Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсењето на Бојко Борисов е добра вест за регионот

0
By Соња Крамарска on March 18, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 18, 2022 17:04
Апсењето на доскорешниот бугарски премиер Бојко Борисов, речиси и да не е изненадување за никого. Навидум опуштен, досетлив, помпезен во својата појава, Бојко беше подвижен билборд со „реклама“ зошто балканските држави со децении се вртат во круг а нивното население е најсиромашно во Европа.
Самата Бугарија од страна на ЕУ е означена како најкорумпирана држава.
За време на владеењето на Бојко Борисов Freedom Barometer констатираше дека Бугарија во корупцијата ги надминала и Унгарија, Романија, Грција и Хрватска кои вообичаено важат за жешки коруптивни точки во ЕУ, а според Индексот за владеење на правото доби исти оцени како Русија. Независни посматрачи излегоа со оцени дека над десетгодишното владеење на кабинетот на Бојко Борисов го зацврсти принципот на неказнивост за високо профилен криминал, а Бугарија секоја година губеше близу 22 отсто од бруто домашниот производ како резултат на корупцијата.
Бугарија не е единствената земја на тапет во овој дел на Европа, но ударот што му го зададе сега ЕУ и премиерот Кирил Петков на до вчера неприкосновениот моќник во Бугарија и регионот, дава нова надеж дека неславната корупциска статистика полека ќе се надминува. Тоа е важно бидејќи Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2021 година покажа дека државите од Југоисточна и Централна Европа имаат мал или никаков напредок во борбата против корупцијата. Албанија и Босна и Хецеговина се во најлоша ситуација во регионот рангирани на 110 место на листата од 180 држави ширум светот, при што кај Албанија е забележан и пад во однос на претходната година.
Подобрување има кај Северна Македонија, со искачување на листата од 111 на 87 место, а како причина се наведуваат чекорите за кривично гонење на високи функционери за корупција и криминал. Мал напредок има и во Косово, главно поради истите причини како и Македонија, додека пак Црна Гора е со најдобар резултат и се наоѓа на 64 место со тенденција на подобрување од година во година.
Секако овие бројки се далеку од „нормалните“ кои означуваат низок степен на корупција, а регионот и натаму го носи приматот на корупциска енклава на Европа. 
Меѓутоа веста што синоќа одекна за вадењето на Бојко Борисов од дома во пижами (еуфемизам на авторот) е позитивна од повеќе аспекти. Едниот е дека Бугарија вклучително и целиот регион веќе не може да се надеваат на изреката „кучињата лаат, караванот си врви“,  а другиот е дека борбата против корупцијата се води со обвинителските глави подигнати нагоре кон врвот а не надоле кон крадците на ќебапи и точаци. Иако е чесно да се нотира дека лисиците на Бојко Борисов му ги „стави“ главната европска обвинителка Лаура Ковеши која ја посети Бугарија кратко пред бомбастичниот настан, несомнена е логистичката поддршка од владата на премиерот Кирил Петков без чија согласност акцијата не можела да се изведе. Особено што покрај Борисов беа уапсени и негови блиски соработници.
Оваа нова ера во правото и правдата во регионот ја отвори Хрватска ставајќи го зад решетки премиерот Иван Санадер, кој судејќи според висината на казната (16 и пол години за три кривични дела) остатокот од животот ќе го помине во затвор. Само што за разлика од кај нас каде во една корупциска афера се спомнува Луј Витон торба, на Санадер парите му биле носени дома во картонска кутија.
Во регионалните статистики на кривично гонење на претседатели и премиери е и затворската казна на поранешниот претседател на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ кој беше осуден на 5 години затвор но откако се согласи да каже каде се украдените од Будва 15 милиони евра, казната му беше намалена на 3 години и 8 месеци затвор.
Во Македонија имаше неколку судења на премиери и министри, меѓутоа некои од нив осудени и со правосилни пресуди успеаја да го избегнат одењето в затвор. Најсвеж е примерот на избеганиот екс премиер Никола Груевски. Но неговите клучни министри Јанкулоска и Јанакиески ги стигна затворската казна. Поради карактерот на институцијата и големите јавни набавки, низ годините што изминаа на удар на законот се најдоа неколку министри за одбрана од кои еден беше на издржување на затворска казна, а еден успеа да ја избегне иако имаше правосилна пресуда. Почетокот на преговори со ЕУ несомнено за нашава земја ќе биде пресвртна точка од која ќе се интензивира ловот на крупни ѕверки кои правеле криминал во текот на своето политичко владеење.
Истото може да се каже и за земјите од соседството кои се надвор од ЕУ и кои учествуваат во неславните рекорди на присуство на корупција.
Во меѓувреме останува констатацијата дека апсењето на довчерашниот бугарски премиер и долгогодишна сива еминенција во соседството е добра вест за регионот затоа што испраќа силна порака дека нема недопирливи.

 Соња Крамарска

 

апсење Бојко Борисов Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.