Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска (21 март) ќе се одржи целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов. Одбележувањето на јубилејот е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а почетокот на настанот е закажан за 9:35 часот. Во рамките на програмата, со која се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на „Златниот венец“ на годинашното, 62. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО. Настанот е…
Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија бега од потпишување на договорот. „Постигнавме јавен договор за анекс кој ќе го води спроведувањето на основниот договор. Другата страна бега од потпишување на договорот…сега со анекс. Останува на Европската унија да најде механизам статусот на овој договор да го направи правно обврзувачки. Што се однесува до Анексот, тој ќе биде објавен на порталот на ЕУ и таму ќе разберете што има, а што нема“, рече Курти.
„По 12 часа разговори ја добивме спогодбата за реализација, односно, Косово и Србија се договорија за анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите. Во рамки на тој анекс страните се обврзаа да ги спроведат сите обврски без одложувања“. Ова го истакна шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по завршувањето на разговорите со лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти. Тој нагласи дека Косово ќе треба да пристапи кон давање „самоуправа за српската заедница“. Борел во својата изјава рече: „Имавме навистина долг ден во Охрид, им благодарам многу на нашите пријатели во Северна Македонија на големото…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по 12 часовната средба со косовскиот премиер Албин Курти, во изјава за медиумите рече дека е задоволен од дијалогот. Тој изјави дека не потпишале договор, но процесот како што посочи не завршува денеска. Вучиќ сепак е задоволен од дијалогот и рече: „Имам трошка на задоволство, а имавме пристоен разговор и покрај бројните несогласувања“. „Денеска требаше да го договориме имплементацискиот план. Договор постигнавме, н ова нема да биде се. Една од клучните точки е дека Европскиот совет на патот на сериозниот процес кој тукушто започна, ќе проценува колку кој сработел од имплементацискиот план. Во тој план ние…
Западните власти се надеваат дека ќе биде постигнат напредок во разговорите со посредство на ЕУ меѓу лидерите на Косово и Србија овој викенд, во нов обид да се намалат децениските тензии меѓу „балканските непријатели“ и да се реши еден од најдолгите спорови во Европа, јави Асопиетед Прес (АП). По повод новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво, АП во текстот насловен „Високи влогови на новите разговори меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ“ наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска се среќаваат во Охрид. Агенцијата наведува дека двајцата привремено се договорија…
„Ќе обезбедиме девет милиони евра поддршка од Европскиот инструмент за мир за надградување на опремата на вооружените сили на Северна Македонија“, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на прес конференцијата по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација. Тој додаде дека е задоволен и благодарен што Северна Македонија покажа јасна и неотповиклива поддршка за надворешната политика на ЕУ и конзистентно хармонизирање со позициите и одлуките на ЕУ, вклучително и за санкциите кон Русија. „Ја цениме и важната помош што Северна Македонија ѝ ја обезбеди на Украина. Северна Македонија…
Борел и Вархеји порачаа дека вратите од ЕУ се отворени и дека нема да се менува преговарачката рамка
„Да се оди нанапред значи да се продолжи со усвојување и имплементирање реформи кои воведуваат европски стандарди и носат конкретни политички и економски поволности. Значи и подобрување на односите со соседите и да се создаат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. По договорот од јули ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека преговарачката рамка ќе се отвори повторно да се преговара“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. На прес-конференцијата со комесарот за проширување, Оливер Вархеји…
„Имаме јасна преговарачка рамка која што е усвоена од страна на сите 27 земји членки на ЕУ. Не постои никаква пречка за одржување на втората меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ и отворање на поглавјата по завршување на скрининг фазата. За прв пат може да се случи да самите себе се блокираме заради неодговорно, неодлучно и нестратешко однесување на опозициските партии во државата“, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји. Тој додаде дека не смее да дозволиме сами да си го блокираме патот кон ЕУ и повика…
Владата на Словачка едногласно одобри донација на 13 борбени авиони МиГ-29 и дел од системот за воздушна одбрана на Украина, соопшти привремениот премиер Едуард Хегер. Тој додаде дека тоа е меѓународен договор. „Словачката влада одобри испраќање 13 авиони МиГ-29 во Украина“, напиша тој на Твитер. Хегер нагласи дека Владата ја донела одлуката во согласност со уставот, бидејќи Владата има надлежност да одобри меѓународен договор. Владата побара од Форин Офисот да процени дали ова е фундаментално прашање на меѓународната политика. Ова го потврдија мнозинството уставни адвокати, објави словачкото издание SME. Тој додаде дека борбените авиони ќе ѝ служат на Украина за…
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во Приштина изјави дека очекува продуктивна средба меѓу премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ утре во Охрид. Ескобар на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи рече дека очекува „да има добри вести“ по сабота. „Очекувам позитивен резултат во Охрид“, изјави Ескобар. Тој додаде дека намерата на САД е да ги поддржат сите резултати кои носат мир во регионот и да ги зајакнат можностите Косово, Србија и регионот да станат полноправни членки на евроатлантската заедница. „Овој европски предлог е извонредна можност за траен мир…
На средбата во Охрид, на која ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, ќе стане збор за финализирање на Анексот за имплементација на Договорот со ЕУ за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, објави пред малку Европската служба за надворешни работи. Средбата во Охрид ја свика високиот претставник Жозеп Борел, а учеството го потврдија и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, се наведува на официјалната веб-страница на ЕУ. Високиот претставник, поддржан од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, најпрво една по друга ќе има одделни билатерални средби со…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Скопје ги пречека и имаше средба со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. На состанокот е разговарано за важноста од следниот исчекор на Северна Македонија во европските интеграции, како прашање од значење за перспективите на нашата држава и за стабилноста на регионот и на Европа. Ковачевски се заблагодари на високите европски претставници, за нивниот придонес, како и на европските партнери, за заедничкиот успех во отворањето на преговорите на Сeверна Македонија со Унијата, лани во јули.…