Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Екс-премиерот Зоран Заев, како што е наведено во неговиот анкетен лист за имотната состојба што го приложил по завршувањето на функцијата, додека бил премиер добил три меѓународни награди за мир со висок паричен износ. Едната е наградата „Фридрих Еберт“ за човекови права добиена во 2020 во Берлин која се состоела од плакета и паричен износ од 10.000 евра што ги дал во здравствениот фонд за борба со Ковид 19. Заев во 2020 година добил уште една награда за мир – Хесенската награда за мир на фондацијата „Алберт Освалд“ во покраината Хесе, Германија која се состоела од плакета и парични средство од…
Велика Британија воведе дополнителни санкции против 12 руски државјани и два медиуми. Меѓу најновите санкционирани се познатиот руски ТВ водител Сергеј Брилев и шефот на меѓународното биро на Спутник, Антон Анисимов. Брилев, кој е и заменик-директор на организацијата на државните медиуми на Русија, е обвинет од владата на Велика Британија за активно вклучување во „пропагирање на дезинформации на Кремљ за руската инвазија на Украина“. Брилев претходно живеел во Велика Британија и повеќе нема да може да пристапи до неговите имоти таму или да продолжи со деловните зделки, соопшти владата. Управниот директор на руската радиодифузна компанија РТ, Алексеј Николов, и извршниот…
Француски ловец „Мираж 2000“ пресретнал патнички авион украден во Италија околу 10:40 часот во средата наутро. Како што јавува Европа 1, пилотот на украдениот авион тврди дека е од словачка националност и дека за време на летот прелетал над Ница и Тулон. Поради инцидентот, привремено е затворен авиосообраќајот во тој дел на францускиот Медитеран. Станува збор за инцидент кој ги стави во „погон“ новите француски воздухопловни сили од воената база Оранж. Пилотите на воените авиони го принудиле патничкиот авион итно да слета на пистата на аеродромот Екс-Лес Милс. Пилотот го летал украдениот авион на мала височина и без план за…
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро сега е за осум сантиметри понизок од просечниот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,71 метар е и нивото на Преспанското Езеро со што е на два сантиметра над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Повисок од просечниот е само водостојот на Дојранското Езеро и тоа за 2,84 метри. Пониски од просечните се и нивоата на најголем дел од реките во земјава. Единствено…
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со неколку министри денеска присуствуваа на свеченоста на која беа презентирани резултатите од Пописот 2021. „Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен во периодот од 5 септември до 30 септември минатата годинa, како што беше речено на свеченоста, по речиси 20 години е успешно реализиран и дава релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Податоците од Пописот беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни за планирање политики“, се нагласува во владиното соопштение и се додава дека сите…
Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на фудбалскиот натпревар на судијата Лазар Нанев, се вели во соопштението што го издаде највисокото судско тело. „Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста“, додаваат од Судскиот совет. „Во врска со евентуално прекршување на етичките норми напоменуваме дека во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаме предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај навремено…
Од денеска Струмица почнува со акција за субвенционирање при купување на велосипеди. Субвенционирањето ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Мерката се однесува на жителите на општина Струмица кои ќе купат нов велосипед почнувајќи од денеска па се додека бидат потрошени буџетските пари одвоени за таа намена но се нагласува дека повикот трае до 29 април.
Најмала според бројот на жители е општината Зрновци со 2 086 жители, а најголема е општината Куманово со 98 104 жители. Густината на населеност изнесува: 72.2 на км2. Пронајдени се 207 празни населени места. Просечната возраст на населението изнесува 40.08 години. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 отсто – се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е и што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години. Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06. Бројот на странци времено присутни во Република Северна Македонија помалку од 12…
Министерството за финансии ја измени Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште, со што се менува висината на надоместот за приватизација на градежното земјште во државна сопственост. Со измените, за 30 пати се зголемува цената на неизграденото земјиште наменето за колективно домување и комерцијален деловен објект, за стопански производни објекти таа се зголемува за 20 пати. Надоместот за приватизација на државното градежно земјиште, кое е за индивидуално домување или колективно домување кое е изградено, останува непроменет од 61 денар за метар квадратен. Уредбата се однесува на надоместокот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост што се спроведува од страна на…
Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население. Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци. Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои надвор од државата…
Државниот завод за статистика денеска ги објави официјалните резултати од Пописот на земјава што се спроведе во земјава минатата година. Како што објави директорот на ДЗС, Апостол Симовски во земјава вкупниот број на населението изнесува 1.836.713 милиони жители. Симовски во своето обраќање истакна дека Државниот завод за статистика успеал да спроведе успешен попис.
Државната комисија за спречување на корупција во 2021 година оформила 753 предмети против политички и други функционери кои се обврзани да доставуваат анкетни листови за нивната имотна состојба. Предметите се оформени бидејќи тие не доставиле навреме или воопшто не приложиле податоци за имотната состојба на почеток на мандатот и по завршувањето на мандатот. Податоците беа соопштени на денешната седница на Комисијата која беше отворена за медиумите. Во врска со тоа Државната комисија за спречување на корупцијата издала 85 прекршочни глоби. Исто така поради сомневање во точноста на приложените податоци во анкетните листови биле проверени податоците што ги дале 15 членови…