Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународниот комитет на Црвен крст бара итен хуманитарен пристап до Мариупол

0
By Соња Крамарска on April 24, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 24, 2022 15:37

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека „итно е потребен итен и непречен хуманитарен пристап“ до опколениот украински град Мариупол. Во соопштението за печатот пред малку, Црвениот крст рече дека е „длабоко вознемирен од ситуацијата во Мариупол, каде на населението му е очајно потребна  помош“.

Руските сили продолжија да го напаѓаат градот и денеска, изјави украинскиот капетан Свјатослав Паламар во велигденската порака. Војниците на Азов – првично формирани како националистички волонтерски баталјон, но потоа претопени во украинската војска — продолжуваат да даваат отпор во опколената фабрика Азовстал. Украинските власти проценуваат дека 100.000 цивили бараат евакуација од разурнатиот град.

„Итно е потребен непречен хуманитарен пристап за да се овозможи доброволно безбедно поминување на илјадници цивили и стотици ранети надвор од градот, вклучително и од областа на фабриката Азовстал“, апелира Меѓународниот комитет на Црвен Крст.

МКЦК направи неколку обиди да евакуира цивили од градот но еден од нивните тимови беше приведен во текот на ноќта од полицијата при обид да стигнат до градот. Откако тимот беше ослободен, портпаролот на МКЦК рече дека инцидентот покажал „колку е нестабилна и сложена операцијата за олеснување на безбедниот премин околу Мариупол за нашиот тим“.

„Секој ден, секој час што минува има ужасна човечка цена“, нагласи МКЦК во денешната порака, додавајќи дека „се подготвува“ да им помогне на страните во конфликтот да се договорат за доброволни аранжмани за евакуација.

Нашите тимови „се поставени за да ги олеснат операциите за безбедно поминување веднаш штом ќе се постигне таков договор и ќе се обезбедат безбедносни гаранции“, порача Црвениот крст. (Си-Ен-Ен)

Мариупол Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.