Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Регионот работи на создавање високо платени работни места

0
By Соња Крамарска on March 30, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 30, 2023 13:53

Развојот на нашите држави е меѓузависен и само со кооперативност и компетентност можеме да го искористиме целосниот потенцијал на нашиот регион, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“.

„Иницијативата, со своето оригинално име ‘Берлински процес’ која започна во 2014 година, за подоцна да го ребрендира регионот со називот Западен Балкан, е една од најдобрите иницијативи во економска смисла кои му се случиле на овој историски турбулентен дел од Европа. Во тоа време малкумина веруваа дека нешто коренито може да се промени, за сега после скоро една декада сите да бидеме сведоци на промените кои се случуваа во изминатиот период, и несомнено дадоа огромен придонес кон поголема меѓусебна интеграција и соработка не земјите од целиот регион. Кога зборуваме за меѓусебната соработка, сите шест земји од регионот имаат потпишано низа билатерални и мултилатерални договори и иницијативи за слободна трговија со кои меѓусебната трговија помеѓу сите нас се одвива без никакви царински и даночни бариери“, кажа Битиќи.

Според него, еден од можеби најубавите примери од периодот на пандемијата со КОВИД-19 за регионалната соработка е воведувањето на т.н. зелени коридори кои допринеле кон многу побрз проток на стоките преку граничните премини, и минимизирање на периодот на чекање на граница на големите товарни камиони.

„Но тоа не значи дека сме направиле се што е потребно како држави, и потполно сме свесни дека пред нас се крупни чекори, како во намалување или отстранување на преостанатите бариери за уште поинтензивна меѓусебна соработка, така и во создавање на посебна подлога за развој на модерни технологии со кои ќе се креираат нови високо платени работни места. Целиот регион во кој живеат околу 18 милиони жители и кој го има започнато својот пат да стане дел од заедничкиот пазар на ЕУ каде нашите компании ќе имаат можност да ги нудат своите производи и услуги на пазар од околу 500 милиони потрошувачи, се уште е далеку под стандардот на земјите од ЕУ, со БДП по жител на нивото од околу 30% од просекот во ЕУ. За да стигнеме до ЕУ просекот е можно, само преку меѓусебна соработка. Регионалната конкурентност, наспроти регионалната конкуренција е нашата можност, за побрзо надминување на предизвиците во модерните времиња на брзи промени“, истакна Битиќи.

Западен Балкан Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.