Author: Соња Крамарска

И на денешниот протест вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм ги повторија нивните барања за зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии како и за средба со надлежните. Протестот, што се организираше пред Владата, се одржува шести ден. Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски за време на протестот денеска изјави дека платите на функционерите ќе бидат четири пати поголеми од платите на вработените во јавниот сектор. „Упорно бараме некој од надлежните да ги сослуша нашите барања. Очигледно во државата се уште во сила онаа народната…

Read More

Едно лице е убиено во пукање што се случило утрово во населбата Тафталиџе во близина на Млечниот ресторан во Скопје. Осомниченото лице и убиениот, според првичните информации, претходно заедно играле на апаратите. „Во 08:05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул. ‘М.Т. Гологанов’ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите“, велат од МВР.  За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Read More

Доналд Трамп е обвинет од големата порота на Менхетен, историски чекор по долгогодишни истраги за неговите лични, политички и деловни зделки. Тоа истовремено е и ненадеен потрес во неговиот обид да се врати во Белата куќа. Точната природа на обвиненијата се уште е нејасна бидејќи обвинението е се уште запечатено, но тие произлегуваат од плаќањата направени за време на претседателската кампања во 2016 година за да се замолчат тврдењата за вонбрачни сексуални средби на Трамп со „жени со сомнителен карактер“. Обвинителите рекоа дека работат на координирање на предавањето на Трамп, што би можело да се случи на почетокот на следната…

Read More

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое за поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда на Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители, соопшти денес Обвинителството. Се додава и дека за една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за…

Read More

Лионел Меси одлучи да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, објави „Marca“. Според шпанскиот весник, 35-годишниот Аргентинец ќе го продолжи договорот со парискиот клуб до 2024 година, а на крајот од следната сезона ќе се пресели во МЛС-лигата каде ќе потпише договор со Интер Мајами. Меси верува дека преселбата во Северна Америка ќе му овозможи подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Актуелниот договор на напаѓачот со ПСЖ е до крајот на оваа сезона. Оваа сезона има 32 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и…

Read More

Британскиот крал Чарлс Трети денеска предупреди за „заканата“ што ја претставува руската инвазија врз Украина за безбедноста на Европа и „демократските вредности“. Во говорот пред германските парламентарци, тој ја подвлече значајната улога што Велика Британија и Германија ја одиграа во поддршката на Киев, особено на воениот фронт. „Одлуката на Германија да испрати голема воена помош за Украина е храбра, важна и добредојдена“, рече тој. Британскиот крал, првиот монарх кој зборуваше во Бундестагот, беше пречекан со долг аплауз. Во говорот одржан главно на германски јазик, Чарлс Трети повика на единство околу Украина и климатските промени. Британскиот крал Чарлс Трети вчера пристигна…

Read More

Јавен обвинител за гонење организиран криминал ја прошири постапката против десет лица осомничени за трговија со деца, полова злоупотреба на немоќно лице и производство и дистрибуција на детска порнографија. „Во јануари годинава, обвинителот донесе наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција. Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени…

Read More

Развојот на нашите држави е меѓузависен и само со кооперативност и компетентност можеме да го искористиме целосниот потенцијал на нашиот регион, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“. „Иницијативата, со своето оригинално име ‘Берлински процес’ која започна во 2014 година, за подоцна да го ребрендира регионот со називот Западен Балкан, е една од најдобрите иницијативи во економска смисла кои му се случиле на овој историски турбулентен дел од Европа. Во тоа време малкумина веруваа дека нешто коренито може да се…

Read More

Двата синдикати за задравство се договорија со претставниците на министерот за здравство Фатмир Меџити за зголемување на платата. На денешната средба потпишаа анекс на колективниот договор и зголемување на платите. Медицинските сестри ќе добијат 3000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство 2.000 денари. Покачувањето ќе важи од март месец, а за официјализација се чека одобрувањето од министерство за финансии и министерот Фатмир Бесими. „Се договоривме. По три илјади денари за сите сестри и по две илјади денари за сите останати од помошно-технички персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата“, изјави Предраг Серафимовски,…

Read More

Руската амбасада во Стокхолм им се закани на Шведска и Финска со воена одмазда доколку двете земји се приклучат на НАТО алијансата, тврдејќи дека е зголемен бројот на Швеѓани кои изразуваат солидарност со Русија и имаат резерви кон „трансатлантските амбиции“ на Стокхолм. Објавата на руската амбасада се појави синоќа на Фејсбук профилот на амбасадата. „Ако некој сè уште верува дека тоа некако ќе ја подобри безбедноста на Европа, можете да бидете сигурни дека новите членки на непријателскиот блок ќе станат легитимна цел на руските одмазднички мерки, вклучително и воените“, се вели во објавата. Руската амбасада ја обвини Шведска дека постепено…

Read More

Фокусирани сме на обезбедување на сите докази и расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница, но сè уште не сме ги добиле резултатите од обдукцијата, изјави јавниот обвинител, Љубомир Јовески. „Јавниот обвинител од Битола ги презема потребните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Јавното обвинителство работи на прибирање на други докази од повеќе лица, кои може да помогнат во расветлување на случајот“, изјави Јовески. Смртта на 6-годишното девојче беше причина за вчерашните протести во Битола и во Скопје на кои беше изразено незадоволство од состојбите во македонското здравство.

Read More

Руските власти притворија новинар на американскиот Wall Street Journal под обвинение за шпионажа, објави руската безбедносна агенција, пренесе Ал џезира. Федералната служба за безбедност (ФСБ), главната агенција наследничка на КГБ, денес соопшти дека американскиот државјанин Еван Гершкович бил приведен во градот Екатеринбург на Урал додека, наводно, се обидувал да добие доверливи информации. Безбедносната служба тврди дека Гершкович „собрал доверливи информации за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс, кои претставуваат државна тајна“. Според локалните медиуми, тој известувал за војната во Украина и за платеничката група на Вагнер. ФСБ не соопшти кога се случило апсењето. Гершкович може да се…

Read More