Author: Соња Крамарска

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека вчера спровеле засилена контрола на територијата на Република Северна Македонија за брзината на возење. Притоа биле санкционирани 434 возачи. Од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 230 надвор од населено место. МВР најавува дека контролата продолжува и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се одржи безбедноста…

Read More

Апсењето на доскорешниот бугарски премиер Бојко Борисов, речиси и да не е изненадување за никого. Навидум опуштен, досетлив, помпезен во својата појава, Бојко беше подвижен билборд со „реклама“ зошто балканските држави со децении се вртат во круг а нивното население е најсиромашно во Европа. Самата Бугарија од страна на ЕУ е означена како најкорумпирана држава. За време на владеењето на Бојко Борисов Freedom Barometer констатираше дека Бугарија во корупцијата ги надминала и Унгарија, Романија, Грција и Хрватска кои вообичаено важат за жешки коруптивни точки во ЕУ, а според Индексот за владеење на правото доби исти оцени како Русија. Независни посматрачи…

Read More

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска излезе со ново соопштение во кое реагира дека во Северна Македонија се поттикнува антибугарско расположение од политичари и јавни личности кои за таа цел ја злоупотребуваат руската воена агресија во Украина. „Во врска со низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари изминатите неколку денови од страна на политичари и јавни личности во Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи изразува загриженост дека злонамерната кампања против нашата земја има за цел да поттикне антибугарско расположение. Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните начини во Украина како резултат на руската воена агресија.…

Read More

Поранешниот гувернер на Калифорнија и легенда на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, објави деветминутно видео на социјалните мрежи каде ги пофали антивоените демонстранти во Русија, велејќи им: „Вие сте моите нови херои“. Шварценегер се присети на средбата со својот идол, рускиот кревач на тегови Јуриј Петрович Власов, пред да се обиде да го подигне духот на рускиот народ, чија „сила“ и „срце“ „секогаш ме инспирирале“, рече тој. „Затоа се надевам дека ќе ми дозволите да ви ја кажам вистината за војната во Украина и за она што се случува таму. Никој не сака да слуша нешто критичко за нивната влада, јас…

Read More

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Февруарски Поход кон булевар Србија. На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација. Во средината ќе се уредува зелената површина (средишно зеленило) кое e во надлежност на ЈП Паркови и зеленило Скопје. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки. Со завршувањето на изградбата…

Read More

Европската вселенска агенција објави дека ја суспендирала руско-европската мисија на Марс, поради руската инвазија на Украина. „Длабоко жалиме за човечките жртви и трагичните последици од агресијата кон Украина. И покрај тоа што го препознава влијанието врз научното истражување на вселената, ЕСА е целосно усогласена со санкциите наметнати на Русија од нејзините земји-членки“, се вели во соопштението на ЕСА. За време на состанокот во Париз, владејачкиот совет на ЕСА „ја призна сегашната неможност за спроведување на тековната соработка со руската вселенска агенција Роскосмос на мисијата на роверот ЕгзоМарс за лансирање во 2022 година, и му наложи на генералниот директор на ЕСА…

Read More

Минатата недела, беспилотно летало прелета повеќе од 563 километри подалеку од западната граница на Украина пред да се урне во Хрватска, земја членка на НАТО. Дронот носел бомба, соопштија хрватските власти, а сè уште не е јасно дали тоа им припаѓа на украинските или руските сили. Уште еден дрон неодамна навлезе во воздушниот простор на Романија, јужно од Украина. И во вторникот, украинската војска соопшти дека соборила руско беспилотно летало кое повторно влегло во Украина преку полскиот воздушен простор. Трите инциденти со беспилотни летала ја засилија загриженоста дека руската војна во Украина може да се прелее во земјите на НАТО,…

Read More

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари. Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари. Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи…

Read More

Кога Марина Овсијаникова упадна во руското студио во ноќните вести во понеделникот, осудувајќи ја војната во Украина и пропагандата околу неа, нејзиниот протест го истакна тивкиот, но постојан тренд на оставки во строго контролираната руска државна телевизија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари, апелирајќи до секој кој работи, како што го нарекува, за рускиот пропаганден систем, да поднесе оставка. Секој новинар кој работи во четвртата гранка на власта, ризикува санкции и меѓународен трибунал за „оправдување воени злосторства“, предупредува тој. Некои од најголемите навивачи на рускиот претседател Владимир Путин на државната телевизија веќе се соочија со санкции, вклучувајќи го Владимир…

Read More

НАТО нема да ризикува ескалација на војната во Украина со интервенирање со воена сила, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Основната должност на Алијансата е да обезбеди безбедност на сите членки“, рече тој. Германија испраќа финансиска и хуманитарна помош, како и воена стока, во Украина, но Берлин постојано изјави дека нема да испраќа борбени авиони за да им помогне на украинските сили во нивната одбрана од руската инвазија. „Судбината на луѓето во Украина длабоко не допира“, рече Шолц по обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во германскиот парламент. „Путин…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ истапи со реакција на денешниот избор на обвинители во тимот на обвинителката Вилма Русковска. „Русковска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен? Што сакаа да скријат со изборот на ваквите обвинители?“, се вели во соопштението до јавноста. Понатаму се наведува и дека истите обвинители кои до сега не гонеа и штитеа организиран криминал, отсега ќе треба да гонат криминал. „Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија…

Read More

Војната во Украина значително ќе влијае на економското закрепнување и ќе го преполови очекуваниот раст на бруто домашниот производ (БДП) на Германија, оцени денеска Институтот за светска економија во Кил. Годинешниот раст на БДП на Германија, првата европска економија, сега се очекува да биде 2,1 отсто. Се очекува последиците од конфликтот да го ампутираат БДП за околу 90 милијарди евра оваа и следната година и „да го одложат враќањето на германската економија на нивото од пред пандемијата на коронавирус до втората половина на годината“, велат економистите, кои досега прогнозираа раст од четири отсто за 2022 година. (МИА)

Read More