Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патиките на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан се продадени за рекордни 2,2 милиони долари

0
By Соња Крамарска on April 12, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
фото: Сотби
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2023 13:38

Патиките што некогаш ги носеше кошаркарската легенда Мајкл Џордан се продадени на аукција за 2,2 милиони долари, што ги прави најскапиот пар спортски обувки досега.

Потпишаните патики, за кои Сотби процени дека ќе достигнат цена од 2 до 4 милиони долари, се меѓу најскапите предмети од Џордан кои некогаш биле ставени на аукција.

Дресот што го носеше во финалето на НБА во 1998 година беше продаден во 2022 година за 10,1 милиони долари.

Последната продажба ја запечати позицијата на Џордан како спортист чии лични работи се највредни на аукцијата, односно оние што се продаваат за најмногу пари.

„Денешниот рекорден резултат дополнително докажува дека побарувачката за предметите на Мајкл Џордан продолжува да ги надминува сите очекувања“, рече Брам Вахтер, шеф за улична мода и модерни колекционерски предмети на Сотби.

Претходниот рекорд го држеше пар патики Џордан кои беа продадени за 1,47 милиони долари на аукција во 2021 година.

Моделот на патики Ер Џордан 13с кошаркарот го носеше за време на неговата последна шампионска сезона со Чикаго Булс во 1997-1998 години.

Џордан, еден од најдобрите кошаркари во историјата на спортот, носел број 47 кога постигна 37 поени во натпреварот 2 од финалето на НБА во 1998 година, водејќи ги Булс до победа над Јута Џез.

Освојувањето на шампионатот и последната сезона на мегаѕвездата со Булс беше тема и на документарниот филм „Последниот танц“.

Тоа беше шести НБА прстен (титула) за Џордан и петти пат да биде прогласен за најкорисен играч во НБА.

Веднаш по победата, Џордан му ги дал патиките на едно момче кое собирало топки во соблекувалната како благодарност што ја пронашол неговата јакна за која мислел дека ја изгубил, известува Сотби.

Брендот Ер Џорданс, скратено од „црно-црвените“ патики, се единствениот комплет кој Џордан го носеше во финалето на НБА и има сертификат за автентичност, соопшти Сотби.

Џордан носеше пар црвено-бели Nike Air Ships за време на неговата прва сезона со Чикаго во 1984 година.

Тоа беше година кога тој и Најк ја започнаа нивната соработка, создавајќи го брендот за облека и обувки Џордан.

аукција Мајкл Џордан патики Сотби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.