Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на 3-годишнината од влезот во Алијансата: Членството во НАТО беше вистинска одлука во вистински момент

0
By Соња Крамарска on March 27, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 27, 2023 12:06

Премиерот Димитар Ковачевски, денес, по повод три години членство во НАТО, рече дека е незаменливо чувството да не сме сами. „Да сме во семејството на демократски народи и држави кои функционираат по принципот ‘Еден за сите и сите за еден’, е важно достигнување“, рече тој на традиционалниот НАТО појадок со амбасадорите на земји членки на НАТО, организиран од МНР. На настанот како специјална гостинка присуствуваше и украинската амбасадорка.

Ковачевски подвлече дека НАТО е штит на единственото нешто без што ништо друго не е возможно – мирот.

„Во услови кога светот, во 21-от век се соочи со целосно неразумна и недозволива агресија на Руската Федерација врз една суверена и независна држава – Украина – светлото е вперено кон НАТО. Членството во НАТО е излез од неизвесност и влез во сигурност“, рече тој.

Премиерот нагласи дека во актуелниот геополитички контекст е добро што Северна Македонија е членка на НАТО.

„Со членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, со концептот за еднакво општество дома, со храбрите, но и државнички одлуки со коишто ги заштитивме идентитетските одредници и националниот идентитет, со функционалните политики на дијалог и разбирање, Северна Македонија денес е фактор на стабилноста на Западен Балкан“, порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на економското значење од членството во НАТО тој вели дека странските директни инвестиции лани биле во висина од 753,8 милиони евра, или двојно повеќе во однос на 2016 година. Рече и дека Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила.

„Во технолошко-индустриските развојни зони изминативе неколку години се отворени над 10.000 работни места и тоа добро платени работни места, со просечни плати над платите во јавниот сектор. Јасно е дека странските инвеститори сакаат сигурност“, истакна шефот на Владата.

Околу воените аспекти на членството Ковачевски посочи дека армискиот полигон „Криволак“, како што рече, е место за вежби и на сојузниците во НАТО. Буџетот за одбраната е во постојан раст. Во однос на 2022 година, зголемен е за 24,45 проценти. И земјата остануваме на планот до 2024 буџетот за одбраната да изнесува 2 процента од бруто домашниот производ.

„Членството во НАТО се покажа како вистинска одлука во вистински момент. Ги осигуравме безбедноста и перспективите како успешен, стратешки, патриотски чекор во вистинско време и денешното време е најдобра потврда за тоа“, рече Ковачевски.

Зборувајќи, пак, пред војниците во касарната „Илинден“ тој поача дека 27ми март е денот кога Северна Македонија ја запечати својата безбедносна иднина. „Момент после кој нашата стабилност не може да биде доведена под прашалник од никој. И од таа точка можеме да чекориме само напред, силно и забрзано“.

„Оваа годишнина не е само сеќавање на моментот кога македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, иако сум сигурен дека таа слика ќе остане трајно врежана во нашето сеќавање и секогаш ќе ни предизвикува вакви силни чувства на национална гордост“, истакна Ковачевски. Горди сме со припадниците на Армијата на Северна Македонија кои не претставуваат во сојузничките мисии во Латвија, во Романија, во Бугарија, во мисиите Косово, во Ирак, во Босна и Херцеговина, Либан, Централноафриканската Република, порача тој.

С.К.

 

Димитар Ковачевски касарна „Илинден“ МНР НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.