Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжение на сагата Судски совет: Министерот Лога „изненаден“ од шефот на советот на обвинители Јолевски

0
By Соња Крамарска on May 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 4, 2023 15:12

Демант на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, беше заглавјето на соопштението што медиумите претпладнево го добија од Министерството за правда.

Министерот Кренар Лога, кој рече дека се уште не го добил записникот од смената на Весна Дамева, на што му реплицираше претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски дека нема право на таков увид, денес му врати на Јолевски дека како министер е член на Судскиот совет и може да ѕирне во записникот.

Со денешниот развој на настаните продолжува сагата „Судски совет“ чиј крај се уште не се гледа, а правниот вакуум кој очигледно постои во процедурата за разрешување на претседател на Судски совет, каква всушност не постои, може да доведе до тоа детронизирањето на Дамева да се прогласи за неважечко.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и не очекував од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите, во јавноста да изјавува дека министерот за правда нема право да го бара записникот од Судскиот совет“, му порача министерот Лога.

Тој тврди дека министерот за правда е член на Судскиот совет по функција и дека редовно добивал покани да присуствува на седниците на највисокото судско тело и дека оттаму добивал извештаи за работењето.

„Членот 15 од Деловникот предвидува дека записникот покрај останатите податоци содржи податоци за дневниот ред што е утврден на седницата, наводите, изјаснувањата и предлозите на присутните на седницата, спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето. Записникот се разгледува и усвојува на седница на Советот, а по евентуални забелешки, Советот донесува заклучок кој што е составен дел на записникот на кој се однесувала забелешката. Усвоениот записник од седницата на Советот го потпишуваат претседателот на Советот и генералниот секретар, односно лицето што го водело записникот. Судскиот совет има обрска примерок од записникот да достави до членовите на Судскиот совет“, вели тој во реакцијата до Јолевски.

Тој притоа во реакцијата потенцираше дека министерот за правда како член на Судскиот совет има право да реагира и да бара исполнување на обврската за доставување на записник од седница на Судски совет. Рече и дека увидот во записникот „ќе помогне во определување на правецот во кој е потребно да се движат законските измени за отстранување на сите недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството“.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кој минатата недела ја стави на тапет обвинителката Ленче Ристоска која важи за еден од најугледните обвинители во државата, му прати порака и на министерот Лога дека нема право да го бара записникот од Судскиот совет.

Според Јолевски, Министерството за правда е извршна власт и не треба да се меша со судската власт.

„Министерството за правда е извршна власт, судската власт е посебна, и тука веќе има мешање на власт. Според мене, министерот за правда нема овластување во делот на судската власт, па дали ќе му биде овозможено или дадено сепак тоа е работа на Судскиот совет“, рече Јолевски.

Состојбите во Судскиот совет повеќе од една седмица го парализираат судството, и доведоа до силни домашни и меѓународни реакции за очигледната некомпетентност и партиски влијанија.

Премиерот Ковачевски реагираше дека настаните поврзани со разрешување на досегашната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, „не доликуваат на највисокиот орган во правосудството во земјава“.

Тој притоа го поддржа министерот Лога во барањето да го види записникот.

„Го делам мислењето на министерот за правда кој побара во рамки на своите надлежности да го видат во Министерството за правда записникот од самата седница. Она што останува е правосудните органи на ниво кое што е потребно да ја извршуваат својата работа“, рече Ковачевски.

Разрешувањето на Дамева се уште не е објавено во Службен весник, со што  одлуката нема статус на официјална, а според некои експертски мислења таа е се уште претседателка додека не се избере нејзин наследник.

С.К.

Антонио Јолевски записник Кренар Лога разрешување на Дамева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.