Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски згрозен – го осуди видеото со обезглавувањето

0
By Соња Крамарска on April 12, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2023 15:42

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да реагираат откако се појави видео на кое се гледа како руски војник обезглавува украински војник.

„Сите мора да реагираат. Секој лидер. Не чекајте ова да се заборави“, рече тој во видео обраќањето.

Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека го истражува „военото злосторство“.

Кремљ соопшти дека видеото е „ужасно“, но мора да се провери неговата  автентичност, како и кој стои зад него.

Видеото се чини дека е снимено со мобилен телефон, а можеби и во текот на летните месеци. На него е прикажан човек во воена униформа кој носи жолта лента – честопати носена како идентификациски симболи од украинските војници. Насилникот и другите мажи видливи на снимката имаат бели ленти на нозете, кои руските војници се познати дека ги носат како средство за идентификација. Може да се слушне и да зборуваат руски, иако тоа не е дефинитивно бидејќи многу Украинци зборуваат и руски.

За време на краткото видео, жртвата со жолта лента е обезглавена од човек со голем нож кој носи бела лента околу ногата.

Во еден момент, еден од мажите држи штит со тробојната ознака – државниот симбол на Украина – и може да се слушне коментар „Платеници!“ На панцирот има нешто што личи на симболот на „Панишер“ (лик од стрипови), кој во руско-украинскиот конфликт го носат борците од двете страни.

На интернет се шпекулира дека видеото е снимено во близина на градот Кремина во источна Украина.

Би-Би-Си пренесувајќи ја веста за видеото, дополни дека не можеше да ги потврди овие тврдења бидејќи околината во која е направено видеото нуди премалку визуелни индиции за да се идентификува неговата локација, како што се згради или одредени пејзажни точки.

Останува нејасно и кога е снимена снимката. Изгледа како да е од сегашниот конфликт, каде бели и жолти ленти на рацете се користени од спротивставените страни како идентификација.

Листовите на дрјвата во видеото се светло зелени што сугерира дека можеби е од доцна пролет или лето минатата година. Некои корисници на социјалните мрежи сугерираат дека можеби е снимен во јули.

Клипот почна да кружи на Телеграм доцна синоќа, откако еден популарен про-Кремљ блогер го сподели со своите речиси 300.000 следбеници. Тој подоцна тврдеше дека тој не бил оригиналниот извор на видеото и дека снимката била на Телеграм пред тој да ја објави.

Видеото оттогаш се прошири на Твитер.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека „во светот на фалсификатите во кој живееме, треба да ја провериме вистинитоста на оваа снимка“.

Друго видео кое наводно ги прикажува следните случувања по наводното обезглавување, исто така, кружи на социјалните мрежи во последните денови.

Видеото покажува нешто што изгледа како уништено воено возило. Човек кој ја снима сцената вели на руски дека налетало на мина. Најмалку две тела без глави и раце може да се видат како лежат на земја во близина.

На десната рака на едно од телата е видлива жолта лента, што сугерира дека жртвите се бореле на украинската страна. Најмалку уште тројца војници може да се видат како стојат над двете тела.

Многу страшни видеа се објавени на интернет од почетокот на војната.

Минатиот месец претседателот Зеленски вети дека ќе ги пронајде руските војници кои очигледно застрелаа невооружен украински воен затвореник по име Олександар Мациевски. Откако војникот паѓа, се слуша како еден од пукачите го изговара зборот „умри“.

извор: Би-Би-Си

видео Володимир Зеленски обезглавување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.