Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хашим Тачи до судот во Хаг: „Нема правда кога се прогонуваат невини“

0
By Соња Крамарска on April 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 4, 2023 15:01

Хашим Тачи, поранешниот лидер на т.н ОВК и поранешен премиер и претседател на Косово, по речиси тричасовното излагање на неговиот бранител Грег Кихо, и самиот накратко се обрати пред Судскиот совет на Специјалниот суд во Хаг. Тој рече дека принципите на вистината и правдата му се многу важни и дека чувствува тага и болка за сите жртви на војната.

„Нема правда кога се прогонуваат невини. Не сум виновен за ниту едно од обвинувањата против мене и подготвен сум да се соочам со тоа и да извојувам успех за доброто на моето семејство и мојата земја“, рече Тачи.

„Бев студент во Швајцарија, политички бегалец и се вратив и се приклучив на ОВК во борбата за слобода. Припадниците на ОВК беа обични луѓе кои ги бранеа своите домови. Целта беше да се добие слобода и демократија на Косово. Војната беше наметната на народот на Косово и тие мораа да ги заштитат своите семејства, деца и земја. Ние сме на вистинската страна на историјата. Луѓето сега живеат во држава во која владее правото“, истакна тој пред Судот.

Тачи рече дека е штета што Судот не може да ги сослуша Медлин Олбрајт, Ричард Холбрук, Робин Кук и Адем Демачи кои би сведочеле во негова корист доколку се живи.

„Пред 13 години Дик Марти напиша извештај во кој изјави дека тргуваме со човечки органи. Кога го слушнав тоа, веднаш побарав од меѓународната заедница да го истражи тоа. Ми рекоа дека Специјалниот суд е главниот начин за истражување, побивање и отфрлање на овие тврдења. На Косово му беа наметнати трговијата со органи и ‘жолтата куќа’. Сега знаеме дека тоа не се случи и дека не е наша вина. Сега тој мрачен облак што се надвисна над Косово е однесен. Никој не може да ја преработи историјата. Тоа е цената на слободата“, рече Хашим Тачи од обвинителната клупа на Хашкиот суд за воени злосторства кој почна процес против него и неколкумина негови соработници.

Хаг Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.