Author: Соња Крамарска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во посета на Полска. Најавено е дека Зеленски во Варшава ќе има средби со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки. Се планира вечерва Зеленски и Дуда да разговараат со луѓе од Украина кои бегајќи од војната застанале во Полска, пренесува ДПА.

Read More

Додека песната „Бог да ја благослови Америка“ одекнува низ балската сала во Мар-а-Лаго, голем број поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп навиваа пред замокот. Оваа сцена потсетува на повеќето негови митинзи, но сега околностите се сосема поинакви. Во текот на кариерата тој беше се, од ријалити ѕвезда до претседател на најмоќната земја, но никој не го видел како вчера. Само шест часа пред да пристигне пред судот во Њујорк, Доналд Трамп парадираше низ улиците на Флорида од неговата палата до аеродромот каде што се качи на приватен авион за Њујорк. Тој намерно избра да не се појави пред камерите…

Read More

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, се согласија дека е потребно итно спроведување на договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Лајчак го информирал соговорникот за средбата на главните преговарачи на Србија и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими во Брисел. „Добро е да разговараме за последните случувања на Западен Балкан со специјалниот советник на Стејт департментот. Го информирав за дијалогот и средбата на главните преговарачи. Со добра волја се договоривме за потребата од итна имплементација“, напиша Лајчак на „Твитер“. Шоле на „Твитер“ изјави…

Read More

Хашим Тачи, поранешниот лидер на т.н ОВК и поранешен премиер и претседател на Косово, по речиси тричасовното излагање на неговиот бранител Грег Кихо, и самиот накратко се обрати пред Судскиот совет на Специјалниот суд во Хаг. Тој рече дека принципите на вистината и правдата му се многу важни и дека чувствува тага и болка за сите жртви на војната. „Нема правда кога се прогонуваат невини. Не сум виновен за ниту едно од обвинувањата против мене и подготвен сум да се соочам со тоа и да извојувам успех за доброто на моето семејство и мојата земја“, рече Тачи. „Бев студент во…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Утрово ја гледам и читам веста за онаа несреќа наречена „Марјан Доказ“, осуден на три години затвор заради неговото „јавно делување“. Добро, ме лепеше и мене нa неговото интернет „нешто“, оти, нели, „во доказот се скривала вистината“ (?), ама тоа го знаат сите. Многу сум го дувал, знаете кому, и знаете сите. И бидејќи многу сум го дувал, време беше и од таа адреса рафално да се стрела мојата маленкост. И не само мојата, туку купишта луѓе беа дискредитирани, омаловажувани, клеветени… Немам повеќе сомнеж, тешко дека во оваа земја можеш да бидеш признат и познат; тешко е, практично…

Read More

Корисниците на Твитер денеска забележаа дека наместо сината птица, традиционалното лого на оваа социјална мрежа, во левиот агол на екранот има куче, популарниот Dodge од интернет мемињата. Овој симбол се користеше и за шеговитата криптовалута Доџкоин што еднаш ја промовираше извршниот директор Илон Маск и со која е на суд. Затоа, не е чудно што вредноста на оваа криптовалута скокна по промената на логото на Twitter, а за тоа секако придонесе и објавата на Маск. Во следната објава, Маск се потсети и на една стара размена на твитови меѓу него и еден корисник кој го охрабрил да купи Твитер и…

Read More

Премиерот Ковачевски денеска во Тетово присуствуваше на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8, со што е означен почетокот на изградбата на автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан. Тој тоа го нарече „стратешки и државнички подвиг“, од кој ќе имаат корист сегашните и идните генерации дома но и во двете соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридор 8. „Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко. Денеска започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8. Камен-темелникот не е…

Read More

Здружението на Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид денеска е избришан од Централниот регистар по службена должност, откако на 30 март министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрани да се користат називи со личности кои биле поврзни со фашизам, нацизам, геноцид, итн. Одлуката на министерот, пак, следеше откако Комисија за употреба на имиња на историски личности минатата недела даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и  нетолеранција во целото македонско општество. Во образложението…

Read More

Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) започна истрага за употреба на нелегален шпионски софтвер „Предатор“ во скандалот со прислушувањето што ја потресе грчката политика, пренесе ексклузивно „Еурактив“. Неколку извори потврдија за „Еурактив“ дека по барање на Европскиот парламент, е започната истрага за нелегалниот извоз на шпионскиот софтвер Predator од Грција во земјите во Азија, Африка и на други места, како и за наводите дека компаниите вклучени во случајот, затајувале и данок. Информациите кои ги принудија на акција европските власти дојдоа од неколку истражувачки новинари од Грција, кои го обелоденија скандалот со прислушувањето во Грција, според нив наредено директно од премиерот…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе се појави на суд каде што ќе биде информиран за обвинението, ќе му биде земен отпечаток од прст и фотографиран за архивата и ќе се изјасни во историскиот случај за САД, јавуваат медиумите ширум светот. Трамп беше обвинет минатата недела, станувајќи првиот претседател или поранешен претседател кој се соочи со кривична пријава, поради исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за нејзиното молчење за нејзината врска со Трамп. Трамп тврди дека е невин и ќе се изјасни за невин на суд. Пред кулата Трамп во Њујорк и пред судницата има силни…

Read More

Судењето во Хаг на некогашната воено-политичка ѕвезда на Косово Хашим Тачи денес е главна вест во регионот. Тој и неговите соборци од врвот на ОВК Кадри Вејсели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Стартот на судењето предизвика најразлични реакции од демонстрации во Приштина до оправдувања на западните амбасадори во Косово дека не и се суди на ОВК туку на поединци.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до неколку земји за одбранбената поддршка што и ја даваат на Украина, меѓу кои и на Северна Македонија. Благодарност до Хрватска за уште еден пакет одбранбена поддршка. Благодарност до Северна Македонија за одлуката за хеликоптери. Благодарение на Словачка, Словенија, изјави Зеленски во неговото обраќање до нацијата. Тој исто така се заблагодари на Канада за финансиската поддршка, средствата веќе пристигнаа во државниот буџет на Украина и на ММФ за новата програма за Украина во висина од повеќе од 15 милијарди долари, што ќе и помогне на Украина да ја зачува социјалната стабилност. Зеленски соопшти и дека оваа недела…

Read More