Author: Соња Крамарска

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој победи на денешниот втор круг од претседателските избори, вечерва излезе меѓу своите поддржувачи и сопартијци во Париз за да ја прослави победата над противкандидатката од екстремната десница, Марин Ле Пен. Пред да се качи на говорницата и да одржи победнички говор, на настанот кој се пренесува во живо на неговиот Фејсбук профил, се слушаа звуците на европската химна „Ода на радоста“, како прилог на триумфот дека неговата победа ќе ја зацврсти Европа, наспроти политиките за кои се залагаше Ле Пен. Според проекциите што ги објавија Француската телевизија и Радио Франција, Макрон на денешното гласање освои…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа ги демантира шпекулациите дека од магацин во Охрид пред неколку дена било украдено оружје.  „Таквите шпекулации коишто сакаат да ги употребат за дневнополитички цели не користат никому. Значи, ова е прирачен магацин којшто имаше одземени предмети коишто биле таму складирани и дел хемиски средства коишто го користел СВР Охрид. Така што воопшто не станува збор за кражба на оружје, а секако дека сите истражни дејствија се насочени кон откривање на сторителите“,  вели министерот во интервјуто. Министерот вели дека кражби се случуваат секаде, престапници и криминалци постојат насекаде, но важно…

Read More

На денешниот втор круг од претседателските избори, првите проекции покажуваат дека досегашниот претседател на Франција Емануел Макрон однесе победа над десничарската кандидатка Марин Ле Пен, освојувајќи 58 проценти од гласовите наспрема 42 проценти на противкандидатката. Аналитичарите забележаа дека победата на Макрон сепак сега е потесна во споредба со нивниот претходен натпревар во 2017 година. Макрон (44) ќе испише историја со тоа што ќе стане првиот француски претседател кој е реизбран во последните 20 години. Ле Пен (53) се кандидираше за претседателската функција по трет пат. Обраќајќи им се на приврзаниците во Париз, таа рече дека големиот број гласови сè уште е…

Read More

Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, а ЕУ да биде гарант за менување на Уставот. „Сметам дека португалскиот предлог како основна рамка за идеите кои се разменуваат меѓу двете влади последните недели останува најдоброто решение за деблокирање на европската перспектива на Северна Македонија и на регионот“, изјави Османи за Телма. Бугарскиот премиер Кирил Петков, пак, и денес во изјава…

Read More

„Јас бев шеф на Одделението за општ криминал. Стојам позади сите обвиненија кои сум ги работела во тоа време“, вели главната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во ексклузивното интервју за НоваТВ, одговарајќи на прашањето за нејзината обвинителска работа во времето на режимот на Груевски. На прашањето дали сега е задоволна од сработеното како шефица на Одделението за гонење на организиран криминал, Русковска вели дека е само делумно задоволна. „Мислам дека доста предмети сработивме за кои постоеше голем интерес во јавноста. Дел од предметите за кои јавноста исто така ќе биде заинтересирана се во истражна или предистражна постапка.…

Read More

Наместо да застане зад државните интереси, Христијан Мицкоски и на верски празник шири невистини, неосновано ја плаши јавноста, со што ги поткопува државните позиции, соопшти СДСМ. „Нема да има никаква асимилација на македонскиот народ, ниту граѓаните ниту СДСМ тоа ќе го дозволат. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Ова е идентично однесување на Мицкоски кој лажеше дека државата ќе ни се распарчела, кој пред Бојко Борисов велеше дека ‘го поткрепа’договорот“, се вели во соопштението. „Тоа е Мицкоски, на денот кога сите се свртени кон духовното, тој продолжува да тера политиканство и лажни вести“, велат од владејачката партија.

Read More

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека „итно е потребен итен и непречен хуманитарен пристап“ до опколениот украински град Мариупол. Во соопштението за печатот пред малку, Црвениот крст рече дека е „длабоко вознемирен од ситуацијата во Мариупол, каде на населението му е очајно потребна  помош“. Руските сили продолжија да го напаѓаат градот и денеска, изјави украинскиот капетан Свјатослав Паламар во велигденската порака. Војниците на Азов – првично формирани како националистички волонтерски баталјон, но потоа претопени во украинската војска — продолжуваат да даваат отпор во опколената фабрика Азовстал. Украинските власти проценуваат дека 100.000 цивили бараат евакуација од разурнатиот град. „Итно е потребен…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавата на Кирил Петков за евентуално тргање на ветото и внесување на Бугарите во македонскиот Устав, рече дека тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со месеци наназад – дека нашите билатерални проблеми и сите барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка. „Што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или ќе нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи прва меѓувладина конференција“, изјави тој. „Но јас сум убеден…

Read More

„Посетата на бугарската делегација на отворањето на културните клубови предизвика голема бура во медиумите во Северна Македонија. Со ваквиот однос на македонската влада, опозиција и македонскиот народ, се докажува дека Северна Македонија не е спремна и е многу далеку од европскиот пат. Не може некоја држава да бара да стане членка на европското семејство, а притоа да не ги исполнува европските вредности“, вели во колумната „Воскресенето треба да ги обедини Бугарите и Македонците“, објавена на насловната страница на бугарската агенција БГНЕС, авторот Тодор Вангелов, потпишан како македонски Бугарин од Скопје. „Денес сме сведоци дека, и покрај сите макотрпни напори што…

Read More

Во Управата за финансиска полиција се постапува по наредба добиена од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по која се вршат проверки, и сите тие проверки на крај ќе резултираат со исход кој ќе покаже зошто имотот на „Трансмет“ не можел да биде конфискуван, вели директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, во интервју за порталот Локално. Тој во интервјуто посочува дека на барање на Финансиската полиција Основниот граѓански суд им ја доставил целокупната документација од стечајниот предмет, како и дел од предметите кои се водат пред истиот суд, а…

Read More

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека руските сили и денес на Велигден „континуирано ја напаѓаат“ опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол. „Православен Велигден 2022 година. Но, токму сега, Руската Федерација континуирано го напаѓа Мариупол и Азовстал“, рече тој на Твитер. „Местото каде што се наоѓаат нашите цивили и војска е гранатирано со тешки воздушни бомби и артилерија. Русија уште трупа сили и опрема за напад“, вели Подољак. Рускиот претседател Владимир Путин изминатата седмица тврдеше дека руските сили го постигнале „ослободувањето“ на Мариупол, но им нареди да не ја преземат фабриката Азовстал, последниот голем бастион на украинската одбрана…

Read More

Вчера попладне полициски службеници од Карпош привеле малолетник од Скопје поради тешка кражба која ја извршил на  најдрзок можен начин. Имено, истиот ден околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош пријавениот малолетник на девојка и одзел златен ланец од вратот. По приведувањето сторителот бил испрашан во полиција од страна на полициски службеници специјализирани за малолетничка деликвенција. По соочувањето со девојката, крадецот бил препознаен. Полицијата ќе преземе натамошни мерки, се вели во соопштението. (Р.Н.)

Read More