На денешниот втор круг од претседателските избори, првите проекции покажуваат дека досегашниот претседател на Франција Емануел Макрон однесе победа над десничарската кандидатка Марин Ле Пен, освојувајќи 58 проценти од гласовите наспрема 42 проценти на противкандидатката. Аналитичарите забележаа дека победата на Макрон сепак сега е потесна во споредба со нивниот претходен натпревар во 2017 година.

Макрон (44) ќе испише историја со тоа што ќе стане првиот француски претседател кој е реизбран во последните 20 години.

Ле Пен (53) се кандидираше за претседателската функција по трет пат. Обраќајќи им се на приврзаниците во Париз, таа рече дека големиот број гласови сè уште е „победа“ за нејзината партија.

Европските лидери почнаа да му честитаат на Макрон, велејќи дека тоа е победа за единството на ЕУ.