Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Џек Ма, основачот на технолошкиот гигант Алибаба, се појави јавно во Кина откако падна во немилост пред повеќе од две години, објави АФП. Тој не се појави во јавност од крајот на 2020 година, кога, по говорот во кој ги нападна кинеските регулатори, Пекинг ја запре планираната првична јавна понуда да ја спои компанијата Alibaba со Ant Group. Компанијата потоа беше казнета со рекордни 2,75 милијарди долари за наводни нефер практики. Во изминатите две години, Ма беше забележан низ целиот свет, вклучително и на шпанскиот остров Мајорка. Тој, наводно, живеел во Јапонија поголемиот дел од 2022 година. Денес, тој го…
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најголем број (31.0 проценти) докторирале во здравството и социјалната заштита, 17.8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10.2 отсто во општествените науки, новинарството и информирањето, 9.1 проценти во уметноста и хуманистичките, а останатите области се со помал процент на застапеност. Лани докторска дисертација одбраниле 99 жени, што е 50.3 проценти од вкупниот број лица што докторирале во 2022 година. „Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25.9 отсто, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита“, наведува ДЗС во објавата. Звање магистер на науки…
Американската банка First Citizens ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите заеми и депозити на банката на Силиконската долина (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. First Citizens ќе ја преземе банката за 72 милијарди долари, минус 16,5 милијарди долари попуст, соопшти Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), пренесе Ројтерс. Во соопштението се наведува дека FDIC ги проценува трошоците настанати како резултат на банкротот на околу 20 милијарди долари, но дека точната сума ќе се утврди подоцна кога ќе заврши стечајната постапка.
Премиерот Димитар Ковачевски, денес, по повод три години членство во НАТО, рече дека е незаменливо чувството да не сме сами. „Да сме во семејството на демократски народи и држави кои функционираат по принципот ‘Еден за сите и сите за еден’, е важно достигнување“, рече тој на традиционалниот НАТО појадок со амбасадорите на земји членки на НАТО, организиран од МНР. На настанот како специјална гостинка присуствуваше и украинската амбасадорка. Ковачевски подвлече дека НАТО е штит на единственото нешто без што ништо друго не е возможно – мирот. „Во услови кога светот, во 21-от век се соочи со целосно неразумна и недозволива…
Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм и денеска организираат едночасовен протест пред Министерството за финансии, со кој ќе изразат незадоволство поради своите месечни примања. Тие одржаа протест и минатата недела на кој упатија апел за покачување на платите. Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот изјави дека платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари. „Го…
Железничкиот и транспортниот синдикат „ЕВГ“ и синдикатот на јавниот сектор „Верди“ денеска ќе излезат на предупредувачки мега штрајк во Германија, а превоз ќе нема како во железничкиот и воздушниот, така и во дел од водниот и копнениот транспорт. Работниците на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метро линиите низ поголемиот дел од најголемата европска економија, од ноќеска на полноќ, го послушаа повикот од синдикатите „Верди“ и „ЕВГ“ и учествуваат во 24-часовниот штрајк. „Верди“ на штрајк ги повика 120 000 вработени, а „ЕВГ“ 230 000 вработени во автобуските компании и железницата. Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само…
Посетата на британскиот крал Чарлс Трети на Франција е одложена на барање на францускиот претседател Емануел Макрон, а одложувањето на патувањето е договорено со сите страни, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор од кабинетот на британскиот премиер Риши Сунак. Претходно, агенцијата Франс прес, повикувајќи се на Елисејската палата, објави дека посетата на британскиот монарх на Франција, планирана за 26 – 29 март, ќе биде одложена поради бранот протести во земјата против зголемувањето на старосната граница за пензионирање. „Оваа одлука е донесена со согласност на сите страни, откако францускиот претседател побара од британската влада да ја одложи посетата“, ја цитира агенцијата…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска остро го осуди насилството што избувна на демонстрациите против реформата на пензискиот систем, но и наведе дека нема да попушти пред насилството. Макрон ова го изјави на прес-конференција во Брисел по самитот на ЕУ. Макрон е под притисок да најде начин за излез од кризата и најлошото улично насилство во Франција во последните неколку години, откако предложи законот за пензија со кој се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, да биде усвоен во парламентот без гласање, објави Ројтерс.
СОЊА КРАМАРСКА „Моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните“, рече синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5 одговарајќи на прашањето дали му прават притисоци за гласање на уставните измени. „Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам ‘да’, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие…
Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од Ковид-19, покажуваат податоците на Евростат. Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во…
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска им изрази сочувство на семејствата на загинатите за време на војните во 1990-тите, вклучително и бомбардирањето на НАТО. Тој рече дека е свесен оти српскиот народ тоа никогаш нема да го заборави, ниту треба да го заборави. „Животот го посветив на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливите проблеми. Во текот на мојата кариера научив дека дипломатијата понекогаш не успева. Кога тоа ќе се случи, резултатите може да бидат трагични. Им изразувам лично сочувство на семејствата на оние кои ги загубија животите за време на војните во 1990-тите, вклучително и како резултат…
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Скопје се сретна со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор. „Дојче веле“ објави фотографии и видео од средбата на која се гледа дека Мицкоски во германската резиденција на средбата пристигнал во друштво на тројца потпретседатели на партијата: Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска-Кочоск, како и пратеникот Антонијо Милошоски кој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика. Бербок денеска е во официјална посета на земјава која за започна со средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Нејзиното доаѓањето е во период кога земјава го спроведува скрининг-процесот со ЕУ…