Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Од Атина за Солун тргна првиот патнички воз, 34 дена по железничката несреќа

0
By Соња Крамарска on April 3, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 3, 2023 12:56

Измешани чувства, но не и страв, преовладуваат кај дел од патниците кои утрово, од Атина за Солун тргнаа со патничкиот воз, прв по пауза од 34 дена по железничката несреќа кај месноста Темпи во која животот го загубија 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

На железничката станица во Атина, околу 80 патници чекаа да се качат во возот. Меѓу нив и странски туристи кои велат дека возовите, сатистички е докажано дека се едно од најбезбедните превозни средства, но и Грци кои често ја користат конкретната линија.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина велат нема простор за страв, возот има свои предности и ќе продолжат да го користат железничкиот сообраќај.

фото: МИА

„Драго ми е што кончено повторно функционира железничкиот сообраќај. Возот не се споредува со автобус, особено на подолги реалации како што е Атина- Солун. Многу е поудобно, имаш простор да се движиш, да одиш во тоалет“, вели повозрасен Грк.

Негов сопатник е и помлад граѓанин, кој патува со своето милениче за Солун за таму да ги помине Велигденските празници.

„Често патувам за Солун бидејќи моите родители живеат таму. Поради кучето ќе бидам во првиот вагон, но нема простор за страв. Тоа е и пораката што сакам да ја испратам, дека не треба секогаш кога се случува нешто да го избегнуваме и да се плашиме“, вели еден од патниците.

Повозрасна Гркинка потенцира дека по несреќата треба многу работи да се сменат, да се подобри железничкиот сообраќај и истакнува дека нормално е по ваква трагедија да постои страв кај луѓето.

Со оглед на тоа дека од директниот судир на двата воза во железничката несреќа на 28 февруари, најпогодени беа првите вагони, сега, некои од патниците, иако веат дека не чувствуваат страв, сепак одбрале седишта во последните вагони.

Патничкиот воз е планирано да се движи со намалена брзина во споредба со претходно и затоа до Солун ќе патува пет и пол часа наместо четири часа и 20 минути колку што беше претходно.

После градот Лариса, возот ќе помине и од делот каде што се случи несреќата, а се очекува машиновозачот да ја намали брзината за да им оддадат почит на загинатите.

Рано утрово, тргна и првиот патнички воз за Калабака со 200 патници, а меѓу нив беше и државниот министер кој сега ја извршува функцијата министер за транспорт и инфраструктура, Јоргос Герапетритис.

Извор: МИА

Атина-Солун воз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.