозијата одекнала во возилото, изјави пакистанската министерка за внатрешни работи Рана Сана Улах за Си-Ен-Ен. Ослободителната војска на Балузи (БЛА), милитантна сепаратистичка група од пакистанската југозападна провинција Балучистан, ја презеде одговорноста за, како што вели, самоубиствениотнапад. Четвртиот кинески учител е повреден во експлозијата, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. „Крвта на кинескиот народ не треба да се пролева залудно, а оние што…
118-годишна калуѓерка сестра Андре која живее во дом за стари лица во јужна Франција стана најстарата жива личност на светот, според Гинисовата книга на рекорди. Сестра Андре е, исто така, најстарата жива калуѓерка на светот и најстарата калуѓерка досега. Родена како Лусил Рандон на 11 февруари 1904 година, сестра Андре го посветила најголемиот дел од својот живот на верска служба. Пред да стане католичка калуѓерка, таа се грижела за деца за време на Втората светска војна, а потоа поминала 28 години грижејќи се за сирачиња и стари лица во болница. Сестрата Андре, која живее во близина на францускиот град Тулон,…
Поминаа 100 дена од Владата на премиерот Димитар Ковачевски а првиот впечаток е дека ова се први 100 дена од влада во кои економијата доминираше повеќе од политиката. Иако едно од „наследствата“ што ги остави претходната влада е решавањето на спорот со Бугарија, два неочекувани фактори го оттргнаа вниманието од ова важно политичко прашање. Првиот фактор е војната во Украина која емитува воена психоза и во останатиот дел на Европа, а вториот е зголемената минимална плата која доведе до незадоволство и штрајкови во останатите сектори. Но со оглед дека во Македонија политичките а не економските прашања се тие што ја…
Со главната обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција разговаравме на повеќе теми: дали има амбиции да го замени Љубомир Јовески, дали смета дека се прави доволно на планот на борбата против криминалот, дали се плаши, но и за нејзиното учество на Шарената револуција и дали лично таа е задоволна од тоа колку се исполнети целите на “револуцијата”. НОВА: Дали останувате на сегашната функција или имате амбиции да го замените Јовески? -За местото на Јовески сè уште немам размислувано дали би сакала да бидам на таа функција. Јовески е сè уште на таа функција како државен главен обвинител. Доколку…
По пребројани 85,17 отсто од гласовите, како што јави словенечки Дневник, победничка партија е централно-левичарското Движење за Слобода на Роберт Голоб со 33,73 отсто од гласовите или 42 пратенички места. Следуваат СДС на премиерот Јанез Јанша со 24,45 отсто или 26 пратенички места, и другите помали партии на кои ќе им припаднат 20 пратенички места. Во Движењето за слобода беа изненадени од победата. „Ова на некој начин е изненадување за нас, но пред се е празник на демократијата, празник на сите луѓе кои сакаат слободен живот во земја каде што ќе бидеме почитувани, слушани, каде што човековите права, основните слободи…