Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на фудбалскиот натпревар на судијата Лазар Нанев, се вели во соопштението што го издаде највисокото судско тело.

„Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста“, додаваат од Судскиот совет.

„Во врска со евентуално прекршување на етичките норми напоменуваме дека во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаме предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности“.