Author: Соња Крамарска

Влада составена од ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ е врвен приоритет, изјави утринава пред новинарите во бугарскиот Парламент лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Борисов денеска се сретна со претседателката на БСП, Корнелија Нинова, и по неа тој кажа дека се разговарало за главните приоритети поврзани со буџетот и социјалната политика. Тој додаде дека, Нинова му соопштила дека двете најсилни коалиции застапени во парламентот се сосема доволни и затоа БСП нема да ги поддржи при изборот на Росен Желјазков за претседател на 49. Народно собрание. Борисов кажа дека одложувањето на изборот на претседател на Собранието е само од корист за…

Read More

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека откриле кој четири пати испраќал лажни дојави за поставени бомби од крајот на март до средината на април годинава. Имено, полициски службеници на Нови Град, во соработка со полициски службеници на Сојузната полициска управа, идентификувале лице кое на 30 март, 4 април, 5 април и април 11.2023 година на електронската адреса на ОУ „Меша Селимовиќ“ Сараево, испратило заканувачки пораки за поставени експлозивни направи во просториите на ова училиште. Со оглед на фактот дека се работи за дете против кое согласно член 2 од Законот за заштита и третман на деца и…

Read More

Министерството за надворешни работи на Украина денес испрати реакција до светот по повод видеото со обезглавувањето на украински војник. „Армијата на Руската Федерација продолжува да врши ужасни воени злосторства во Украина“, се вели во реакцијата. „Запрепастени сме од појавувањето на 11 април на видеото на кое се гледа како руски војници егзекутираат украински заробеник. Позирајќи пред камерата, руските џелати со посебен цинизам му го одземаат животот на човек“, реагира украинското МНР. Се додава и дека ова не е прв случај на флагрантен нехуман третман на украински заробеници од страна на руските војници. „Илјадници случаи имаше во Буча, Ирпин, Гостомел, Бородјанка,…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да реагираат откако се појави видео на кое се гледа како руски војник обезглавува украински војник. „Сите мора да реагираат. Секој лидер. Не чекајте ова да се заборави“, рече тој во видео обраќањето. Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека го истражува „военото злосторство“. Кремљ соопшти дека видеото е „ужасно“, но мора да се провери неговата  автентичност, како и кој стои зад него. Видеото се чини дека е снимено со мобилен телефон, а можеби и во текот на летните месеци. На него е прикажан човек во воена униформа кој носи жолта лента -…

Read More

Владата нема да го даде на увид на јавноста овој договор за изградба на коридорите 8 и 10Д бидејќи, како што кажа првиот вицепремиер Груби денеска на брифинг со новинарите, тој е доверлив и ова не е прв ваков договор потпишан во Македонија. Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека ваквите договори се тајни бидејќи сите фирми кои што фигурираат на свтските берзи имаат свои деловни тајни според кои работат, а објавувањето на овој договор, според него би можело да влијае врз движењето на акциите на берзите. Денес на брифинг со новинарите беа објаснети спорните прашања од осумте договори за…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека е позитивен на тестот за ковид и дека мора да го одложи своето патување во Кина планирано за 13 април, каде што требаше да го подготви самитот ЕУ-Кина. „Добив позитивен тест на Ковид-19 и за жал морам да го одложам моето патување во Кина“. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми“, напиша Борел на Твитер. Тој во Кина требаше да се сретне со кинеските министри за надворешни работи и за одбрана.

Read More

Во последните години најмалку десет пати го поканував претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски да ја посети Бугарија, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев на маргините од конститутивната седница на новоизбраниот состав на Народното собрание, коментирајќи ја синоќешната изјава на шефот на македонската држава дека во последните две години немал ниту еден конструктивен разговор со претседателот на Бугарија. „Во октомври, при отворањето на интерконекторот со моја помош кај претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Република Северна Македонија доби финансиска помош од ЕУ за набавка на струја“, истакна Радев. Посочи и дека тој бил првиот што го покренал…

Read More

Патиките што некогаш ги носеше кошаркарската легенда Мајкл Џордан се продадени на аукција за 2,2 милиони долари, што ги прави најскапиот пар спортски обувки досега. Потпишаните патики, за кои Сотби процени дека ќе достигнат цена од 2 до 4 милиони долари, се меѓу најскапите предмети од Џордан кои некогаш биле ставени на аукција. Дресот што го носеше во финалето на НБА во 1998 година беше продаден во 2022 година за 10,1 милиони долари. Последната продажба ја запечати позицијата на Џордан како спортист чии лични работи се највредни на аукцијата, односно оние што се продаваат за најмногу пари. „Денешниот рекорден резултат…

Read More

„Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство во изминатиот период потврдија дека единствено што знаат да прават е да шират хистерија, лаги и да блокираат во Собранието. Тоа го правеа со сите законски решенија кои беа во времето на пандемијата, на енергетската криза и го прават истото со сите големи инфраструктурни проекти. Така да тоа што го кажува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е една обична лага и ширење на невистини како што го прават тоа и неговите колеги, вклучително и неговиот претседател кој го гледам по цел ден само се заканува и ништо не работи“, рече премиерот Димитар Ковачевски по изјавите на…

Read More

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во гостувањето во емисијата „Добро утро Црна Гора“ хумористично одговори на прашањето зошто се уште „не стапнал на лудиот камен“. На видеото кое се појави на Твитер, а кое самиот Абазовиќ го објави на својот профил на Твитер, премиерот со насмевка му одговори на водителот дека се уште не е оженет, бидејќи „никој не му ја дава ќерката“. https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1646059408433070081?s=20

Read More

Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според објави во медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во oпштина Кисела Вода. По нападот, детето било однесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите. „На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“, велат од МВР. За несреќата е…

Read More

Македонците повторно се на врвот на листата на странци кои се стекнале со бугарско државјанство. Според податоците коишто ги објави порталот Сега, 1.992 Македонци лани се стекнале со бугарски пасош, по што следат Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356). Состојбата е слична со претходните две години, но тогаш бројката на Македонците кои што добиле бугарски пасош била многу поголема. Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство, како и 1.547 и 1.926 Украинци, 1.269 и 997 Албанци, 1.145 и 899 Турци, 1.127 и 1.221 Молдавци и 1.053 и 1.228 Срби. Ова се…

Read More