Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата предлага законските измени за автопатите да се носат со европско знаме

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 5, 2023 12:55

Владата предлага измените во Собранието на законите потребни за побрза и поевтина изградба на автопатите од коридорите 8 и 10 да се носат со европско знаменце. Тоа значи побрза процедура и скратување на времето за дискусии во парламентот.

На денешната седница Владата донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побрза и поскапа.

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија затоа што со тоа, рече Груби, поради дневно-политичка агенда се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти.

„Увидувајќи ја очигледната блокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предлог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме“, рече Груби.

Артан Груби европско знаменце измена на закони Коридори 8 и 10 д
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.