Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ по средбата со Курти: Не е ден „Д“, не потпишавме ништо, но имам трошка задоволство

0
By Соња Крамарска on March 18, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Од вечерашната изјава на Вучиќ во Охрид
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 18, 2023 23:44

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по 12 часовната средба со косовскиот премиер Албин Курти, во изјава за медиумите рече дека е задоволен од дијалогот. Тој изјави дека не потпишале договор, но процесот како што посочи не завршува денеска.

Вучиќ сепак е задоволен од дијалогот и рече: „Имам трошка на задоволство, а имавме пристоен разговор и покрај бројните несогласувања“.

„Денеска требаше да го договориме имплементацискиот план. Договор постигнавме, н ова нема да биде се. Една од клучните точки е дека Европскиот совет на патот на сериозниот процес кој тукушто започна, ќе проценува колку кој сработел од имплементацискиот план. Во тој план ние примивме на знаење дека тоа независно ќе се цени за секоја страна“, рече српскиот претседател.

„Овие неколку точки кои ги договоривме, тие ќе бидат дел од преговарачкиот рамка за двете страни, како за Белград така и за Приштина. Процесот не завршува денеска, туку денеска почнува. ЕУ ќе процени кој колку направил од имплементацискиот план, кој мора да биде проширен, иако мене нема да ми пречи да остане ваков. За нас е од големо значење тоа што приоритетна обврска е ставено формирање на Заедницата на српски општини и тоа во склад на претходно постигнатите договори во рамка на дијалогот. Морам да кажам дека сум за тоа задоволен“, кажа Вучиќ.

Тој се осврна и на тоа што ќе каже Курти, и додаде: „Уште се говори за исчезнатите лица од Косово, а освен тоа, тој план ќе се надоградува. Албанската страна знам дека и вечерва ќе инсистира и зборува за тоа дека не сум потпишал ништо. Јас сум ставил до знаење, што се нашите црвени линии. Мислам дека ако ништо друго, направивме помрднување на работите во конструктивна атмосфера и ќе почнеме нешто работиме. Не е ден ‘Д’, но беше добар ден“.

„Сепак, ако е можно така да се каже, имам трошка задоволство и наспроти несогласувањата, имавме пристоен и коректен разговор“, заклучи српскиот претседател Александар Вучиќ.

„ЕУ ќе цени дали Приштина формирала Заедница на српски општини и ќе рече, нема напредок, а нас ќе не цени по други прашања и ако не спроведуваме, ќе рече, нема напредок за Србија“, изјави тој.

„Јас утре секоја од точките ќе ја претставам во Србија, а од понеделник ќе разговарам со пратеничките групи за да постигнеме договор дали планот ќе оди преку парламентот, рече Вучиќ.

„Се надевам дека Приштина ќе оди веднаш кон формирање на Заедницата на српски општини, а нашиот напредок кон ЕУ ќе биде ценет и според тоа што сме постигнале во однос на имплементацијата на планот“, изјави тој и додаде дека нема да се меша во тоа какви оценки ќе даде шефот на европската дипломатија Борел.

 

Александар Вучиќ разговори во Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.