Author: Соња Крамарска

Војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, а Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската. Ова го посочил премиерот Димитар Ковачевски, кој за време на неговата работна посета на Брисел оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамки на учеството на вонредниот Самит на шефови на држави и влади на НАТО. Ковачевски го информирал канцеларот Шолц за напредокот во дијалогот со Бугарија,…

Read More

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје изминатите денови во три смени вршеле контроли и контролирале над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности при што се одземени 9 сообраќајни дозволи на диви превозници. Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел отстранување на дивите превозници во градот. При вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, порачуваат од градскиот инспекторат.

Read More

НАТО ќе ги зајакне своите хемиски, биолошки и нуклеарни одбранбени системи поради стравувањата дека Русија планира да употреби такво оружје против народот на Украина, изјави денес генералниот секретар Јенс Столтенберг. „Нашиот сојузнички воен командант генерал Волтерс ги активира хемиските, биолошките, радиолошките и нуклеарните одбранбени елементи на НАТО, а сојузниците распоредуваат дополнителна хемиска и биолошка и нуклеарна одбрана за да ги зајакнат нашите постоечки и нови групи за поддршка“, им рече тој пред новинарите во Брисел по вонредниот состанок на шефовите на држави и влади. Загриженоста произлегува од „апсолутно лажната“ руска реторика дека САД, НАТО сојузниците и Украина се подготвуваат да…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески имал  средба со истакнати жени претприемачи, бизнис лидери, сопственици на компании членки на Комората. На средбата било разговарано за економската состојба за која оцениле дека е сложена, и дека бара итни мерки за нејзино надминување. Размислувањата и предлозите на истакнатите жени претприемачи, менаџери на сериозни позиции во македонските компании е од особено значење во вака сложени услови на водење бизнис бидејќи потврдена е улогата и моќта на носење успешни одлуки од жените како бизнис лидери. Тоа го покажува и учеството на жените во структурите и формите на делување на Комората кои се присутни со над…

Read More

Првообвинетиот во случајот „Софтвери“ Драги Рашковски тврди дека доказите на Обвинителството за организиран криминал се стекнати на незаконски начин, и побара обвинителката Ивана Трајчева да достави УСБ од вештачењето на телефоните во МВР, односно од вибер комуникацијата на обвинетите која таа ја презентираше во судницата. -Не би било фер ако не го кажам тоа што го мислам, но ако е изведување материјални докази, тогаш ве молам ставете УСБ во комјутерот, рече Рашковски пред судечкиот совет и побара за да се утврди автентичноста на документот да се види кој го креирал и кога бил креиран. -Во спротивно, ова е напишана приказна…

Read More

Како што беше објавено денеска во резимето на првата фаза од швајцарската програма „Зајакнување на општинските совети“ која во изминатите пет години се спроведе во 24 општини во државата, повеќе од 420 општински советници минале низ 100 обуки за да ги подобрат своите знаења и вештини. Истовремено, сите 1.347 советници во државата добиле можност за дигитално вмрежување, учење од далечина и сертифицирање преку наменска веб платформа изработена во рамки на програмата. „Би сакал да ја зголемиме ефективноста и автономноста на општинските совети за поуспешно извршување на нашите задачи и улоги. Затоа, треба да развиеме нови вештини, да ги унапредиме нашите…

Read More

Високи руски воени лидери ги одбија повиците од нивните американски колеги уште пред почетокот на инвазијата на Украина, изјави портпаролот на Пентагон. „Во текот на изминатиот месец, секретарот Остин и претседавачот Мили бараа, и продолжуваат да бараат, повици со нивните руски колеги. Министерот Шојгу и генералот Герасимов досега одбиваа да се ангажираат. Ние продолжуваме да веруваме дека разговарањето меѓу лидерите на одбраната на САД и Русија е критично важно во овој момент“, рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби во соопштението. Си-Ен-Ен претходно објави дека последен пат кога Остин разговарал со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу бил на 18 февруари.

Read More

Застапникот на обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во судскиот предмет во јавноста познат како „Софтвери“, обвинителката Ивана Трајчева, на денешното рочиште изведуваше материјални докази против седуммината обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело, како и за помагање во извршувањето на злоупотребата. Обвинителката во судницата презентираше вибер комуникација помеѓу обвинетите во која, како што тврди, Рашковски во телефонот на еден од обвинетите бил запишан како „Перо“. Од вибер комуникација од 5 јули 2019 беа презентирани вакви пораки: „Нова аудио бомба за Рашковски“, „Не смееме да разговараме за…

Read More

Познатиот трговски ланец Киппер денеска извести дека се врши контрола во некои од нивните маркети, но не прецизираа во кој дел е контролата. „Ве известуваме дека во маркетите Киппер е во тек редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на надлежни службеници, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање“, се вели во известувањето. Управата на маркетите изразува надеж дека во текот на денот ќе биде нормализирано работењето. Трговскиот ланец е со седиште во Желино, тетовско, и има свои маркети во Скопје и ширум државата.

Read More

Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Покрај Вагнер групата, платениците кои рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, ги ангажирал за да го убијат неговиот украински колега, Володимир Зеленски, меѓу нив е и државната компанија Руски железници, јави Би-Би-Си. Досега, Британија воведе санкции против над 1.000 руски правни и приватни лица. Меѓу новите компании, воведени се и санкции против Алфа Банк и Газпромбанк. На листата за санкции се најдоа и шефот на управниот одбор на Сбербанк и поќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Според Би-Би-Си, меѓу санкционираните е градоначалничката на украинскиот град Мелитопол, Галина…

Read More

Полицијата вчера ги уапси А.П.(35) и Р.П.(32), двајцата од Скопје, во чии домови при претрес биле пронајдени и одземени голема ќеса и тегла со марихуана, хашишово масло, амфетамини и ваги за мерење. Двајцата се приведени во полициска станица, а по документирање на случајот против нив скопската полиција ќе поднесе кривични пријави до обвинителството за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Read More

Полициски службеници вчера го приведоа велешанецот М.З. кој се сомничи дека го ограби магацинот на градинката во Велес. Одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што пишуваше НоваТВ тој на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи. М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, посочуваат од МВР.

Read More