Author: Соња Крамарска

Иницијаторот на групата „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека вчера во Гостивар е формирано граѓанско здружение „Движење за прогресивни промени“. „На средбата со иницијативниот одбор за претседател на здружението е избран Љубомир Величковски. Граѓанскиот концепт се шири, енергијата се чувствува помеѓу граѓаните насекаде, народот се обединува! Продолжуваме и во другите градови во Македонија!“, изјави Димитриевски. Досега, граѓански здруженија се формирани во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово и Гостивар. Во месец септември, е предвидено формирање на граѓанско здружение и во Скопје.

Read More

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова вечерва ќе ја има својата домашна премиера во киното „Фросина“. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година. Во Европа „Преекспонирано“, изминатата недела се прикажа на новиот филмски фестивал Еуразја во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија. По премиерата „Преекспонирано“ ќе се најде на редовниот репертоар на скопските кина…

Read More

Соборениот судански лидер Омар ал Башир бил префрлен од затворот Кобер во воена болница во главниот град на Судан, Картум, пред да избијат борби во земјата на 15 април, соопштија два болнички извори. Поранешниот министер во владата на Омар, Али Харун, го напуштил затворот заедно со други поранешни функционери, беше објавено вчера. Ал Башир и Харун ги бара Меѓународниот кривичен суд за наводни злосторства во Дарфур. Борбите повторно се разгореа во Судан во вторникот вечерта, и покрај договорот за прекин на огнот. Суданските вооружени сили (САФ) и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот…

Read More

Реал Мадрид подготвува нов договор за играчот од средниот ред Едуардо Камавинга кој вклучува ослободителна клаузула од една милијарда фунти. Според инсајдерот Фабрицио Романо, шпанскиот клуб на 20-годишниот Камавинга ќе му понуди поголема плата. Иако актуелниот договор со Французинот е до 2027 година, „Кралевите“ сакаат да започнат преговори за да ја исклучи можноста тој да се пресели во клубови од Премиер лигата кои сериозно очекуваат да конкурираат за играчот на лето. Камавинга се пресели во мадридскиот клуб од Рен за 31 милион евра во август 2021 година. Оваа сезона одигра 30 натпревари во Ла Лига и постигна 1 асистенција. Порталот…

Read More

Четириесетгодишниот Пепе потпиша договор со важност до 2024 година. Фудбалерот ја започна својата кариера во Порто во 2004 година, а во Реал Мадрид се пресели во 2007 година. Дефанзивецот се врати во португалскиот тим во 2019 година. „Многу сум нервозен бидејќи ова е договор кој многу ми значи. Тоа значи дека многумина може да се сомневаат во моите способности, со оглед на тоа што имам 40 години, но јас како играч и човек обично кажувам дека сум многу искрен, многу му должам на Порто и не сакав да го измамам претседателот, луѓето од клубот, мојот тренер и моите соиграчи. Сакам…

Read More

Поранешниот шеф на дипломатијата и на секторот европски прашања, Никола Димитров формира невладина организација под името Солуција. Во описот освен краткото име Солуција се додава и подолга референца, а тоа е дека полето на дејствување ќе биде – Балкански центар за конструктивни политики. Промоцијата ќе биде в четврток на 27 април, преку мини дебатен настан наречен „Македонски ден на мрмотот“, на кој ќе учествуваат звучни имиња како Филип Рикер, некогашниот грчки премиер Јоргос Папандреу и Рајнхард Прибе. Тројцата се добро познати на домашната и на светската јавност. Рикер е поранешен амбасадор на САД во Македонија, кој извршуваше и високи позиции…

Read More

Познатиот српски комичар и политички коментатор Зоран Кесиќ вечерва ќе настапи пред скопската публика во салата на Македонска Филхрамонија. Зоран Кесиќ е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести“, „Дезинформатор“, „Фајронт република“ и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија „24 минути“. „24 минути“ е една од ретките политички сатири што се прикажуваат на телевизија, кои се занимаваат со дневните настани во регионот. Во целовечерната изведба пред скопјани тој ќе разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација.

Read More

Камерниот ансамбл „Консонанс“ в среда во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица и други композитори. Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. Составен е од музичари кои се членови на НУ Филхармонија, кои освен оркестарското музицирање, ја негуваат и камерната музика, а исто така настапуваат и како солисти. Покрај настапите на сите позначајни фестивали на домашната музичка сцена, „Консонанс“ има остварено настапи и…

Read More

Здружението на историчари упати реакција, како што велат, по повод отсуството на Историјата во наставните програми за VI одделение. „На 22 декември 2022 година до Министерството за образование и наука поднесовме барање за повлекување на учебникот по новововедениот предмет „Историја и општество“ за V одделение. Истото го поткрепивме со критичка анализа на 30 страници, во која нотиравме 60 сериозни пропусти и грешки во концепциска, содржинска и методолошка смисла, пришто предупредивме дека истите ќе создадат кај учениците погрешни претстави не само за минатото, туку и за сегашноста. Јавно прашуваме дали овој учебник е повлечен од употреба, со оглед дека посочените пропусти…

Read More

Со субвенции од Владата, германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април десет пати неделно, а „Виз Ер“ за новите четири дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка ќе изнесува…

Read More

Раката на правдата во Црна Гора замавна, прашање е само за нејзината брзина, изјави техничкиот премиер Дритан Абазовиќ. Тој во интервју за телевизијата БиХ рече дека ќе се види дали раката на правдата оди кон претседателот на Црна Гора во заминување, Мило Ѓукановиќ. „Гоневме луѓе од врвот на судството, од врвот на обвинителската организација, неодамна од врвот на полицијата. Веројатно ќе се гонат и луѓе од политичката сфера. Во секој случај, раката на правдата тргна и прашање е само нејзината брзина. Веќе не е прашање дали таа ќе пристигне. Ќе видиме дали ќе оди и кај господинот Ѓукановиќ. Тој не…

Read More

САД веруваат дека генералниот секретар на ОН е премногу подготвен да ги прифати руските интереси, според новите откритија во доверливите документи објавени на интернет. Досиејата сугерираат дека Вашингтон внимателно го набљудувал Антонио Гутереш. Неколку документи ги опишуваат приватните комуникации во кои се вклучени  Гутереш и неговиот заменик. Тоа е најновото од протекувањето на тајни документи, до кои американските власти се обидуваат да стигнат. Документите содржат искрени забелешки од Гутереш за војната во Украина и голем број африкански лидери. Еден објавен документ се фокусира на Црноморскиот договор за жито, постигнат со посредство на ОН и Турција во јули, по стравувањата од…

Read More