Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Министерката за здравство Даница Грујичиќ се обрати до јавноста на прес-конференција од Ургентниот центар по масакрот во околината на Младеновац, каде убиецот (21) пукаше при што загинаа осум лица, а 14 беа ранети. Министерката зборуваше за степенот на повредите на пациентите и рече дека поголемиот дел се уште се во животна опасност. „Медицината не потфрли. Во еден момент работеа 6 операциони сали. Трагедијата е голема, мое искрено сочувство до сите семејства на жртвите. Да почнеме со добрата вест. Две момчиња денеска се ослободени од Тиршова, за жал девојчето се уште е критично. Таа имаше повреда на главата. Момчето и девојчето…
„Горд сум на фактот дека овој Ден беше востановен во 2019 година на моја иницијатива, како претседател на Владата на Република Северна Македонија, и веќе петта година, 5 Мај се слави како Ден на македонскиот јазик“, порача на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев по повод денешниот ден. „Денот е избран во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која, на 5 мај 1945 година, ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис, со што беше кодифициран македонскиот јазик“, вели тој. Заев подвлече и дека Фондацијата „Заев…
Владата предлага измените во Собранието на законите потребни за побрза и поевтина изградба на автопатите од коридорите 8 и 10 да се носат со европско знаменце. Тоа значи побрза процедура и скратување на времето за дискусии во парламентот. На денешната седница Владата донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите. Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде…
Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, во изјава во изјава за „Дојче Веле“ (ДВ) вели дека е убедена оти на јавноста ѝ е познато зошто била разрешена од функцијата. Таа излезе со истата порака како и кога беше разрешена дека во судовите нема место за корумпираните судии и затоа вели, ќе остане да биде член на Судскиот совет додека не се обидат да ја отстранат и оттаму. „Што се крие зад ’вистинските‘ причини за моето повторно разрешување, без присуство на јавноста, со грубо прекршување на сите правила и процедури, убедена сум дека тоа на јавноста и е веќе добро познато. Јас…
„Во Законот за здравствена заштита е јасно наведено дека во една поликлиника е потребно да се обезбеди здравствена дејност на две или повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност. Меѓутоа ниту една од овие здравствени дејности не се обезбедува во поликлиниката во Шуто Оризари, што не е случај со поликлиниките во останатите општини во Скопје“ изјави Борјан Павловски од Здружение ЕСЕ. Ромите и граѓаните од Шуто Оризари се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до основните здравствени услуги од примарната и секундарната здравствена заштита. Имено, кај дури 35% од Ромите од Шуто Оризари…
Дедото на младиот У.Б.(21), кој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14, денеска е уапсен откако полицијата во неговата куќа пронашла бомби, автоматска пушка и муниција, јавува дописникот на Танјуг од Крагуевац. Во куќата на неговиот дедо се криел осомничениот У.Б., каде полицијата го пронашла. Да потсетиме, само еден ден по масовното убиство во белградското основно училиште, синоќа се случи уште еден напад. Напаѓачот У.Б пукал во селото Дубона кај Младеновац каде убил млад полицаец и неговата сестра, а пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац каде убил уште шестмина. Според…
Жителите на селото Мало Орашје во Младеновац, каде синоќа се случи убиство во кое загинаа осум лица, а 14 беа ранети, за српска „Нова“ велат дека се во шок поради трагедијата што ги снашла. „Децата го организираа Ѓурѓовден ден претходно, поради денот на жалост за убиствата во училиштето во Белград. Тие сочувствуваа со своите врсници од Белград кои беа убиени и повредени во тој ужас. Одеднаш се појави тој млад човек и почна да пука. Децата бегаа и врескаа, некои паднаа како покосени“, рекол еден од жителите. Како што раскажал жителот, „сите тие деца биле многу добри, а убиецот како…
Премиерот на Австралија, Ентони Албанес изјави дека задржувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во затвор „повеќе не служи за никаква цел“ и оти тоа е „фрустрирачки“. Асанж веќе четири години е во лондонскиот затвор Белмарш откако беше извлечен од амбасадата на Еквадор. „Мислам дека случајот Асанж треба да се погледне од аспект на тоа што се случило, кои се обвиненијата и дали отслуженото време го надминало она што би било разумно за докажување на обвиненијата“, истакна Албанес за австралиската телевизија Еј-Би-Си. Тој додаде дека постои нееднаквост помеѓу Асанж и свиркачката Челзи Менинг, која е на слобода откако извесен период…
Според неофицијални информации на репортерот на ТВ Нова, Урош Б. пред апсењето упаднал во возило на таксист и под закани го принудил да го одвезе до градот Вињиште. Урош Б. наводно има роднина на ова место и таму планирал да се скрие од полицијата која го следела. Да потсетиме, синоќа Урош Б. уби осум и рани 13 лица откако испука рафали од автомобил во движење. Пукал на три локации во село Дубона, по што почнал да бега. Потрагата по него траеше од синоќа. На теренот имало повеќе од 600 припадници на специјалните сили, а во текот на ноќта се слушале…
Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе. Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин. По полициската акција за потрага по осомничениот, насловена „Вихор“, во која учествуваа повеќе од 600 припадници на МВР, уапсен е сторителот Урош Б. кој и претходно имало пријави за насилство. Ранетите се пренесени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ и општата болница „Свети Лука“ во Смедерево. Двајца од оперираните…
Нема отстапување од тоа што е зацртано во преговарачката рамка, односно со комплетирање на уставните измени да се почне отворањето на првото поглавје, вели шефот на димпломатијaта Бујар Османи. Тој од Њујорк, каде треба да се обрати пред Советот за безбедност на ОН и да ги презентира приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, одржа брифинг со новинарите преку видео врска, на кој рече дека имал сериозни разговори во Брисел за следните чекори, внатрешните динамики и нашите домашни задачи во процесот на евроинтеграцијата. На новинарско прашање дали има разговори со пратеници, која е динамиката за уставните измени и кога очекува да…
Демант на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, беше заглавјето на соопштението што медиумите претпладнево го добија од Министерството за правда. Министерот Кренар Лога, кој рече дека се уште не го добил записникот од смената на Весна Дамева, на што му реплицираше претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски дека нема право на таков увид, денес му врати на Јолевски дека како министер е член на Судскиот совет и може да ѕирне во записникот. Со денешниот развој на настаните продолжува сагата „Судски совет“ чиј крај се уште не се…