Author: Соња Крамарска

Има повеќе од 20 години како со колешка штотуку вратена од дописништво во Црна Гора полемизиравме за политичката сцена во Подгорица. Таа беше „миловист“, аргументирајќи дека Мило е се што е прогресивно за црногорците и дека е единствената опција која може двомилионскиот народ да го поведе напред. Денес гледаме каде е Црна Гора и колку напреднала во изминатите децении и ако треба да се направи резиме на периодот на Мило Ѓукановиќ, тогаш несомнено главната дефиниција ќе биде сивата зона во која битисуваше оваа мала приморска држава и организираниот криминал и корупција како константа која како рак ги јаде балканските држави,…

Read More

Словенечкиот премиер Роберт Голоб на прес-конференцијата со македонскиот колега Димитар Ковачевски рече дека очекува кај сите политички партии во Македонија „да преовлада разумот и до ноември да бидат изгласани уставните измени“. Голоб, кој денеска во Љубљана беше домаќин на шефот на македонската Влада Ковачевски и неговата делегација, нагласи дека процесот на преговори со ЕУ не смее да престане и дека не треба да се поставуваат дополнителни услови на Македонија. „Северна Македонија е дел од Европа, секогаш била и сега е време да стане дел од европското семејство. Предолго се чекаше на тоа и денес овој процес конечно се мрдна од…

Read More

Измешани чувства, но не и страв, преовладуваат кај дел од патниците кои утрово, од Атина за Солун тргнаа со патничкиот воз, прв по пауза од 34 дена по железничката несреќа кај месноста Темпи во која животот го загубија 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина. На железничката станица во Атина, околу 80 патници чекаа да се качат во возот. Меѓу нив и странски туристи кои велат дека возовите, сатистички е докажано дека се едно од најбезбедните превозни средства, но и Грци кои често ја користат конкретната линија. Во разговор со дописничката на МИА од Атина велат нема простор за…

Read More

Фондацијата „Заев- едно општество за сите“ во сопственост на поранешниот премиер Зоран Заев од денес започна серијал насловен како „Успешни приказни“. Во серијалот преку видео формат се очекува да продефилираат успешни професионалци од сите сфери со своите приказни за изборот на професијата и како успеале да постигнат успех во нејзиното извршување. „Серијалот на ‘Успешни приказни’ е моќна порака до сиот македонски народ и до сите граѓани, посебно до младите луѓе дека може да се биде успешен и во нашата држава. Овде е борбата. Овде се случува европеизација на државата. Овде се реформите што треба да ги правиме“, велат од Фондацијата…

Read More

Премиерот Ковачевски, денеска во Љубљана се сретна со словенечкиот колега  Роберт Голоб, со кого имаа тет а тет средба, а потоа и билатерален состанок на којшто присуствуваа и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон и министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова Дух. На состанокот е истакната јасна поддршка од Словенија за нашиот следен чекор во евроинтеграциите, како заслужен напредок и неопходен за стабилноста на регионот и Европа, во геополитички контекст. Ковачевски рекол рече дека Северна Македонија високо го почитува ангажманот на Словенија во сите важни процеси за нашата…

Read More

Владата денеска треба да ги утврди највисоките цени на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлуката ќе бидат опфатени домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени. Бектеши воедно ги повика граѓаните да дадат придонес во дополнување на листата производи. „Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои…

Read More

Од 12 до 23 јуни НАТО ќе ја организира најголемата воздухопловна воена вежба „Air Defender 2023“ во која ќе учествуваат 22 земји со повеќе од 200 авиони од 23 различни типови. Околу 100 авиони ќе дојдат од САД, а се очекува да учествуваат околу 10.000 војници, пренесува БГНЕС. Според веб-страницата на Алијансата, вежбата ќе биде сеопфатен „чадор“ за координација и усогласување на вежбата на германската мултинационална воздушна група (MAGEKS) 2023 година со потенцијалниот придонес од САД и други членки НАТО. Целта е да се подобри интероперабилноста, да се понуди можност за обука во европскиот воздушен простор и да се демонстрира флексибилноста…

Read More

Огромно мнозинство парижани вчера изгласаа забрана на електричните тротинети од улиците на француската престолнина. Референдумот е необврзувачки според француската регулатива, но градските власти рекоа дека ќе го почитуваат резултатот. За забраната гласаа меѓу 85,77% и 91,77% од гласовите во 20-те париски окрузи. Референдумот беше наречен „јавна консултација“ и предизвика долги редици на гласачките кутии низ градот. „Преферирав да гласам против, бидејќи во Париз е хаос“, изјави железничкиот работник Ибрахим Беутчутак (47) за ТВ Ројтерс. „Начинот на кој е организиран, опасноста што ја создава во Париз, визуелното загадување, не е добро“. Градовите ширум светот ги заоструваат регулативите за електричните тротинети, ограничувајќи…

Read More

Финската социјалдемократска премиерка Сана Марин го призна поразот на парламентарните избори вчера, откако нејзината партија заврши на третото место зад централно-десничарските и крајнодесничарските партии, кои постигнаа рекордни резултати, пренесе АФП. „Му честитам на победникот на изборите, ѝ честитам на (конзервативната) Национална коалициска партија, ѝ честитам на (екстремно десничарската) Партија на Финците. Демократијата проговори“, им рече Марин на своите поддржувачи. Лидерот на финската централно-десничарска партија, Петри Орпо, победи на парламентарните избори, со второ место на крајнодесничарската партија Вистински Финци, пред социјалдемократите на премиерката Сана Марин, кои беа на третото место. „Ова е голема победа“, им рече Орпо, 53-годишниот шеф на конзервативната…

Read More

Со обработени 86,85% од гласачките места во 49-ото бугарско Собрание влегуваат шест партии, јави утринава БГНЕС. Притоа за коалицијата ГЕРБ на Бојко Борисов и коалицијата со СДС гласале 567.208 лица или 26,59 отсто, а за коалицијата на Кирил Петков Продолжуваме со промените и ДБ гласале 523.425 лица или 24,54 отсто. Околу 14,5 посто од гласовите одат за партијата Возобновување, 13 посто за Движењето за права и слобода, 9 посто за Социјалистичката партија и нешто над 4 посто за Има таков народ. Првите прогнози се дека овој распоред на силите тешко ќе гарантира стабилна влада, дека без оглед на остварената предност…

Read More

Глумицата Сторми Даниелс добила 130.000 долари за да не зборува за нејзината средба со Трамп непосредно пред претседателските избори во 2016 година, а таа исплата е во фокусот на обвинението на окружниот обвинител на Менхетен кое од вчера е главна тема во светот. Сторми Даниелс е поранешна актерка од филмови за возрасни која стана позната на пошироката јавност во САД и светот поради врската со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Даниелс вели дека првпат се сретнала со тогаш магнатот за недвижнини, кој стана претседател на САД, во летото 2006 година за време на хуманитарен голф турнир во езерото Тахо, на…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во Белград на прес-конференција ја истакна заложбата и силната политичка волја на нашата Влада за зајакнување и продлабочување на добрососедските и пријателски односи со  Србија. Ковачевски во Белград ја предводи владината делегација во која се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски. „Одличната соработка помеѓу двете држави носи квалитетни решенија во различни кризи, што за нас е голем стимул уште посилно да се вложуваме за стабилен…

Read More